3Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари
ЕвропаЗеленски со предупредување: Пакетот помош од 90 милијарди евра за Украина и натаму е блокиранУкраинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека следната недела ќе биде посветена на соработка со европските партнери за да се осигури дека решенијата потребни за заштита на Украина всушност функционираат.Зеленски нагласи дека не е постигнат напредок во врска со 20-от пакет санкции на ЕУ против Русија поради војната. Исто така, нема напредок во врска со пакетот помош од 90 милијарди евра за Украина. „И иако Европа признава дека ова е од витално значење за нас, пакетот сè уште е блокиран“, рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува Укринформ. Тој рече дека разговарал за ова прашање со францускиот претседател Емануел Макрон. Шефовите на државите разговараа и за потребата на Украина од 24-часовна заштита од руски напади. „Ова бара стабилност, поддршка - спроведување на сите договори што се постигнати и сè уште во голема мера се во исчекување. Ви благодарам Емануел, благодарам на другите лидери кои се свесни за целосното ниво на опасност и не си играат со судбините на луѓето“, рече Зеленски. Украинската агенција објави дека Зеленски денес разговарал со францускиот претседател за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток.Тагови: Володимир Зеленски украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно и врнежливо за време на продолжениот викендВремето во наредните три дена ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во деновите по викендот времето се стабилизира, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 13 Попова Шапка, 16 Крушево, Маврови Анови, 19 Претор, 20 Берово, Тетово, Крива Паланка, 21 Демир Капија, Струмица, 22 Зајчев Рид, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Штип, 23 Прилеп, Битола, Виница, Велес, Скопје Петровец. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 5 Струмица. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно наместа со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот, и во текот на ноќта наместа ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно, во утринските часови со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во сабота времето ќе биде стабилно, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговориМакедонија одамна ги исполнила условите за ЕУ, но преговорите се блокирани поради вештачки причини. Ова го порача премиерот Мицкоски пред почетокот на самитот на Берлинскиот процес кој се оджува во Црна Гора. Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора ги исполнил очекувањата на македонската страна. Од европските лидери биле испратени силни пораки за забрзана интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на состанокот. Тој порача дека Македонија ги исполнува преземените обврски и очекува реформскиот напредок конечно да биде валоризиран со почеток на вистинските преговори за членство. „Она коешто за нас како држава претставува важно е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија, дека сме многу напред во испораката кога станува збор за реформската агенда... И очекувам сето ова за коешто зборувам да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да отпочнеме со процесот на преговори.“ Но, уставните измени остануваат главната пречка на европскиот пат. Мицкоски повтори дека Владата нема да отстапи од македонските национални интереси и побара најпрво со Бугарија да се постигне договор за Акцискиот план за малцинства, кој би бил прифатлив за сите 27 земји членки на Унијата. „Ајде ние со таа земја членка да седнеме и да договориме, да видиме, да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како влада да го испорачаме.“ Членството на Црна Гора во ЕУ е реална и достижна цел, порача на отворањето на самитот претходно германскиот канцелар Фридрих Мерц и нагласи дека реформите и регионалната соработка се клучни за европската интеграција на Западен Балкан. -Многу сум среќен што денес имаме можност, и формат за разговор за понатамошен напредок кон ЕУ, да разговараме за европската интеграција преку т.н. Берлински формат. Основан пред многу години на иницијатива на германската федерална влада. Се среќаваме денес во Црна Гора за да го продолжиме процесот. Заедно да разговараме за понатамошниот напредок во соработка меѓу земјите кандидати од Западен Балкан и ЕУ. Европската интеграција на Западен Балкан влегува во важна фаза порача Еврокомесарката Марта Кос каде испрати пораки до земјите кандидати, но не ја спомена Македонија. Освен европската интеграција, на самитот се разговарало и за безбедносните и економските предизвици. Македонскиот премиер предупреди дека светот живее во атмосфера на, како што рече, тивка Трета светска војна. Според информациите што ги пренеле високи европски претставници, следните две години ќе бидат исклучително тешки поради енергетската криза, војната во Украина и растечките немири во повеќе европски земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаСтојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денариСо вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари, социјалните и здравствените обврски имаат приоритет.Денес не расправаме само за уште една измена на буџетските табели. Не расправаме за тоа каде има плус, а каде има минус. Расправаме за тоа како една држава носи одлуки кога економските околности се менуваат, кога меѓународните пазари се неизвесни и кога обврските кон граѓаните мора да се исполнуваат секој ден. Вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година има една јасна суштина: да ги усогласиме приходите и расходите, да го задржиме веќе планираниот дефицит и да обезбедиме средства таму каде што обврската на државата е непосредна — кај пензионерите, семејствата, социјално ранливите граѓани и здравствената заштита. Истовремено, да ја продолжиме работата на инфраструктурата и да не трошиме средства само за да покажеме висок процент на хартија. Да почнеме од прашањето што секој граѓанин би можел да си го постави: зошто втор ребаланс за една година? Кога беше подготвуван претходниот ребаланс, меѓународните движења изгледаа поинаку. Геополитичката неизвесност, конфликтите и цените на енергенсите дополнително го усложнија економското опкружување. Државата реагираше со мерки за намалување на акцизното оптоварување на бензините и дизелот, со цел да го ублажи ценовниот удар врз домаќинствата и стопанството. Таа одлука има своја цена во буџетската каса. Но има и своја цел: граѓанинот и компанијата да не го понесат целиот товар од меѓународниот шок. Ова е важно и да се каже поради една едноставна вистина: Македонија не може да ја одредува светската цена на нафтата, но може да одлучи како ќе реагира кога таа цена ќе го погоди секое семејство. Пониската акциза не е бесплатна мерка за државниот Буџет. Таа го намалува просторот за другите расходи. Токму затоа мора да биде придружена со реална приходна проекција и внимателен избор на приоритетите. Државата не може да го укине надворешниот ризик, но може да не го префрли целиот товар без реакција врз своите граѓани. Одговорната политика не значи да се правиме дека ништо не се сменило. Одговорната политика значи навреме да ја смениме пресметката, без да ја изгубиме насоката. Буџетот не е догма. Буџетот е инструмент за управување со реалноста. Сега малку бројки. Вкупните приходи се проектираат на 374,2 милијарди денари, односно околу 5,3 милијарди денари помалку од претходниот ребаланс. За ист износ се намалуваат и планираните расходи, на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува 46,3 милијарди денари односно 4,1 процент од проектираниот БДП. Да бидеме прецизни. Велиме дека дефицитот не се зголемува во однос на јулскиот ребаланс. Тој е повисок од првично планираниот со Буџетот за 2026 година и тоа не го криеме. Но со овој, втор ребаланс, и покрај надолната корекција на приходите, не додаваме ново зголемување на веќе утврдениот дефицит. Токму тука се гледа логиката на приспособувањето. Некој можеби ќе праша: ако се намалува приходниот план, дали тоа значи дека економијата запира? Не. Ајде да ја видиме реализацијата, настрана од политичките впечатоци. За првите девет месеци од годината остварени се 261,1 милијарда денари приходи и 300,8 милијарди денари расходи. Даночните приходи изнесуваат 150,2 милијарди денари. Од ДДВ се наплатени 67,5 милијарди; од данок на личен доход 26,7 милијарди; од данок на добивка 20,1 милијарда денари – без исклучок скоро секаде наплатата е двоцифрена бројка повисока од претходната година. Социјалните придонеси достигнуваат 89,7 милијарди денари, со годишен раст од 8,4 проценти. Ова укажува дека има економска активност и дека постои соодветно добро квалитетна наплата. Но има и категории, како акцизите, кај кои што годишната проекција мора да биде намалена. Акцизните приходи во новиот план се коригираат од 34,2 милијарди денари на 30,4 милијарди денари. Тоа е разлика од 3,8 милијарди и причината се интервентните мерки кај горивата. Истовремено се коригираат и неданочните приходи и донациите. Одговорно е да се признае и да се вгради во Буџетот, наместо да се брани бројка за која повеќе можеби и нема доволна основа. Важен е и податокот за септември. Според деветмесечната реализација, дефицитот изнесува 39,7 милијарди денари. И една многу клучна информација, во однос на состојбата до август, тоа е дополнително зголемување од околу 1,5 милијарди во септември — многу помалку од просечниот месечен дефицит во првите осум месеци. Тоа е охрабрувачки сигнал за месечната динамика, но и обврска внимателно да се управува до крајот на годината. Почитувани, Ниту еден ребаланс не може сериозно да се оцени ако ја игнорираме економијата којашто стои зад него. Во првиот квартал реалниот БДП растеше 3,1 процент. Во вториот — 4,3 проценти. За целото прво полугодие растот изнесува 3,7 проценти што е над годишната проекција од 3,5 проценти. Градежништвото во првото полугодие бележи раст од 15,1 процент, а нискоградбата дури 34,7 проценти. Бруто-инвестициите растат за 9,3 проценти. Услугите растат 3 проценти, индустријата просек 1,6 проценти. Тоа не значи дека сите сектори растат подеднакво, но значи дека економијата има реална активност, особено таму каде што се гради и се инвестира. Просечната нето-плата во периодот јануари–јули бележи номинален раст од 7,5 проценти. Во вториот квартал бројот на вработени е поголем за над седум илјади споредено со истиот квартал претходната година. Просечната инфлација за деветте месеци е 3,6 проценти, а годишната проекција е ревидирана надолу за 3,8 проценти. Не велам дека ценовните притисоци исчезнале. Велам дека политиките мора да одговорат на нив со конкретни и одмерени одлуки. Дополнителен показател се и странските директни инвестиции. Во првото полугодие, според детална анализа, тие изнесуваат 279,1 милион евра и бележат раст од 52,3 проценти споредено со овој период минатата година. Не смееме да ја мешаме моменталната економска динамика со автоматската гаранција за идниот раст. Затоа Буџетот мора да биде и социјално одговорен, но и развојно ориентиран. А сега доаѓаме до прашањето што е за мене најважно: што добиваат граѓаните од оваа прераспределба односно од овој ребаланс? Социјалните трансфери се зголемуваат за околу 3,65 милијарди денари и достигнуваат 212 милијарди денари. Од тоа, за социјални надоместоци се обезбедуваат дополнителни 1,44 милијарди, за пензии дополнителни 1,34 милијарди денари, а за здравствена заштита приближно 887 милиони денари. Тоа не се апстрактни ставки. Зад нив стојат луѓе, семејства и обврски коишто не може да чекаат подобра година или понормална, би кажал, во овие услови економија. Пензијата не е милостина. Таа е право. Здравствената заштита не е ставка што може да се остави за утре. Таа е потреба што постои денес и токму затоа социјалните и здравствените обврски имаат приоритет. Буџетот на Министерството за социјална политика, демографија и млади се зголемува за околу две милијарди денари. Во материјалите и во средствата коишто се издвојуваат постојат дополнителни средства за ранливите категории, за социјалната помош, народните кујни и социјалните услуги. Ова се конкретните потреби на луѓето, а не декоративни формулации во образложение на еден закон. И тука сакам да нагласам: социјалната политика не се мери само по висината на средствата. Таа се мери и дали помошта стигнува до оние на коишто им е најпотребна, дали услугите се достапни, дали исплатите се навремени. Ако на едно семејство му доцни надоместокот, ништо не му значи колку убава е табелата. Затоа се обидуваме и затоа до сега никој издаток или никоја обврска на државата не е задоцнета и континуирано ги зголемуваме. И токму затоа и толку се бориме и толку работиме на подобрувањето на условите за животот на граѓаните. За земјоделците се предвидува дополнителна поддршка, вклучително и 150 милиони денари во Интервентниот фонд за производителите на ориз. За производителите на јаболка се предвидува поддршка од постојните средства. И тука пораката треба да биде јасна: поддршката мора да стигне навреме, затоа што земјоделцитте и земјоделскиот циклус не ги чекаат нашите седници. Почитувани колеги, Знам кое ќе биде следното прашање во дискусијата- капиталните инвестиции. Ајде да зборуваме отворено и за нив. Со овој предлог капиталните расходи се намалуваат за околу 5,7 милијарди денари во однос на претходниот ребаланс и се планираат на 40,12 милијарди денари. Тоа е факт. Но исто така е факт дека новата рамка е практично на нивото на првично усвоениот Буџет за 2026 година и е значително повисока од првичниот капитален план за 2025 година односно рекордно ниво на одвоени средства за реализација на капитални инвестиции. Што е уште поважно, до септември капиталните расходи достигнуваат 25,3 милијарди денари, што е за 23,9 проценти повеќе од истиот период претходната година. За Коридорите 8 и 10-д се издвоени 6,3 милијарди денари, а за инфраструктурните проекти во општините 3,6 милијарди, и ова е реализација, не е само најава. До крајот на годината, за целосната реализација на новиот капитален план, преостануваат уште 14,8 милијарди денари. Тоа не е мала задача за последните три месеци, затоа оваа бројка треба да се операционализира. И фер е, и коректно е да објасниме зошто и од каде се кратат тие 5,7 милијарди денари. Кога ќе видите таму имате проекти коишто или се во фаза на реализација или заради неуспешната тендерска постапка којашто не може да се стигне до крајот на годината тие средства се трансферирани за наредната година. Таму кадешто ќе видите кратење од Министерството за енергетика, треба да знаете дека тие не се средства коишто се кратат од реализација на проект туку се средства од коишто оваа Влада со преговори успеала да издејствува дека нема да го плати гасот што нема да го троши односно ќе го плати само она коешто ќе го потроши наместо она коешто претходно било договорено дека ќе го плати и тоа коешто нема да го потроши. Затоа овие средства се кратат и мислам дека треба реални да бидеме. Патните проекти на Коридорите 8 и 10-д, автопатот Скопје–Блаце и локалната патна инфраструктура остануваат дел од развојните приоритети. Продолжува финансирањето на железничката инфраструктура, меѓу другото и на источниот дел од Коридорот 8, пругата кон Бугарија. За железничка развојна потпрограма, и покрај прераспределбата помеѓу изворите, се планира нето-зголемување од 281 милион денари. Ќе завршат со реализацијата, како што и ќе почнат да се градат нови водоводи, канализации, пречистителни станици, регионални системи за управување со отпад, училишта, студентски домови, детски градинки, здравствена и земјоделска инфраструктура. Тие проекти имаат различна динамика и не треба да ги претставуваме како веќе завршени. Нашата должност е секој од нив да има јасен рок, одговорна институција и видлив резултат. Да не заборавиме нешто и што директно го чувствуваат општините: тековните дотации кон локалната самоуправа остануваат на околу 35,8 милијарди денари. Во септември се трансферирани средствата за блок-дотациите и наменските дотации, како и средствата коишто се одвојуваат од општините по Законот за ДДВ. Ова е предвидливост за локалните услуги, додека капиталните проекти продолжуваат според својата динамика, којашто може да се види и е видливо на терен. Некој ќе рече дека социјалните расходи се зголемуваат, а капиталните се намалуваат, можеби и тоа е точно. Тоа е структурата на овој ребаланс. Но економската политика не е натпревар на тоа кој ќе ја изговори најголемата капитална бројка. Економската политика е умешност во конкретен момент на ваква криза да ги усогласиш потребите, можностите и роковите. Подобро е реална планираност со јасна одговорност отколку висока ставка која ќе остане неискористена — под услов проектот да не се заборави и одложувањето да има јасно објаснување. Граѓаните знаат и веруваат во нас дека ќе го оствариме секое ветување. Не постои педа во Македонија каде што во моментов нема започнат некој проект. Па ние сме држава во којашто во еден момент, каде како што никаде во Европа не е случај, се градат однеднаш шест нови автопати. Сакам да бидам јасен и за јавниот долг. Планираните годишни одливи за сервисирање и други финансиски обврски изнесуваат околу 76,6 милијарди денари. До септември, според доставениот деветмесечен просек, се исплатени околу 64,6 милијарди денари главница. Обврските на државата мора да се исполнуваат навреме. Иако сите долгови досега, коишто ние ги враќаме, се земени во некое друго, претходно време. Истовремено, долгот и дефицитот бараат дисциплина, не смееме да ја замениме одговорноста со купен мир, кој секогаш ќе биде наплатен- кога тогаш. Како што ние го плаќаме денеска, за некое друго, претходно време. Тука доаѓаме и до поширокото прашање: што значи фискалната дисциплина? Не значи да кажеш дека сите расходи се совршени. Не значи да ги затвориш очите пред реализацијата. Фискална дисциплина значи да ги покажеш промените, да ги корегираш проекциите, да ги финансираш обврските и да објасниш зошто си избрал една ставка пред друга. Фискалниот совет, според анализата што ја имаме, предупредува на ограничен простор, висок дефицит и потреба од подобра капитална реализација и таквите забелешки на крајот од денот, и треба да се слушнат. Сериозна економска политика не се плаши од проверка. Таа одговара со податоци, рокови и резултати. Токму затоа ќе биде важно внимателно да ја следиме реализацијата до 31 декември. Нормално е во оваа сала да има различни политички оценки. Нормално е да се поставуваат прашања за капиталните кратења, јавниот долг и за дефицитот. Но сериозна опозиција и уште посериозно мнозинство имаат една заедничка обврска: да користат исти споредбени основи. Ако се споредува вториот ребаланс со јулскиот, тоа мора да се каже. Ако се споредува со првичниот Буџет, и тоа мора да се каже. Не може денес да се цитира една бројка, а утре да се цитира друга бројка, а од двете да се создава заклучок којшто не произлегува од фактите. Граѓаните заслужуваат многу повеќе од таква расправа. Почитувани, Овој втор ребаланс не треба да го оценуваме со речникот на првиот. Тогаш зборувавме за зголемување на капиталната рамка. Денес зборуваме за нејзиното усогласување со изведбата, за задржување на дефицитот и за дополнителни социјални обврски. Околностите се многу различни. Но принципот мора да биде ист: јавните пари да бидат планирани реално и користени во интерес на граѓаните. Што, на крајот, добиваат граѓаните е крунското прашање. Поголема сигурност за исплатите коишто ги очекуваат. Дополнителни средства за здравствена заштита. Поддршка за ранливите семејства, продолжување на патните, железничките и комуналните проекти. И обврска институциите појасно да одговараат за роковите и реализацијата. Не ветуваме дека со еден ребаланс ќе исчезнат сите економски проблеми. Не тврдиме дека секоја ставка е идеална. Но веруваме дека кога условите се менуваат, најлош одговор е да останеме заробени во старата пресметка. Подобриот одговор е да ја приспособиме, да ги заштитиме најважните обврски и да ја задржиме контролата врз јавните финансии. Затоа мојот, а и ставот на моите колеги од мнозинството е јасен. Ние ќе го поддржиме вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Не само заради тоа што само по себе бројките се политичка победа. Туку затоа што зад нив стои определба државата да реагира навреме, обврските кон граѓаните да не застанат и развојните проекти да продолжат со реални, проверливи рокови. Но и заради тоа што сакаме да покажеме благодарност кон еден тим на луѓе којшто е предводен од министерката Кочоска, дека може со екстра напор дури и во вакви никакви услови да се вади максимум и ниту еден граѓанин да не почувствува дека е оштетен. Нашата задача не е да победиме во расправата со најгласна реченица. Нашата задача е да испорачаме резултат, прво за граѓаните, второ за економијата, и на крај за Република Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter