Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по нападите во текот на ноќта - Канал 5

Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по нападите во текот на ноќта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по ракетните и нападите со дронови во текот на ноќта врз Киев и други цели низ Украина, јави ДПА.

Зеленски повика на поголем притисок врз Русија по нападите во текот на ноќта

-Овие напади се одговор на (рускиот претседател Владимир) Путин на сите меѓународни дипломатски напори. Секој од нашите партнери - САД, цела Европа, целиот свет - виде дека Русија има намера да продолжи со војната и убиствата, објави денеска Зеленски на „Х“.

„Притисокот врз Русија сè уште е недоволен, а секојдневните руски напади врз Украина го докажуваат тоа“, рече тој, наведувајќи повеќе од 1.460 наведувани бомби, речиси 670 беспилотни летала и 30 проектили насочени кон Украина во текот на изминатата недела.

„Секој удар ги таргетира нашите луѓе, нашите деца. Тие водат војна против децата кои играат на игралиштата“, објави тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животи

Украинскиот претседател Зеленски изрази незадоволство од САД поради доцнењето на испораките на ракети „Патриот“, нагласувајќи дека тоа чини човечки животи.

Зеленски: Доцнењето на американските ракети „Патриот“ чини животи

Во интервју за Би-Би-Си тој оцени дека Вашингтон не врши доволен притисок врз Русија за постигнување мир.Зеленски ја критикуваше и изјавата на Доналд Трамп, кој го нарекува Путин свој пријател.Тој нагласи дека рускиот претседател е агресор и дека не може да биде пријател.

Според него последните мировни преговори во Абу Даби не донесоа напредок, а нови разговори се очекуваат во декември.Рече дека Украина се соочува со сериозен недостиг од ракети за пресретнување на руските балистички проектили.Зеленски изрази разочарување што САД поголемо внимание посветуваат на Блискиот Исток.Тој предупреди и на проблемите со системите „Стар-Линк“ и „Стар-Шилд“, кои влијаат врз украинските беспилотни летала.Во пресрет на тешката зима, руските напади врз енергетската инфраструктура предизвикуваат прекини на струјата.Зеленски порача дека Украина ќе го брани Киев по секоја цена, бидејќи како што рече без главен град нема држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од Македонија

Македонската сениорска репрезентација го претрпе првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Европското првенство 2029 година.

Изненадување во Градскиот парк-Кипар подобар од Македонија

Во салата „Лазар Лечиќ“, Кипар одигра квалитетен натпревар, ја искористи послабата одбранбена реакција на нашиот национален тим во завршницата и забележа победа

МАКЕДОНИЈА – КИПАР 75:85

Избраниците на Жозеп Марија Берокал не успеаја да ја наметнат посакуваната контрола врз играта. Иако Македонија имаше свои добри периоди, гостите покажаа поголема сигурност во клучните моменти и заслужено стигнаа до триумфот.

Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во македонскиот состав со 30 поени и шест асистенции, додека Стојан Ѓуроски постигна 11 поени. Кај гостите се истакна Филипос Тигкас со 25 поени.

По победата над Австрија во првото коло, Македонија го запиша првиот пораз во втората претквалификациска фаза за Евробаскетот 2029.

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, не го криеше разочарувањето по поразот од Кипар (75:85). Шпанскиот стратег посочи на големиот пад во играта во последната четвртина, зголемениот број грешки и непочитувањето на основните кошаркарски принципи како клучни причини за негативниот резултат. Сепак, повика на заедништво, извлекување поуки и подготовка за февруарскиот прозорец, во кој Македонија ќе има уште две можности да ја оствари целта.

„Мечот го започнавме на неочекуван начин. Имавме израмнети четвртини, одбраната се подобри во третиот период, но во последните десет минути покажавме една друга игра. Се зголемија грешките, промашувавме, но мора да научиме од овој пораз, да бидеме заедно. Овој меч не беше како што го посакувавме, но во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата“, истакна Берокал.

Селекторот особено го потенцираше непочитувањето на основните кошаркарски правила, кои според него мора да бидат присутни без оглед на противникот и важноста на натпреварот.

„Мора да ги почитуваме сите репрезентации и да ја почитуваме кошарката. Едноставните правила од кошарката. Денес не го правевме тоа, не почитувавме да вадиме топка надвор, играта еден на еден, да не губиме топки, протокот на топка... А Кипар одигра добар меч. Тажен сум, но ќе мислиме на следниот прозорец и мечевите кои ни следат“, објасни селекторот.

Берокал направи разлика меѓу промашените шутеви, кои се составен дел од играта, и грешките што се резултат на недоволна концентрација и контрола врз сопствените постапки.

„Да промашиш шутеви можам да разберам, но другите нешта кои се во твои раце и не ги контролираш, тоа не го разбирам. Шутот за три можеби е и клучен на крајот, но готово е сега. Мора да останеме оптимисти, да размислуваме за натпреварите и да се подготвиме за она што ни следи“, порача Берокал.

Македонија го завршува овој ноемвриски прозорец со победа над Австрија и пораз од Кипар. Следниот предизвик е февруарскиот циклус, во кој националниот тим ќе мора да покаже поинакво лице и да ја продолжи борбата за пласман на Евробаскетот 2029.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“  биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. 

Вработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче Петров

Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.

Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка.

Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот.

„Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој.

Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер