Зеленска ја одби поканата на Бајден – не сакала да седи до вдовицата на Навални

Олена Зеленска, првата дама на Украина, нема да присуствува на утрешниот говор на американскиот претседател Џо Бајден за состојбата на нацијата во Конгресот на САД и покрај поканата од Белата куќа.

„Поради планираните настани во распоредот, вклучително и планирана посета на деца од сиропиталиште во Киев, за жал, првата дама нема да може да учествува на настанот“, изјавија за Политико од кабинетот на Зеленска.

Сепак, Вашингтон пост (ВП) објави дека има други причини зад одлуката на Зеленска. Според нивните извори, Зеленска требало да седне во близина на првата дама на САД Џил Бајден и Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор минатиот месец.

WP пишува дека планот за седење предизвикал непријатност кај украинското раководство, бидејќи многу Украинци не ги гледаат Навална и другите руски дисиденти како сојузници во борбата против претседателот Владимир Путин. Украинците особено негодуваат на изјавата на Навални дека Крим не е тема што оди „напред-назад“, што се сметаше за поддршка за руската нелегална анексија на украинскиот полуостров.

Навални подоцна јавно го поддржа обновувањето на границата во 1991 година и се спротивстави на руската инвазија. На крајот, и Навална ја одби поканата на Белата куќа да присуствува на говорот на Бајден, наведувајќи го заморот како причина. Целата сага предизвика бес во Киев.

„Светот тврдоглаво сака да ги стави Украинците и Русите рамо до рамо, што имплицира дека и двајцата страдаат од авторитаризмот на Путин. Жртвата и агресорот не се еднакви. Трагедијата на семејството Навални не е еднаква на геноцидот на украинскиот народ. Сите Руси се одговорни за оваа страшна војна. Тие не се запрени“, рече Ирина Герашченко, украинска пратеничка од опозициската политичка партија Европска солидарност.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер