„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
1„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
СветЗеленски: Безбедносните договори ги прошируваат можностите на УкраинаСекој договор во областа на безбедноста ја приближува Украина до поголеми можности, поголема глобална интеракција и поголема моќ, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х, цитиран од Укринформ.Тој истакна дека неговата земја веќе склучила вакви договори со шест земји - Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Канада и Италија. „Секој таков договор ги проширува нашите можности и глобалната интеракција и не прави посилни. Во исто време, секој таков договор го зајакнува меѓународниот поредок заснован на правила“, нагласи Зеленски. „Колку поблиску соработуваме, толку побрзо ќе бидат поразени руските терористи“, додаде тој. Зеленски се заблагодари на секој лидер и на секоја земја што и помага на Украина. Укринформ пренесува дека Киев веќе почнал преговори и со Норвешка за склучување билатерален безбедносен договор. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанецЕкспресно, за само пет дена, полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот маж кај Смилковското Езеро во Скопје. Вчера бил уапсен 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, против кого денеска Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по брза постапка за убиство. Како што информираат од МВР, до осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија , а тој во службениот разговор со полицијата го појаснил и начинот на извршување на кривичното дело. -Вчерта по преземени оперативно тактички мерки на полициски службеници на единицата за насилен кримнал лишен од слобода е Б.Ј. од Скопје поради сторено дело убиство. Лицето е лишето од слобода по претходна пријава на 21 ноември кога поретходна пријав а во СВР Скопје на кога случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци забележал безживотно тело на маж. По извршениот полициски увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата,- изјави – Гоце Андреевски, МВР. Инаку, во непосредна близина на телото беше пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот. По целосното документирање на случајот, денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, полицијата поднела кривична пријава по брза постапка против Б.Ј. за кривичното дело „убиство“, велат од мвр. Засега не се знае мотивот за убиството, ниту во каков однос биле осомничениот и убиениот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: Имаме индиции за можни инциденти, полицијата е подготвена Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Воочи утрешниот ден 28 ноември - одбележувањето на денот на албанското знаме и независноста на Албанија, ден што со години наназад е проследен со прослави и кај нас - министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски откри дека полицијата веќе има индиции и најави за евентуални инциденти, за кои објасни дека доаѓаат од одредени провокации на социјалните мрежи. Тошковски вели дека евентуални прекршувања на јавниот ред и мир се очекуваат во делот на сообраќајот, но посочи и дека полицијата е подготвена. – Сакам да им порачам на сите оние кои што – има некои така некои гласини дека ќе имало обиди за незаконити дејствија во текот на утрешниот ден. Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот на државата, така да нема да дозволиме она коешто се случи пред некоја година да имаме доведување во ризик на учесниците во сообраќајот, еве така да речеме, бидејќи не очекувам друг тип на нарушување на јавен ред и мир,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Министерот не откри во кои градови покрај Скопје ќе има засилени полициски сили утре, но посочи дека секој кој ќе сака во Македонија достоинствено да го прослави денот на албанското знаме, истото ќе му биде овозможено. – Па не би навлегувал во детали сега тука, имаше нешто по социјални мрежи, одредени така провокации во насока на нарушување на јавен ред и мир, но спремни се ќе одговориме на сите предизвици и оние коишто ќе си сторат прекршоци ќе си бидат казнети за тоа, а на сите оние коишто ќе си го прослават денот како што доликува ќе им овозможиме услов да си го прослават денот како што доликува,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Најпознат случај со инциденти при прославата на албанското знаме доаѓа од пред две години, кога беа уапсени 18 лица во повеќе градови - неколку лица беа приведени во Скопје поради тоа што го кинеле и палеле македонското државно знаме, додека полицијата истата вечер уапси и две лица од Прилеп, кои го запалиле албанското знаме како реакција на снимките од палењето на македонското знаме во Скопје. Деновиве пред прославата пак се отвори прашањето дали се почитува законот за употреба на знамињата на заедниците – првиот човек на Гостивар објави видео од општината на кое не се гледаше ниту едно македонско знаме, но во одговор за Канал 5 оттаму велат дека сепак на градскиот плоштад го истакнале и државното знаме. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-БриониОхрид денеска е политички центар на Балканот. Претпладнево претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ги пречекаа претседателите од регионот кои учествуваат на состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони. Афродита Рамос е во Охрид, ја имаме во живо. Афродита што беше кажано за завршната прес-конференција? Целиот извештај погледнете го во видеото. Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook