Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната - Канал 5

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната

 Не само што Украина мора да се одбрани, туку и заедно со цела Европа и САД мора да извршиме притисок врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс. 

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната

- Благодарен сум и на Европската Унија што денеска го одобри 19-тиот пакет санкции кон Русија, ограничувајќи ја флотата за нафта во сенка и банкарските и финансиските системи, забранувајќи увоз на руски течен природен гас и, првпат, воведувајќи санкции против крипто шеми и платформи. Многу важна одлука, наведе Зеленски, кој денеска престојува во Брисел каде учествуваше во дебатата во рамки на Самитот на ЕУ посветена на состојбата во Украина.

Зеленски посочи и дека на состанокот на Европскиот совет им се обратил на лидерите на ЕУ во „многу важен момент“ кога Русија активно се обидува да го користи студеното време како оружје.

- Украина знае што да прави за да ги спречи најлошите сценарија, а тоа бара решителна и итна колективна акција, потенцира украинскиот претседател.

Според него, дел од заедничката одбрана на Украина и ЕУ е и процесот на проширување на Унијата, кој придонесува за геополитичката безбедност на Европа.

- Ве повикувам да пронајдете начин ЕУ да ги одржи своите ветувања, исто како што Украина ги одржува своите, вели Зеленски.

Тој во објавата им се заблагодарува на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и на лидерите на ЕУ затоа што „гарантираат дека Европската Унија ќе продолжи да стои крај Украина“.

- Многу е важно што заедно бараме начини да ја гарантираме отпорноста и заштита и за Украина и за сите во Европа, потенцира Зеленски.

Пред Самитот, тој имал и билатерална средба со Кошта, со кого, како што наведе во објавата, разговарале за одбранбената помош за Украина, инструментот Безбедносна акција за Европа (САФЕ), за украинскиот пат кон членство во ЕУ и за чекорите потребни за отворање на преговарачките кластери.

- Важно е сите да дејствуваме решително и единствено. Ова е она што ќе помогне да се принуди Русија да ја прекине својата агресија, додаде Зеленски, притоа заблагодарувајќи му се на Кошта за поканата за учество на Самитот на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81  %.

Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %.

Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа.

Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

 Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.

Неготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс

Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија.

Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер