Зеленски: Украина е подготвена за членство во ЕУ, но ѝ треба моќно оружје да ги победи Русите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека руската инвазија има цел „да ја разбие Украина и да ја пробие цела Европа преку Украина“.

За време на заедничката прес-конференција во Киев со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и романскиот претседател Клаус Јоханис, Зеленски им рече на своите колеги дека рускиот напад врз Украина е еднаков на напад врз цела Европа.

„Русија сака да покаже дека обединета Европа не е во состојба да биде ефикасна и дека европските вредности не функционираат за заштита на слободата. Можеме и треба да го скршиме ова сценарио и да им докажеме дека Европа ќе продолжи да биде слободна, демократска и обединета. " рече украинскиот претседател.

Зеленски рече дека најдобриот начин да се демонстрира „нашата заедничка и силна позиција“ е да се поддржи украинската интеграција во Европската унија, додавајќи дека статусот на Украина како кандидат за членство во ЕУ „може историски да ја засили слободата во Европа и да стане една од клучните европски одлуки на првата третина од 21 век“.

Зеленски рече дека Украина е подготвена да работи за да стане полноправна членка на ЕУ.

„Ние разбираме дека патот кон Европската унија е навистина пат и не е еден чекор. Но, овој пат мора да започне и ние сме подготвени да работиме за нашата држава да се трансформира во полноправна членка на Европската унија, Украинците веќе го заслужија правото да тргнат по овој пат“, рече тој.

Украинскиот претседател ги повика лидерите на ЕУ да ѝ дадат на неговата земја брзо членство во блокот преку скратена процедура за да се спротивстави на руската агресија.

Зеленски рече дека вкупниот број руски ракети употребени против цивилното население во Украина „веќе достигна 3.000 овој месец“, додавајќи дека колку побрзо Украина добие помоќно оружје од Запад, толку побрзо ќе може да ги прекине руските напади.

„Секоја серија на такви залихи е еднаква на спасени Украинци. И секој ден на одложување на одлуките е шанса за руската војска да убие Украинци или шанса да ги уништи нашите градови. Има директна врска: Колку помоќно оружје добиваме, побрзо можеме да го ослободиме нашиот народ и да ја ослободиме нашата земја“, рече Зеленски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер