Зеленски: Украина очекува единство од Западот, а Трамп шири руски дезинформации - Канал 5

Зеленски: Украина очекува единство од Западот, а Трамп шири руски дезинформации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си.

Зеленски: Украина очекува единство од Западот, а Трамп шири руски дезинформации

- Не е лесно, но Киев работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.

Зеленски, исто така, нагласи дека нема да дозволи никој да го замени како лидер во моментов, бидејќи неговиот рејтинг останува висок. Според анкета на која се повика, 58 отсто од Украинците имаат доверба во него како претседател.

Украинскиот лидер предупреди дека земјата е изложена на „големи дезинформации“ од Русија и ја поврза со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп. - Со сета почит кон претседателот Трамп... тој живее во тој дезинформациски простор, рече Зеленски.

Оваа изјава доаѓа откако Трамп тврдеше дека Зеленски има рејтинг од само 4 проценти – навод што украинскиот претседател го отфрли како руска дезинформација.

- Имаме докази дека оваа дезинформација се шири од Русија и дека овие бројки се споменуваат во разговорите меѓу Америка и Русија, рече тој.

Зеленски се осврна и на предлогот на Трамп со кој САД би добиле процент од украинските ретки минерали, вклучувајќи литиум и титаниум.

- Го одбив тоа затоа што во првиот нацрт беше наведено дека Украина треба да им даде на САД 50 проценти од сопственоста врз тие ресурси, без никакви безбедносни гаранции, објасни Зеленски.

- Јас ја штитам Украина, не можам да ја распродадам. Не можам да ја распродадам нашата држава, додаде тој.

Според него, трошоците на војната досега достигнале 320 милијарди долари – од кои 120 милијарди ги покриле украинските граѓани преку даноци, а 200 милијарди дошле од САД и ЕУ. Од оваа помош, САД испратиле 67 милијарди долари воено и буџетско финансирање.

Трамп претходно изјави дека САД би сакале еквивалент на 500 милијарди долари од украинските минерали како дел од нивната поддршка, но Зеленски ја отфрли оваа бројка.

- Не е 500 милијарди – тоа не е сериозен разговор, рече тој.

Украинскиот претседател, исто така, реагираше на тврдењата дека 90 проценти од американската помош за Украина доаѓа од САД, нагласувајќи дека „вистината е на друго место“. - Но, ние сме им благодарни за поддршката, додаде тој.

Прес-конференцијата на Зеленски ја откри длабоката разлика во ставовите меѓу него и Трамп, како и ризикот Украина да ја изгуби поддршката од Вашингтон. Некои веќе сметаат дека тоа веќе се случило, посочува Би-Би-Си.

Зеленски ја коментираше и посетата на специјалниот пратеник на Трамп за Украина, Кит Келог, кој утрово пристигна во Киев.

- За мене е многу важно тој самиот да прошета по улиците на Киев и другите градови, за да ја види вистинската ситуација и да се спротивстави на руските дезинформации, рече Зеленски. Тој додаде дека Келог претходно изјавил дека „20-30 отсто од главниот град исчезнале и дека сè е уништено“. - Сакам да види сè со свои очи. И потоа да разговара со луѓето – дали имаат доверба во својот претседател, дали му веруваат на Путин? Нека ги праша што мислат за Трамп и неговите коментари, рече Зеленски.

Тој понуди и да го однесе Келог на првата борбена линија за да разговара со украинските војници.

Експертите истакнуваат дека Трамп сè повеќе се поставува како „посредник меѓу двете страни“, додека претходната администрација на САД беше клучен сојузник на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер