3СДСМ: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте - одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!
СветСеверна Кореја и Русија ја зајакнуваат оската на моќ: „Средбата на Ким и Путин во Владивосток е пресвртница“Ким Џонг-Гју, денес го потврди зајакнувањето на односите со Русија.Заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Џонг-Гју, денес го потврди зајакнувањето на односите со Русија, по повод одбележувањето на седмата годишнина од првиот самит меѓу лидерите на двете земји, Ким Џонг-ун и Владимир Путин, одржан во 2019 година. Тој оцени дека средбата меѓу лидерите Ким Џонг-ун и Владимир Путин во Владивосток претставува „нова пресвртница“ во развојот на билатералните односи, според соопштението објавено на веб-страницата на севернокорејското министерство. „Од самитот во Владивосток, народите на двете земји развиваат пријателски односи и соработка на многу нивоа“, изјави висок севернокорејски функционер, според новинската агенција Јонхап. Како што беше нагласено, односите беа дополнително подобрени со потпишувањето на Договорот за сеопфатно стратешко партнерство за време на новиот самит во Пјонгјанг во 2024 година, што ги подигна на „високо ниво на сојузништво“. Севернокорејскиот функционер, исто така, посочи на распоредувањето на трупи од страна на земјата за поддршка на Русија во војната во Украина, опишувајќи го како доказ за „трајноста на силен сојуз и борбено пријателство“. Тој рече дека Пјонгјанг е посветен на подигање на традиционалните односи на пријателство и соработка со Москва на уште повисоко ниво. По средбата во 2019 година, Ким Џонг-ун повторно ја посети Русија во 2023 година, кога се сретна со Путин на космодромот Восточни. Следната средба меѓу двајцата лидери се одржа во Пјонгјанг во 2024 година. Извор: Б92Тагови: русија Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ЕвропаОсум морнари исчезнати по пожар на брод во Црното море – се истражува дали бил погоден од дронБрод закотвен во романските територијални води се запалил, а целиот екипаж е евакуиран, соопштија романските власти. Засега не е познато дали пожарот избувнал по напад со дрон, а романскиот министер за одбрана Раду Мируца најави истрага за инцидентот. Според првичните информации на бродот имало 12 морнари, од кои осуммина во моментов се водат како исчезнати. Романските спасувачки тимови спроведуваат операција во која се вклучени и пловен објект и хеликоптер. Инцидентот се случува во време кога расте загриженоста поради сè почестите напади во Црното море и сомнежите за вмешаност на Русија. Пред неколку денови два брода беа погодени со дронови во близина на бугарскиот брег на Црното море при што еден од нив потона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗа првпат во историјата на Македонија: Онколошката грижа на маса на највисоко нивоМинистерството за здравство и здружението ХЕМА-ОНКО денес, во Свечената сала на Владата, ја одржаа работилницата „Редефинирање на онколошката грижа: системски решенија за достапна и непрекината грижа во Македонија“. За прв пат во историјата на Македонија, за состојбата и иднината на онколошката грижа се разговара на вакво високо ниво. На една маса седнаа Владата, Министерството за здравство, МАНУ, Медицински и Фармацевтски факултет, Институтот за јавно здравје, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ГОБ „8 Септември“, повеќе директори на ЈЗУ, здравствени работници и од јавен и од приватен сектор, претставници на пациентите, како и на индустријата. Со нив беа и водечки експерти од Франција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. „Сега е критичен момент како од фрагментиран и преоптоварен систем на онколошка грижа да преминеме во сеопфатен национален план и онколошка мрежа со единствени стандарди и ја има целата поддршка на Владата и здравствените власти“ изјави министерот за здравство Сашо Клековски на отворањето. „За првпат во историјата на Македонија за ракот се разговара на вакво ниво: Владата, институциите, лекарите, пациентите и врвни европски експерти заедно“, изјави директорот на УКРО Игор Стојковски. Инаку, бројките покажуваат зошто разговорот е итен. Во 2023 година во Македонија се регистрирани 8.371 нови случаи на рак, што е 16 % повеќе отколку пред десет години. Истата година од рак починале 3.726 лица. Секој ден се поставуваат околу 23 нови дијагнози, а умираат околу 11 луѓе. Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто. Во воведното предавање проф. д-р Жозеф Глигоров од Универзитетот Сорбона и болницата Тенон во Париз ги претстави европските онколошки стандарди. Тој истакна дека Македонија треба да премине од еден преоптоварен центар кон национална онколошка мрежа. Во таа мрежа еден сеопфатен онколошки центар ќе ја води грижата, сложеното лекување ќе се концентрира таму, а вообичаената терапија ќе се дава поблиску до домот на пациентот. Како најбрзи мерки ги посочи задолжителните конзилиуми за секој нов случај, вклучително и на далечина, и патеките на пациентот со максимални рокови на чекање. Притоа предложи патоказ за следните 24 месеци. Првиот панел, со модератор Синиша Стојаноски, директор на ГОБ „8-ми Септември“, отворено ги изнесе слабостите на системот. Говореа д-р Марија Андоновска (ИЈЗ), Елена Ристоска (МЗ), проф. д-р Игор Стојковски (УКРО) и Ана Марјановиќ (ХЕМА-ОНКО). Панелистите покажаа дека ракот кај нас се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто. Скрининг-програмите постојат на хартија, но не стигнуваат до граѓаните, па опфатот кај ракот на дојка е под 6 %. Дијагностиката, без која нема терапија, е недоволна и ранлива. УКРО носи товар за цела држава и работи на границата на своите можности, со само три линеарни акцелератори за 1,8 милиони жители. Терапијата се планира од буџет до буџет, а пациентите губат недели од првиот сомнеж до почетокот на лекувањето. И покрај тоа со истата опрема во 2025 година и истиот персонал дијагностичките услуги се зголемени за 15% а радиотерапијата за 55% и само благодарејќи на подобрата организација и на здравствените работници, нема колапс. Панелот „Од потреби до одлуки: инфраструктура и технологија во онколошката грижа“, беше посветен на приоритетите. Модератор беше Ана Шутиноска. Учесниците во три круга одговараа на три прашања: каде е најитно, што функцира и кои се следните чекори. Во рамки на овој панел серазговараше и за приоритетните инфраструктурни и технолошки потреби за унапредување на грижата за онколошките пациенти, како и долгорочните стратегии за национален пристап кон контролата на малигните заболувања. Во заклучната сесија во име на пациентите се обрати Ана Марјановиќ од ХЕМА-ОНКО. Министерот Клековски ги изнесе насоките на Министерството за следните чекори: итни мерки за стабилизација на онколошката грижа и долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. „Денес за првпат имаме заедничка слика: каде сме, каде сакаме да бидеме и како ќе стигнеме дотаму. Пациентите што се лекуваат денес не можат да чекаат, па затоа прво доаѓаат итните мерки. Паралелно започнуваме повеќе активности како студија за инфраструктурата и технологијата и градење на долгорочен национален пристап кон контролата на ракот. Македонија од годинава е дел од EU4Health под исти услови како земјите-членки. Европските средства одат таму каде што има национален план, јасна водечка институција и податоци, и токму тоа ќе го градиме“, рече министерот Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДигитален самит на Западен Балкан: Од дигитална амбиција до акцијаОсмиот Дигитален самит на Западен Балкан заврши во Херцег Нови, истакнувајќи ја регионалната соработка, вештачката интелигенција, сајбер-безбедноста и поблиската интеграција со Единствениот дигитален пазар на ЕУ.Осмиот Дигитален самит на Западен Балкан заврши вчера во Херцег Нови, Црна Гора, по два дена дискусии на кои се собраа претставници на Западен Балкан Шест, институциите на Европската унија (ЕУ), меѓународните организации и лидерите во дигиталната индустрија, со цел унапредување на регионалната дигитална трансформација и интеграцијата во Единствениот дигитален пазар на ЕУ. Самитот беше организиран од Министерството за јавна администрација на Црна Гора, под покровителство на Владата на Црна Гора, во партнерство со Советот за регионална соработка (RCC), Европската Унија и други регионални и меѓународни партнери, во рамките на претседавањето на Црна Гора со Берлинскиот процес во 2026 година. На Самитот беше поздравен Патоказoт за вештачка интелигенција за Западен Балкан Шест, изработен од RCC заедно со регионалните партнери, кој утврдува заедничка насока за одговорен развој и примена на вештачката интелигенција. Патоказот, кој се очекува да биде усвоен на претстојниот Самит на лидерите на Берлинскиот процес, обезбедува рамка за зајакнување на регионалната подготвеност за вештачка интелигенција, управувањето, иновациите и усогласувањето со европските стандарди. Вештачката интелигенција беше една од централните теми на Самитот, со посебен панел насловен „Вештачка интелигенција и Можности, предизвици и идни перспективи“, модериран од Тања Мараш, виша експертка за дигитална поврзаност во RCC. На панелот, кој собра претставници на Европската комисија, меѓународните организации, академската заедница и технолошкиот сектор, се дискутираше за тоа како регионот може да премине од амбиции во областа на вештачката интелигенција кон практична примена, посилни иновации и поголема економска конкурентност. „Предизвикот не е само да ја усвоиме вештачката интелигенција, туку да обезбедиме таа да донесе вистинска вредност за нашите економии, јавните институции, бизнисите и граѓаните, истовремено градејќи доверба и осигурувајќи дека ниту еден дел од регионот нема да заостане“, изјави Мараш, нагласувајќи ја важноста на регионалната соработка, инвестициите во вештини и инфраструктура, како и одговорниот развој на вештачката интелигенција. Самитот заврши со низа приоритети за забрзување на регионалната дигитална интеграција, вклучувајќи меѓусебно признавање на дигиталните идентитети, воведување дигитални паричници за идентификација, подостапни цени за роаминг со ЕУ, посилна соработка во областа на сајбер-безбедноста и подобрена дигитална поврзаност. Заклучоците предвидуваат и натамошна поддршка од RCC за спроведување на Патоказот за вештачка интелигенција и зајакнување на регионалната координација во областа на дигиталните услуги, заедно со континуирани напори за усогласување на дигиталните рамки на регионот со стандардите на ЕУ. Во текот на двата дена, дискусиите опфатија и дигитални јавни услуги, сајбер-безбедност, дигитални вештини, поврзаност, заштита на децата на интернет, стартапи и иновации, со посебен акцент на практичните решенија што можат да го подобрат секојдневниот живот на граѓаните и бизнисите. На вториот ден од Самитот, Милена Јоциќ Танасковиќ, експертка за дигитална поврзаност во RCC, учествуваше на панелот „Поврзаноста како двигател на дигиталната трансформација на Западен Балкан“, фокусирајќи се на улогата на дигиталната инфраструктура и регионалната соработка во унапредувањето на дигиталната трансформација на регионот. Самитот ја потврди важноста на заедничкото дејствување за изградба на поповрзан, поконкурентен и дигитално поотпорен Западен Балкан, при што фокусот сега се префрла од заедничките амбиции кон практични резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter