Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим
2Американскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тим
ЕвропаЗеленски: ЕУ ја уценува Украина за повторно да го отвори нафтоводот Дружба Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска ги обвини европските сојузници дека го уценуваат Киев за повторно да го отвори нафтоводот Дружба, преку кој се транспортира руска нафта во Унгарија и во Словачка.Киев тврди дека нафтоводот Дружба, што поминува низ Украина, е оштетен при руски напад во јануари и уште не е поправен. - Повторното доставување руска нафта преку Украина во Европска Унија е еднакво на укинување на економските санкции кон Москва, наведе Зеленски. ЕУ побара од Зеленски брзо да го поправи нафтоводот Дружба и да прифати меѓународни експерти, кои би ја процениле штетата. Украинскиот претседател наведе дека е против транзит на руска нафта преку Украина, додека ЕУ забранува истата да се продава. - Или продаваме руска нафта или не. Зошто ЕУ ме принудува да ја вратам Дружба. Како е тоа различно од укинување на санкциите за Русите. Зошто во еден случај можеме да им кажеме на САД дека сме против укинување на санкциите, а во друг случај да ја принудуваме Украина да го продолжи транзитот на нафта преку Дружба, потенцира Зеленски. Тој условувањето за да го отвори нафтоводот Дружба или Украина нема да добие оружје, го оцени како уцена. Унгарија зависи од руската нафта и затоа Будимпешта ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија, како и заемот од 90 милијарди евра од Унијата за Киев. Претходно, САД воведоа 30-дневна суспензија на санкциите за руската нафта. Зеленски посочи дека укинувањето на санкциите кон Русија нема да му помогнат на светот туку само на Москва.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Глишиќ свечено осветен големиот крст, на осветувањето присуствуваше градоначалникот ЈанчевДенес во Глишиќ свечено беше осветен големиот крст, кој ќе остане како траен симбол на верата и духовноста за жителите на Глишиќ и целиот наш крај.На чинот на осветувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Советот др Стојанчо Рамов. Овој значаен проект е реализиран благодарение на иницијативата и посветеноста на Месната заедница Глишиќ, со поддршка од Општина Кавадарци, ЈП „Комуналец“, општествено одговорни компании и физички лица кои несебично помогнаа во неговата изградба. Крстот, висок 15 метри со распон од 10 метри, ќе биде место на молитва, благослов и духовно собирање, сведоштво за силната вера и заедничката желба да оставиме нешто вредно за идните генерации. „Благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализацијата на ова дело. Нека овој свет христијански симбол носи мир, љубов и благослов за сите жители на Глишиќ и Кавадарци.“- објави Јанчев на Фејсбук Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмериканскиот NTSB ја презема истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“- и Македонија дел од истражниот тимНационалниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на РајанерНационалниот одбор за безбедност во транспортот на САД го презема комплетното делегирање на истрагата за инцидентот со авионот на Рајанер пред два дена, кога се случи оштетување на моторот, а според информациите, српски државјанин за малку ќе излетал од скршен прозорец. Ова за Канал 5 го потврди претседателот на комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски, иако вчера во повеќе регионалните медиуми се појави вест дека Македонија ќе ја предводи истрагата поради тоа што инцидентот се случил над македонско небо. Прпоски за Канал 5 потврди дека и македонски претставници ќе бидат дел од истражниот тим што ќе работи под раководство на американската институција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на загинати во Венецуела надмина 4.300 луѓе, граѓани со голи раце пребаруваат под урнатинитеПродолжува да расте црниот биланс од катастрофалните земјотреси во Венецела. Властите објавија дека заклучно со вчерашниот ден бројот на загинати е над 4.300 лица а повеќе од 16.000 се повредени. Идентификацијата на 315 жртви сè уште не е завршена, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по евентуални преживеани. -Бројот на Венецуелци кои загинаа како директен резултат на земјотресите од 24 јуни е 4.333 лица со 16.740 повредени и 6.462 спасени. Додека има живот има и надеж. Сè уште имаме едно или две места каде ситуацијата е неизвесна и нашите екипи продолжуваат да трагаат по можни преживеани. Многу од машините кои го донесоа интернационалните спасувачи се опремени и им овозможуваат да се детектира дали има срцебиење или топлина. Што покажува дека таму има живот. – Хорхе Родригез – Претседател на Националното собрание Борбата за секој човечки живот продолжува. Спасувачките екипи, веќе со денови неуморно работат на терен, пребарувајќи го секој сантиметар под огромните бетонски блокови и урнатини. Иако шансите се намалуваат со секој изминат час, надежта кај спасувачите не згаснува. На некои од рушевините се уште се чека помош додека семејствата со голи раце пребаруваат. -Поминаа 16 дена и се уште нема помош да го извлечеме мојот син од рушевините. Не само него, има и други луѓе таму. Има и деца на приземјето а само машините работат и на ништо друго не се чека. -Ги бараме не само мојата внука и нејзините четири деца, го бараме и семејството на колега, семејствата на сите бидејќи сите станавме едно семејство. Операциите на терен не запираат ниту во текот на ноќта. Екипите се обидуваат да лоцираат какви било знаци на живот. -Тука сме секоја ноќ и никој не оди дома да се одмори. Во истата облека сме од 26.06 од вториот ден по земјотресот. Не сме заминати да се преслечеме и да се одмориме. -Мојот брат е овде но тој сакаше да спаси една госпоѓа која имаше шанси да преживее и тоа ќе го направеше без разлика на се. И од оние што преживеаја овде во зградата кажаа дека кога тој се вратил да ја бара скалите тие се срушиле и останале неколку луѓе долу. И госпоѓата, фала му на Бог е жива и е во прифатилиште, но сакаме да го најдеме мојот брат дури и ако е само телото. Според последните информации, оштетени се 856 објекти, од кои 190 се целосно урнати или претрпеле сериозни конструктивни оштетувања. Прелиминарните проценки на венецуелската влада покажуваат дека ќе биде потребна изградба на околу 25.000 нови станбени единици. Според проценките на ОН околу 50 илјади луѓе се уште се водат за исчезнати по катастрофалните земјотреси во Венецуела.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter