Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
СветЗеленски: Украинските сили ослободија над 170 километри квадратни територија кај ДобропиљаУкраинските вооружени сили за време на контраофанзивната операција во реонот на Добропиља ослободија повеќе од 174 квадратни километри територија и нанесоа загуби од речиси 3.200 руски војници.Украинските вооружени сили за време на контраофанзивната операција во реонот на Добропиља ослободија повеќе од 174 квадратни километри територија и нанесоа загуби од речиси 3.200 руски војници, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање. - Разговаравме одделно со военото раководство за оперативната состојба, а главниот командант го поднесе својот извештај. Контраофанзивната операција во Добропиља продолжува, изјави Зеленски, изразувајќи благодарност до единиците што учествуваат во акцијата. Тој наведе дека од почетокот на операцијата украинските сили ослободиле повеќе од 174 км², а уште над 194 км² биле исчистени од руски диверзантски групи. - Руските загуби во оваа операција изнесуваат околу 3.200, од кои најголемиот дел се неповратно загубени, додаде претседателот на Украина. Зеленски информира дека добил и најнови податоци за ситуацијата во Купјанск, во пограничните делови на Харковска област и на границата меѓу Доњецката и Днепропетровската област. - Ситуацијата таму е тешка, но важно е дека нашите сили прават сè за да ги одбранат своите позиции, нагласи тој. Тој ја пофали и украинската единица која со дрон урна руски воен хеликоптер. - Ова достигнување инспирираше многу Украинци, рече тој, упатувајќи посебна благодарност до екипажот на баталјонот за беспилотни системи од 59. одделна јуришна бригада. Зеленски додаде дека е од исклучителна важност украинските производители на дронови и ракети да работат со полн капацитет, бидејќи производствените можности на земјата сè уште не се целосно искористени. Тагови: зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВо изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и ВиницаДадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter