ТехнологијаЗелена комета се приближува до Земјата, повторно ќе се појави по 50.000 години Светло зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години и би можела да остане во близина на нашата планета околу еден месец.Претставниците на НАСА изјавија дека ледениот посетител првпат бил забележан во март 2022 година додека бил во орбитата на Јупитер. Жителите на северната хемисфера од вчера го гледаат со двоглед како мал зелен сјај. Научниците соопштија дека кометата ќе биде најблиску до Земјата на 2 февруари, кога ќе биде оддалечена 42 милиони километри од нашата планета. „Кометите се озлогласено непредвидливи, но ако оваа продолжи со сегашниот тренд на осветленост, ќе биде лесно да се забележи. Може да стане видлива со голо око на темното небо“, објави НАСА на својот блог претходно овој месец. Зелената комета е всушност ледено небесно тело, официјално именувано C/2022 E3 (ZTF). Пензионираниот наставник во средно училиште и астрофотограф Ден Бартлет ја фотографирал кометата од неговата кабина во близина на националниот парк Јосемити во Калифорнија и го нарекол гледањето во небото „искуство кое влева стравопочит“, пренесува Би-Би-Си. „Ви велам, земете двоглед, на темно место ќе видите нешто. Донесете ги пријателите и сите ќе видите нешто во животот“, вели Бартлет. Тој има два „прилично импресивни двогледи“ на својот трем, а ведрите ноќи и темното небо му овозможуваат да прави импресивни фотографии. https://t.co/xpzhrb6f3M @Unistellar This February, a newly-discovered comet, called C/2022 E3 ZTF, will pass by Earth from the outer reaches of the solar system. Citizen astronomers have a special opportunity to help astronomers gather that data by observing Comet E3. pic.twitter.com/1Nm04tlAkM — The SETI Institute (@SETIInstitute) January 11, 2023 „Секогаш кога имате езерски или океански систем околу вас, тоа предизвикува непречен проток на воздух. Непречениот проток на воздух значи дека ѕвездите не трепкаат, па можете да добиете повеќе детали“, објасни тој. Набљудувачите на северната хемисфера без телескоп ќе ја видат кометата како „бледа, зеленикава дамка на небото“, додека оние со телескоп можат да ја видат опашката на кометата, соопшти Планетарното друштво. Светло зелен сјај ќе биде видлив за набљудувачите на северната хемисфера на утринското небо додека кометата се движи северозападно до јануари. Жителите кои живеат јужно од екваторот ќе можат да го забележат во февруари, соопшти НАСА. Тие не очекуваат повторување на „спектаклот“ во 2020 година предизвикан од кометата NEOWISE, која беше најсветлата комета видлива од северната хемисфера од 1997 година. Сепак, тие истакнуваат дека ова е сепак „одлична можност лично да се поврзете со ледениот посетител од далечниот надворешен Сончев систем“, соопшти НАСА. На кометата ѝ се потребни околу 50.000 години за да орбитира околу Сонцето, така што ова е „прилика еднаш во животот“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапијаПациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани. Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина6 август еден од најстрашнитеденови во историјата, фрлена атомска бомба на ХирошимаАмериканските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Утрото на 6 август 1945 година во Хирошима започнува ведро и топло. Луѓето одат на работа, учениците се собираат за своите дневни обврски, продавниците се отвораат, а трамваите се движат низ градот. Војната трае речиси шест години, но Хирошима дотогаш е поштедена од масовните воздушни напади што веќе уништиле многу други јапонски градови. Во 8 часот и 15 минути, над градот се појавува бела светлина посилна од сè што човечкото око дотогаш го видело. Американскиот бомбардер Б-29 „Енола Геј“ ја фрла ураниумската атомска бомба со кодно име „Little Boy“. Четириесет и три секунди подоцна таа експлодира на височина од околу 600 метри над центарот на Хирошима. Американските бомбардери со месеци ги напаѓаа јапонските градови, но ништо не можеше да се спореди со бомбата фрлена врз градот Хирошима на 6 август 1945 година. Тој ден, светот се запозна со нуклеарното војување. Наредбата беше издадена од американскиот претседател Хари С. Труман откако доби вест дека првата нуклеарна бомба е успешно тестирана на локацијата „Тринити“. Соединетите Држави развиваа нуклеарна технологија уште од 1942 година, а многумина во военото раководство сакаа да видат што може да постигне такво оружје. Бомбата првично беше наменета за Хитлерова Германија, но војната во Европа заврши пред таа да може да биде тестирана. Сега, остануваше само Јапонија. Јапонската војска водеше крвава битка за секој остров, секоја база и секој километар. Сепак, до летото 1945 година, беше јасно дека тие ќе загубат. Постапувајќи според наредбите на Труман, американскиот бомбардер Б-29 наречен „Енола Геј“ (Enola Gay) на 6 август фрли нуклеарна бомба што содржеше 60 килограми ураниум, од височина од 9.400 метри. Таа го носеше името „Мало момче“ (Little Boy). Во првичните секунди загинаа меѓу 70.000 и 80.000 луѓе, а во месеците што следеа, бројот на жртвите се искачи на 140.000 поради последиците од зрачењето. Преживеаните се преселија во областите околу градот. Бомбата беше фрлена како демонстрација на сила и предупредување до Советскиот Сојуз – со кој САД влегуваа во нов конфликт – додека како оправдување беше наведена битката за Окинава, во која животот го загубија повеќе од 100.000 јапонски војници, околу 150.000 цивили и 12.000 американски војници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаКлековски:Анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 августАнализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена до 20 август. Ова во емисијата вести плус на Канал 5 го соопшти министерот за здравство Сашо Клековски додавајќи дека епидемиолошката состојба во градот постепено се стабилизира. За регистрираните случаи со западнонилска треска годинава тој посочи дека најмногу се од скопскиот регион и од Велес, посочувајќи дека околу живеалиштата на заболените се спроведени вонредни прскања против комарци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook