СветЗеленски: Трамп одлучи да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети „Патриот“Претседателот Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп одлучил да ѝ додели на Украина лиценци за производство на ракети за системите за противвоздушна одбрана „Патриот“. Зеленски рече дека Трамп лично му го потврдил тоа за време на нивната средба во Њујорк. „Постојат конкретни договори. На нашата последна средба, претседателот Трамп ми потврди: 'Да, ја донесов конечната одлука. Украина ќе добие лиценци за производство на ракети 'Патриот''“, им рече Зеленски на новинарите, како што пренесе „Украинска правда“. По изјавата на украинскиот претседател, американскиот Стејт департмент соопшти дека САД сѐ уште немаат донесено конечна одлука за доделување лиценци на Украина. На 31 јули, коментирајќи ја таа можност, самиот Трамп изјави дека САД „мора да бидат многу внимателни“ во врска со ова прашање. Зеленски претходно изјави дека Украина постигнала договор за испорака на серија ракети за системите „Патриот“, што е прашање одвоено од прашањето за лиценците за производство.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесето обвинение за Мерко: Поднесен нов обвинителен акт за уривање на куќата на Владо МалескиНово десето обвинение против поранешниот струшки градоначалник Рамиз Мерко. Обвинителството во Струга поднесе обвинителен акт со кој освен него, опфатени се уште пет лица, за оштетување на куќата на Владо Малески во октомври лани која е заштитено културно наследство. Мерко како тогашен градоначалник донел одобрение за градење со кое на инвеститорот му дозволил, покрај приземје и кат, да изгради и подрум, со што биле прекршени условите утврдени од Управата за заштита на културното наследство. Првообвинет е управител на градежна фирма од Велешта кој како инвеститор и изведувач бил задолжен со решение од Управата за заштита на културното наследство да изготви идеен проект со строго утврден начин за уривање. -Иако бил задолжен, тој изготвил само основен проект без утврден начин за уривање на стариот објект, а по уривањето на истата парцела започнал изведба на нов објект со подрум, приземје и кат. Копајќи за подрумските простории на новиот објект, обвинетиот извршил широк ископ со багер, со што го поткопал заедничкиот преграден ѕид меѓу двата објекти, што довело до дестабилизација и уривање и на куќата под заштита како културно наследство.-ОЈО Струга. Градежен инжинер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга се обвинети дека го изготвиле и одобриле одобрението за градење, без да биде приложен и идеен проект за уривање на претходниот објект на парцелата, со што му помогнале на инвеститорот да го изврши кривичното дело. Со обвинението е опфатена и архитектката – конзерватор во Заводот за заштита на културното наследство и музеј – Охрид. Сите се товарат за кривично дело -Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Од предметите против поранешниот струшки градоначалник за шест се водат судски постапки а некои добија и судска завршница. Во јуни 2025 година Мерко беше осуден на парична казна од 10 илјади евра за незаконско назначување директори, а на 21 септември годинава беше казнет со уште 5 илјади евра за незаконско поставување спомен-плоча на општинската зграда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче одбива оставка: Барањата на иницијативата се нечесни и се обид за пуч Филипче нема да отстапи од барањата на Платформата, оставка вели, нема да поднесе но е подготвен за средба со нив..Лидерот на СДСМ цени дека намерите на актуелните и поранешни сопартијци биле нечесни и дека станувало збор за пуч Имам легитимен мандат, со секој од нив сме имале поединечни средби, имале и можност да се кандидираат на партиски функции, вели Филипче. Тој адресира сериозни обвинувања кон дел од членовите на иницијативата 12 и 5, во очи нивниот утрешен собир од кој како што најавија ќе објават конкретни чекори за спас на СДСМ и смени на раководството. Членовите на платформата најавија дека планот прво ке му го презентираат на Филипче , со оглед на како што ценат неможноста на актуелното раководство да ја обедини партијата ниту пак да создаде победнички СДСМ наспроти актелната власт на ВМРО-ДПМНЕ за која исто така сметаат дека покажала еден од најслабитре резулатти на една владеачка гарнитура досега.. Ќуркчиев пак во мегувреме очекува Филипче да ги демантира и јавно да се извини во однос на како што вели тој злонамерните невистини, во спротивно најавува тужба против него.. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од СкопјеОстава ли простор Софија за вклучување на европски посредник во дијалогот со Македонија. Бугарија била и останува отворена за конструктивен дијалог, но под веќе утврдените процедури. Бугарското МНР, со внимателно обликуван дипломатски јазик, одговара на повикот на шефот на дипломатијата Муцунски во сите идни разговори со Бугарија да биде присутна Европската Унија или земја членка. Очекуваме Македонија да ги исполни обрските и да ги започне потребните промени, се вели во писменото соопштение на бугарското МНР. -Процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции и во согласност со утврдените правила и процедури. Бугарија отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог. Гледаме дека голем број земји-кандидатки постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите обврски, вклучително и во услови на комплицирана безбедносна средина. За политичкиот аналитичар Марко Трошановски, во пораката на Софија нема значително поместување од позициите, но влева оптимизам дека работите можат да се поместат од мртва точка. -Мислам дека е доволно општа да остави простор за резерва околу медиумиските интерпретации дека Бугарија се огласил на европска медијција, но и доволно неконкретна за биде ветувачка дека можеби ќе се остави креативен простор за подобрување на односите со присуство на еу или одредена земја членка., вели Марко Трошановски, политички аналитичар. Иницијативата на Македонија за посредство на Брисел не е нова, но се интензивира во момент кога се очекува да биде објавена новата стратегија за проширување од страна на Европската Комисија, која според Трошановски, може да даде дополнителен импулс ако подиректно се вклучи за надминување на разликите со Софија. -Мислам и те како дека треба Комисијата да е присутна. Многу ќе биде поволно за подобрување на климата ако ЕК изнајде начин или даде зелено светло на директно присуство на нејзини претставници во односите меѓу двете земји. , вели Трошановски. Кој е ставот на Брисел ќе биде појасно следниот петок, кога во посета на Скопје доаѓа шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дел Лајен во рамките на балканската турнеја. Како што денеска соопшти Комисијата, таа ќе се сретне со претсеателката Сиљановска и со премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook