Словачка ги прекина вонредните испораки на струја за Украина- Фицо го предупреди Зеленски - Канал 5

Словачка ги прекина вонредните испораки на струја за Украина- Фицо го предупреди Зеленски

Словачката влада денес, на предлог на премиерот Роберт Фицо, одлучи државната компанија СЕПС да го раскине договорот со компанијата Укренерго за итни испораки на електрична енергија за Украина.

Словачка ги прекина вонредните испораки на струја за Украина- Фицо го предупреди Зеленски

Словачката влада денес, на предлог на премиерот Роберт Фицо, одлучи државната компанија СЕПС да го раскине договорот со компанијата Укренерго за итни испораки на електрична енергија за Украина, додека Фицо во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Киев не треба да го тестира трпението на Братислава.

Генералниот директор на СЕПС, Мартин Магат, изјави дека од моментот на објавувањето, СЕПС повеќе не обезбедува итна помош за Украина, објавува порталот на телевизиската станица Та3.

Магат објасни дека станува збор за електрична енергија што се користи за стабилизирање на украинскиот електроенергетски систем во критични моменти, а не за секојдневни потреби како што се осветлување, греење или готвење.

Тој нагласи дека вообичаената трговија со електрична енергија меѓу Словачка и Украина останува непроменета и дека земјата нема да изгуби пари.

Последните итни испораки на електрична енергија од Словачка беа испратени во Украина уште во јануари 2026 година.

Магат потврди дека во меѓувреме, Украина побарала нови итни испораки на електрична енергија, но не ги добила.

Тој нагласи дека одлуката не зависи од неговиот личен став, туку од одлуката на целата словачка влада.

Премиерот Фицо изјави дека украинскиот претседател Зеленски погрешно верува дека војната во Украина е и војна на Словачка.

Според неговите зборови, Фицо во телефонски разговор со Зеленски рекол дека не разбира зошто украинскиот претседател го тестира трпението на официјална Братислава и зошто мисли дека Словачка ќе ги прифати сите негови барања на неодредено време.

Прекинот на итното снабдување со електрична енергија претставува ескалација на спорот околу прекинот на снабдувањето со енергија преку нафтоводот Дружба до Словачка.

Словачкиот премиер Фицо и унгарскиот премиер Виктор Орбан тврдат дека нафтоводот е функционален и дека Украина ги одложува испораките од политички причини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. 

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. 

Царинска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите

Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД.

Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја.

Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 05.10 до 11.10.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 135 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 135 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП ПОЦ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер