ЗЕЛЕНИКОВСКИ ЗЕЛНИК СО КИСЕЛА ЗЕЛКА - Канал 5

ЗЕЛЕНИКОВСКИ ЗЕЛНИК СО КИСЕЛА ЗЕЛКА

РЕЦЕПТ НА: ВАСКА ОГЊАНОВСКА

ЗЕЛЕНИКОВСКИ ЗЕЛНИК СО КИСЕЛА ЗЕЛКА

Потребни состојки : 500 гр. брашно, 1 лажичка сол, ¼ коцка квасец, 2 лажички масло, млака вода по потреба, ½ главица кисела зелка, малку урда, малку праз и масло по потреба.

Во подлабок сад со брашно се додава: сол, квасец и масло.

Се додава млака вода и се замесува тесто.

Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои 10-тина минути.

Потоа се дели на 9 топки од кои се сукаат помали кори.

На 3 места се спојуваат 2 кори кои претходно се премачкуваат со масло.

Од две помали кори се сука поголема тенка кора која се става во тепсија премачкана со масло.

Кората се попрскува со масло и врз неа се става втората тенка голема кора.

Истата постапка се повторува и со третата дупла тенка кора.

Седмата тенка сукана кора се става одозгора и се формираат витки на краевите.

Врз неа се става филот од пропржена ситно сечкана кисела зелка, малку урда и сечкан праз.

Осмата сукана кора се става на тарун и се попрскува со масло.

Последната сукана кора се става врз осмата кора и се прават витки на краевите.

Вака приготвените две кори со витките се ставаат врз филот.

Зелникот се сече, се попрскува со масло и се пече во загреана рерна околу 20 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер