Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
СветЗеленски побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на УкраинаЗеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од сојузниците повеќе муниција за противвоздушната одбрана на Украина со цел подобро да се спротивстави на руските напади, што оставија стотици илјади жители на Киев без електрична енергија и греење сред зима. „Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, повеќе од 1.380 наведувани бомби и 69 ракети од различни видови. Затоа ракетите за системите за противвоздушна одбрана се потребни секој ден, и ние продолжуваме да соработуваме со САД и Европа за да обезбедиме подобра заштита на нашиот воздушен простор“, рече Зеленски по пристигнувањето во Вилнус, објавија француските медиуми. Зеленски во Вилнус се сретна со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. На средбата станало збор за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји. Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни....Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови, плоштади.Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата. Притоа се изврши увид во реконструкција на ул. „29-ти Ноември“, проект кој се реалиизра преку Министерството за транспорт, во вредност од 28.7 милиони денари. Исто така извршија увид и во изградбата на кружен тек, инвестиција од 9, 8 милони денари. “Во моментов, само преку програми кои што се од Владата, преку Министерството за транспорт, се инвестираат некаде околу 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, понатaму паркови, кружен тек, плоштад. Така што, бројни се проектите коишто се работат или ќе се работат во Неготино. И ќе продолжиме во следниот период да ја поддржуваме општината, да ја поддржуваме градоначалничката, а со новите можности кои што се отвораат, исто така, ќе разговараме и за нови проекти. Навистина е задоволство да се биде денес во Неготино, да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат, или ќе почнат да се работат. Мило ми е што со една нова енергија, која што градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем број проекти со поддршката со Советот, со поддршката, исто така, од пратеникот, со поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски. Овде имаме навистина една комплетно нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство”-изјави Николоски. Дополнително во општина Неготино преку двата повици на Владата за инфраструктурни проекти, се реализраат 12 проекти за подобрување на урбаното живеење и локалната економија. Министерство за транспортКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
БалканЕУ ја предупреди Албанија: Проект на зетот на Трамп ви ги загрозува евроинтеграциитеПреговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп,предупредија дел од европратениците.Преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп,предупредија дел од европратениците, кои ѝ порачаа на албанската влада дека мора да „го промени курсот“. Како што објавува Гардијан, холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата за утврдување фактите, рече дека албанското раководство „Си игра со оган“ со тоа што го продолжува проектот од 1,4 милијарди евра, за кој вели дека ќе го уништи недопреното крајбрежје. Во интервју за медиумот, Стрик рече: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: ‘Жал ми е, ЕУ е мој врвен приоритет’.. Тие во моментов го загрозуваат процесот за кој толку многу се грижат, изјавила Стрик..Тагови: Албанија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаУлица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во БутелПо налог на Град Скоопје односно секторот за комунални работи денес ЈП „Улица и патишта“ со координарни активности за рачно и машинско чистење на обраснатата вегетација улицата “Александар Урдаревски“ кај градските гробишта Бутел.Со расчистување на овој дел ќе подобри пристап на механизацијата за чистење и евакуација на натрупаниот материјал во дренажниот канал покрај самата сообраќајница, велат од Улица и патишта. Обраснатото зеленило е проблем и за истек на водата која се собра во каналот и водата ги поплавува гробните места... Канал 5 вчера објави сторија каде се гледа дека без разлика дали имало дожд или бил сушен период водата е присутна и тешко може да се стигне до гробните места. Од ЈП „Улица и патишта“ објаснуваат дека зеленилото е проблем и за одржување на безбедноста на улицата кога се движат пешаци и исто така е проблем за прегледност на возачите. Од ЈП „Улица и патишта“ апелираат граѓаните во одводните канали да не фрлаат отпад и шут бидејќи штетите пред се по големи дождови се огромни..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook