Зеленски се подготвува за нова рунда преговори во Берлин: Постои шанса - Канал 5

Зеленски се подготвува за нова рунда преговори во Берлин: Постои шанса

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека постои можност за постигнување договор за прекин на конфликтот .

Зеленски се подготвува за нова рунда преговори во Берлин: Постои шанса

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека постои можност за постигнување договор за прекин на конфликтот и потврди дека тој и претставниците на неговиот кабинет се подготвуваат за претстојните состаноци со претставници на САД и Европската Унија во Берлин.

„Секретарот Умеров и нашиот преговарачки тим ќе одржат брифинг за контактите што веќе се остварени. Генералот Хнатов и претставниците на украинските одбранбени и безбедносни сектори ќе работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина и Украинците. Во исто време, претставници на украинската влада продолжуваат со разговорите со САД и ЕУ за вистинско закрепнување и вистински развој на Украина по војната“, објави украинскиот претседател денес на својот Телеграм канал.

Зеленски објави дека најважно е што ќе се сретне со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Но, ќе има и средби со нашите европски партнери, со многу лидери, во врска со темелите на мирот - политички договор за прекин на војната. Можноста е значајна во овој момент и е важна за секој од нашите градови, за секоја од нашите украински заедници. Работиме на тоа да обезбедиме мир за Украина да биде достоинствен и да обезбедиме гаранција, пред сè, дека Русија нема да се врати во Украина со трета инвазија“, се вели во соопштението на Зеленски. Украинскиот претседател им се заблагодари на сите партнери кои помагаат и рече дека „овие денови во Берлин ќе работиме активно и конструктивно со секој што навистина може да донесе нормални услови за мировен договор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер