Зеленски се огласи, откако Сенатот на САД одобри 60 милијарди долари за Украина, но...

Американскиот Сенат, во кој доминираат демократите, усвои пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, во услови на неизвесност околу судбината на законот во Претставничкиот дом, кој е под контрола на републиканците.

Мерката е одобрена со 70 гласа „за“ и 29 „против“, со што беше надминат прагот од 60 гласа потребни за усвојување на законот во Сенатот од сто сенатори. Дваесет и двајца републиканци му се придружија на демократското мнозинство во поддршката на законот, кој беше испратен до Претставничкиот дом.

„Поминаа години, можеби децении, откако Сенатот усвои предлог-закон кој толку длабоко влијае не само на нашата национална безбедност, не само на безбедноста на нашите сојузници, туку и на безбедноста на западната демократија“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.

Гласањето во Сенатот се одржа непосредно пред зори, откако осум републикански противници, кои жестоко се противат на помошта за Украина, одржаа маратонски говори во текот на ноќта која траеше повеќе од шест часа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека им е „благодарен“ на американските сенатори.

Американскиот претседател Џо Бајден со месеци бараше од Конгресот да ја забрза одлуката за испраќање нова помош за Украина и американските партнери во Индо-Пацификот, вклучително и Тајван.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, тој побара средства за сојузникот на Америка - Израел, како и хуманитарна помош за Палестинците во Газа. Украинските власти предупредија и за недостиг на оружје во време кога Русија продолжува со нови жестоки напади.

Пред Бајден да го потпише законот, тој мора да биде одобрен од двата дома на Конгресот. Шумер рече дека верува оти мерката, доколку дојде до гласање во Претставничкиот дом, ќе ја добие истата силна двопартиска поддршка.

Но, судбината на законот се чини неизвесна бидејќи републиканскиот претседател на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се жали дека недостасуваат одредби од конзервативните пратеници за запирање на рекордниот прилив на мигранти преку границата меѓу САД и Мексико.

„Предлог-законот што е пред нас денес никогаш нема да помине во Претставничкиот дом и никогаш нема да стане закон“, рече републиканскиот сенатор Рик Скот од Флорида во говорот утринава.

Законот предвидува 61 милијарда долари за Украина, 14 милијарди долари за Израел во војната против Хамас и 4,83 милијарди долари за поддршка на партнерите во Индо-пацификот, вклучително и Тајван, и за одвраќање на кинеската агресија. Тоа ќе гарантира хуманитарна помош во вредност од 9,15 милијарди долари за цивилите во Газа, Западниот Брег, Украина и други области во светот опфатени со конфликти.

Републиканците со месеци бараат нацрт-законот за странска помош да вклучи дел за ограничување на протокот на мигранти преку границата меѓу САД и Мексико.

„Ако Сенатот не усвои какви било промени во граничната политика, Домот ќе мора да донесе свои мерки за овие важни прашања“, рече Џонсон во изјавата објавена доцна синоќа. „Америка заслужува подобро од статус кво состојбата од Сенатот“, додаде Џонсон, кој во минатото се залагаше Домот да го подели нацрт-законот на посебни нацрт-закони.

Со месеци републиканците бараа нацрт-законот за странска помош да вклучи мерки на границите на Америка. Но, двопартискиот договор за границата, за кој се преговараше со месеци, пропадна откако Доналд Трамп, водечкиот партиски кандидат за Белата куќа, повика да се укине.

Трамп, кој се надева дека ќе го искористи прашањето за границата за да го собори Бајден на изборите во ноември, го критикуваше нацрт-законот за странска помош, велејќи на социјалните мрежи дека помошта за американските сојузници наместо тоа треба да дојде во форма на заеми.

Бајден со месеци бараше од Конгресот да не брза со нова помош за Украина и американските партнери во Индо-Пацификот, вклучително и Тајван. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, тој побара и средства за американскиот сојузник, заедно со хуманитарна помош за Палестинците во Газа.

Украинските власти предупредија на недостиг на оружје додека Русија продолжува со нападите. Но, помошта за Украина се соочува со големи проблеми во Претставничкиот дом, каде што интересите на Трамп имаат поголемо влијание кај републиканците кои го контролираат Сенатот со мало мнозинство.

Почина архиепископот на Албанија Анастасиос

 На 95-годишна возраст утрово почина поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, кој од почетокот на месецов беше хоспитализиран во атинска болница, а здравствената состојба му беше критична.

На 95-годишна возраст утрово почина поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, кој од почетокот на месецов беше хоспитализиран во атинска болница, а здравствената состојба му беше критична, јави дописничката на МИА од Атина.

Поглаварот на Албанската православна црква на 30 декември бил превентивно примен во болница во Тирана со сезонски вирус, меѓутоа ситуацијата се влошила, па на 3 јануари во вечерните часови со авион на грчкото воено воздухопловство, итно беше пренесен во болница во Атина.

Пораки со сочувство за смртта на архиепископот испратија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис, како и од опозициската СИРИЗА.

Роден како Анастасиос Јанулатос, архиепископот беше теолог, мисионер, писател и поранешен професор на Универзитетот во Атина, а во изминатите 32 години беше поглавар на Православната црква на Албанија, која тој самиот ја обнови во 1992 година под сегашната титула, откако мисијата ја доби од Вселенската патријаршија.

Со неговата напорна работа и посветеност биле формирани над 400 парохии, основал Богословско-свештеничката школа во Драч и црковната гимназија во Аргирокастро, обучил и ракоположил 145 нови свештени лица, се грижел за издавање на литургиски и други верски книги, се погрижил за обнова на 150 нови цркви, за реставрација на 70 манастири и цркви-културни споменици и за поправка на 160 цркви и 45 црковни објекти, односно вкупно 425 објекти, а го основал и првиот женски манастир.

Архиепископот Анастасиос дополнително им помагал на сиромашните, дистрибуирајќи стотици тони храна, облека и лекови, ги основал првиот православен албански весник, како и списанија за деца и млади, научно списание и радио.

Паралелно со возобновувањето на Православната Црква, развил програми од областа на образованието, здравството, социјалната заштита, руралниот развој, културата и екологијата.

Во 2000 година архиепископот Анастасиос беше номиниран за Нобеловата награда за мир.

Грчкиот Парламент гласа за избор на претседател на земјата

По пет дена ќе се одржи второто гласање и доколку и тогаш не се постигне потребното двотретинско мнозинство, ќе се одржи и трето на кое ќе бидат потребни три петтини од вкупниот број гласови, односно поддршка од 180 од вкупно 300 пратеници.

Претпладнево пратениците во грчкиот Парламент ќе гласаат за претседател на Грција, а првпат по над 30 години предложени се четворица кандидати, меѓутоа според калкулациите, не се очекува при денешното прво гласање да биде постигнато потребното двотретинско мнозинство, со што по пет дена ќе се одржи ново, второ гласање, јави дописничката на МИА од Атина.

До неодамна претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, како предлог од владејачката Нова демократија, поранешниот министер Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА и писателот Костас Кирјаку прдложен од партијата Победа, се четворицата кандидати за кои ќе гласаат пратениците.

Согласно грчкиот Устав, претседателот го одбира Парламентот и предвидени се најмногу пет гласања, доколку при првото не се постигне потребното двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 200 гласа, нешто што не се очекува да се случи за време на денешното гласање.

По пет дена ќе се одржи второто гласање и доколку и тогаш не се постигне потребното двотретинско мнозинство, ќе се одржи и трето на кое ќе бидат потребни три петтини од вкупниот број гласови, односно поддршка од 180 од вкупно 300 пратеници.

Доколку никој од кандидатите не добие ни 180 пратеници, ќе следи и четврто гласање, повторно по пет дена, кога ќе биде потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 151 глас, а доколку и ова мнозинство не се постигне, гласањето се повторува по пет дена, по петти пат и за претседател се избира кандидатот кој добил соодветното мнозинство.

Според ставовите на партиите и пратениците, новиот претседател се очекува да биде избран по четвртото гласање, кое ќе се одржи кон средината на февруари и да биде избран Константинос Тасулас за шеф на државата со најмалку 158 гласа, од кои 156 од Нова демократија и два од независните пратеници Салмас и Самарас, кои до неодамна беа дел од владејачката партија.

Со уставните измени на крајот на ноември 2019 година, изборот на претседател се одвои од предвременото распуштање на Парламентот, за да се избегне реприза на она што се случи во 2015 година, кога недоволниот број гласови за претседателскиот кандидат доведе до предвремени избори во земјата.

Гласањето за претседател е јавно, со прозивање на секој од пратениците, кои се вкупно 300 на број, а ќе имаат можност да изберат еден од четворицата кандидати.

Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава.

Повеќе од сигурно е дека ниту еден од кандидатите од опозициските партии нема да го освои потребното мнозинство, со што се очекува Тасулас да биде новиот претседател на Грција.

Од јули 2019 година до пред десетина дена беше собраниски спикер, позиција на која три пати со широко мнозинство беше изгласан од пратениците, адвокат по професија и 25 години пратеник од Нова демократија, додека пак во однос на ставовите кон нашата земја, генерално, ставовите на идниот грчки претседател не се разликуваат од оние на актуелната Влада.

Како што анализираше МИА минатата седмица, Тасулас, согласно неговите јавни изјави изразени во изминатите години како претседател на Парламентот, ја поддржува европската перспектива и на регионот и на Северна Македонија, но и порачува дека е неопходно да се почитува Договорот од Преспа, додека пак на крајот на октомври 2022 година на маргините на Конференцијата на претседателите на Парламентите на земјите – членки на Советот на Европа, беше првиот претседател на грчкиот Парламент што се сретна со негов македонски колега и по средбата со тогашниот спикер на Собранието Талат Џафери порача дека парламентите со кои претседаваат „треба да го покажат патот за подобрување на односите меѓу двете земји“.

Во однос на ратификациите на трите меморандуми со нашата земја потпишани по Договорот од Преспа, кои сè уште чекаат да бидат ставени на дневен ред, на крајот на септември 2020 година, Тасулас, како претседател на грчкиот Парламент, посочи дека „трите ратификации на меѓународните договори со Северна Македонија немаат карактеристика на итни“.

Тасулас беше предлог на владејачката Нова демократија за шеф на државата, како што во телевизиска порака до граѓаните пред десет дена, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Резултатите на последните две истражувања на јавното мислење за телевизиите „Алфа“ и „Скај“ спроведени во текот на минатата седмица покажаа дека 43 односно 49 проценти од анкетираните не се согласуваат со владиниот предлог за претседател на земјата.

Зеленски: Путин сака да манипулира со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да „манипулира“ со претседателот на САД, Доналд Трамп, кога зборува дека за војната во Украина сака да преговара со САД.

- Тој сака да манипулира со желбата на претседателот на САД да постигне мир, истакна Зеленски.

Претседателот на Украина додаде дека е уверен оти ниту една руска манипулација сега не може да успее.

притисни ентер