СветЗеленски: Украина останува на понудата да не напаѓа цивилна инфраструктураУкраина останува на својот предлог да не се напаѓа барем цивилната инфраструктура и очекува јасен одговор од Москва, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.Тој истакна дека Русија го отфрли не само американскиот предлог за целосен и безусловен прекин на огнот, туку и вчерашниот предлог - „предлог да продолжат активностите за целта да се постигне мир по Велигден“. -Сето ова уште еднаш демонстрира што Москва навистина сака. Сепак, Украина останва на предлогот барем да не се гаѓа цивилната инфраструктура. И очекуваме јасен одговор од Москва. Ние сме подготвени на секој разговор како тоа да го обезбедиме, рече украинскиот лидер во своето редовно вечерно обраќање до нацијата преку видео порака, пренесена од украински Интерфакс. Според него, прекинот на огнот е првиот, сигурен чекор кон мирот. „Постои очигледен, наједноставен и најсигурен начин, и тоа е: запрете ги ракетните и далекуметните напади со дронови,а тоа автоматски ќе ја гарантира безбедноста на целата цивилна инфраструктура“, додаде Зеленски. Украинскиот претседател напомена дека руските напади продолжиле и денеска долж целата линија на фронтот. „Само до средината на вчерашниот ден имаше речиси 3.000 гранатирања, напади и други удари. Имаше употреба на руските проектили, „Шахеди“ речиси 90 воздушни бомби, употреба на тешко вооружување и дронови. Руските напади продолжуваат на целиот фронт“, рече Зеленски. Тој, исто така, нагласи дека главната задача на украинските претставници на претстојната средба во Лондон, што ќе се одржи оваа недела, е постигнување безусловен прекин на огнот. „Мирот доаѓа во тишина. А само кога владее вистинско примирје и кога луѓето имаат доверба во целиот процес на преговарање, тогаш може да се решат суштинските прашања“, заклучи Зеленски.Тагови: зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК. ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба. За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана. Државна комисија за спречување на корупцијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМалото градско Рено чини 4.900 евра- електричното Твизи го собира секаде(ФОТО)Гужвите, скапото гориво и вечната потрага по паркинг ги тераат многу возачи да размислуваат за алтернативи на класичните автомобили.Ако барате возило кое е направено за градско возење, тешко ќе најдете нешто помало и попрактично од Renault Twizy. Овој електричен двосед привлекува внимание со својот необичен изглед, но неговата најголема предност е во секојдневната употреба. Поради своите компактни димензии, може да се паркира речиси насекаде, дури и на места каде што повеќето автомобили би имале потешкотии да најдат простор. Идеален за град и пократки растојанија Рено Твизи достигнува максимална брзина од 85 км/ч, што го прави погоден не само за градско возење, туку и за пократки приградски рути. Може да помине до 70 километри со едно полнење, а батеријата е заменета пред три години. Полнењето е едноставно и не бара посебна инфраструктура. Батеријата може да се полни за приближно два и пол часа со помош на домашен Schuko приклучок, а може да се полни и на градски станици за полнење од тип 2. Опремен за секојдневно возење Копијата што се продава е правилно сервисирана и е во многу добра состојба. Опремена е со греење на седиштето и шофершајбната, дополнителни зимски стакла за дожд и Bluetooth звучници. Со почетна цена од 4.900 евра, нуди сè што ви е потребно за практично и економично возење во град. Возилото доаѓа и со дополнително купени зимски стакла за дожд, како и Bluetooth звучници. Twizy има и мал простор за багаж, а дополнителното задно седиште овозможува превоз на уште едно лице. Голема предност - бесплатен паркинг Една од најголемите предности на ова електрично возило е ниската цена на користење. Благодарение на категоријата мопед, можно е бесплатно да се паркира во градот, што може да донесе значителни заштеди за возачите кои го користат автомобилот секој ден. Додадете на тоа минимални трошоци за електрична енергија и лесно паркирање, и јасно е зошто Twizy е интересен избор за оние кои го поминуваат поголемиот дел од времето во урбани средини.Тагови: Рено Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија со реакција на првата заедничка војна вежба на Србија и НАТО Русија денеска го обвини НАТО дека се обвива околу Србија „како удав“, посочувајќи ја заедничката воена вежба што се одржува таму како обид за потчинување на земјата. Москва тврди дека Алијансата сака да ја преземе контролата врз Балканот и да ја одвои Србија од Русија. Воена вежба во Србија Станува збор за годишната вежба „Платински волк“, која започна на 1 јуни со поддршка на Европската команда на САД. Според Србија, целта на вежбата е размена на најдобри практики и „подобрување на способностите и меѓусебното разбирање“ на земјите учеснички, вклучувајќи осум членки на НАТО. Коментирајќи ја вежбата, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, употреби живописна споредба. „Како боа констрикторите, тие ја опкружуваат Србија со спирали на нивната љубов“, изјави Захарова за новинарите. Контекст на врската Русија и Србија традиционално негуваат блиски односи, кои имаат и историска димензија. Во 1999 година, за време на војната во Косово, Србија беше цел на бомбардирањето на НАТО, што е сè уште важен дел од колективната меморија.Тагови: НАТО русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22