Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
1Маск: Американската влада стои зад ограничувањата на брзината со која дел од украинското оружје може да патува
МакедонијаЗелен хуман град: До Советот на Г. Скопје поднесовме Иницијатива за дислокација на Цементарница УсјеДенес до Советот на Град Скопје поднесовме Иницијативата за дислокација на Цементарница Усје, со која предлагаме Советот јасно да заземе став дека на тешка и високозагадувачка индустрија не ѝ е местото во густо населено подрачје Денес до Советот на Град Скопје поднесовме Иницијативата за дислокација на Цементарница Усје, со која предлагаме Советот јасно да заземе став дека на тешка и високозагадувачка индустрија не ѝ е местото во густо населено подрачје и дека Усје мора да биде дислоцирана надвор од Скопје и надвор од кое било населено место Со Иницијативата се предлага градоначалникот на Град Скопје овој став да го достави до Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и Собранието, за тие понатаму да постапуваат во рамки на своите надлежности. Цементарница Усје е инсталација на тешка и високозагадувачка индустрија (Г1) која со децении функционира во непосредна близина на населени делови на Скопје. Нејзината локација е историски анахронизам и директно е спротивна на уставно загарантираното право на граѓаните на здрава животна средина, како и на современите стандарди за заштита на јавното здравје. Според податоците од Climate Trace – еден од најрелевантните светски извори за следење на загадувањето – Цементарница Усје се вбројува меѓу 10% најголеми загадувачи во светот и класифицирана е како суперемитер на PM2.5 честички. Ова дополнително го потврдува сериозното и долгорочно влијание на оваа инсталација врз квалитетот на воздухот во Скопје. Инспекциските наоди од 2023 година покажаа сериозни системски пропусти во институционалниот надзор. Прифатени се извештаи за емисии со дупки од по 10 часа во 24 часа, спротивно на Правилникот за мерење емисии и тоа од мониторинг станица која самата Цементарница ја контролира. Овие наоди резултираа со кривична пријава поднесена од Град Скопје во јануари 2023 година. И покрај тоа, не следеше ниту забрана за работа, ниту ефективни мерки за драстично намалување на загадувањето, ниту поставување независни мерни станици околу Усје. Дополнително, во септември 2025 година Министерството за животна средина предложи, а Собранието усвои, закон со кој за првпат во историјата на Македонија индустриското загадување беше класифицирано како „деловна тајна“ – закон кој беше поздравен и позитивно оценет од Усје. Ова јасно укажува на институционален неуспех и откажување од заштита на јавниот интерес. Скопјани со години протестираат против работењето на Усје, а на 25 декември повторно е закажана граѓанска блокада. Поднесената иницијатива е придонес на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за конечно започнување институционален процес за дислокација на еден од најголемите загадувачи, откако сите надлежни институции континуирано потфрлаат во своите законски обврски. Ако Инспекторатот, Министерството, Собранието и Обвинителството не постапуваат, Советот на Град Скопје – како најблизок до граѓаните и директно задолжен за заштита на нивното здравје – има и право и обврска да испрати јасна и силна политичка порака. Секоја тешка и загадувачка индустрија мора да биде дислоцирана надвор од Скопје, град кој со години е меѓу најзагадените во Европа и во кој секоја година предвреме умираат илјадници луѓе, меѓу кои и деца. Оваа иницијатива е застанување рамо до рамо со граѓаните на Скопје, во нивна одбрана, во заштита на јавното здравје и во одбрана на правото на чист воздух. Додека функционерите се прогласуваат за ненадлежни ние умираме. Доста ги слушаме нивните празни зборови! СЕКОЈ е должен да ги штити животната средина и природата и секоја институција на државата е со Устав задолжена да обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина!, стои во објавата на социјалните медиуми на Зелен хуман град.Тагови: ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРама: Ова не се и никогаш не можат да бидат раце на студентиПремиерот Еди Рама реагираше од зградата на колеџот во Тирана, кojа беше оштетена од пожар, по актите на насилство за време вчерашните студентски протести. Преку порака од зградата, Рама го осуди демолирањето на институцијата, нагласувајќи дека студентите ја претставуваат иднината и дека насилството не може да ги претставува нивните аспирации. „До вчера, ова беше канцеларијата на Колеџот на Европа, училиштето на обединета Европа, кое европските лидери заеднички го отворија во Албанија. Денес, ова е пропаст на раце кои не се и никогаш не можат да бидат раце на студенти“, рече Рама. Студентските демонстрации во Тирана излегоа од контрола вчера откако демонстрантите се судираа со полицијата повеќе од 10 часа, при што палеа згради, влегуваа во владини институции и ограбуваа.Иако Албанија е сведок на секојдневни протести од крајот на мај, поттикнати од плановите за изградба на луксузно одморалиште на Јадранскиот брег, пред два дена и студентите излегоа на улиците за да протестираат против условите во универзитетите и студентските домови и трошоците за живот.Тагови: Албанија Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:39
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
СветМаск: Време е Зеленски да си оди!Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски.Најбогатиот човек на светот и сопственик на платформата Икс (Икс/Твитер), милијардерот Илон Маск, упати директен и брутален повик за заминување на украинскиот претседател Володимир Зеленски, отворено порачувајќи дека е дојдено време тој да поднесе оставка за да запре крвопролевањето. Маск жестоко реагираше на објава на социјалните мрежи во која се коментираше новото интервју на Зеленски за британскиот водител Пирс Морган, каде беше истакнато дека најголемиот страв на првиот човек на Украина е тоталниот крај на војната и одржувањето на претседателските избори. – „И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск. Оваа жестока реакција на Маск доаѓа во момент кога и американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон Киев. Трамп јавно порача дека Зеленски мора итно да организира нови претседателски избори и потсети дека украинскиот лидер пропуштил повеќе шанси да стави крај на судирот и да потпише мировен договор со Москва. Инаку, претседателскиот мандат на Зеленски формално истече уште на 20 мај 2024 година, но властите во Киев одбиваат да организираат гласање.Тагови: Володимир Зеленски Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерстваВо рамките на Форумот на идни глобални лидери организиран од Светскиот економски форум во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на сесијата „Trade in a Changing World“.Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените во глобалниот трговски систем, растечката геоекономска конкуренција и потребата постојната институционална архитектура на меѓународната трговија, создадена во 20 век, да се приспособи на реалностите на 21 век. „Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, а ние сме загрижени поради тоа, мора да погледнеме и кон самите себе и да се запрашаме што можеме да направиме за да го модернизираме системот во наша заедничка корист“, истакна Муцунски. Посебен акцент стави на односот меѓу отвореноста, безбедноста и отпорноста, нагласувајќи дека иднината на глобалната трговија не треба да се поставува како избор меѓу отвореност и безбедност. „Мора да ја направиме отвореноста побезбедна. Отпорноста во никој случај не значи изолација“, порача Муцунски. Во тој контекст, подвлече дека најуспешни ќе бидат државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства. „Нашето цврсто уверување е дека државите што ќе успеат во следните пет, десет, петнаесет или дваесет години нема да бидат оние што ќе изградат најголеми ѕидови, туку оние што ќе изградат најотпорни мостови“, нагласи министерот. Осврнувајќи се на позицијата на помалите економии во глобалната конкуренција, Муцунски истакна дека нивната сила не произлегува од големината, туку од способноста да бидат сигурни и предвидливи партнери. „Големите економии се натпреваруваат преку обем. Малите економии се натпреваруваат преку доверливост“, истакна тој. Муцунски се осврна и на економскиот суверенитет, нагласувајќи дека тој е тесно поврзан со инфраструктурната и енергетската поврзаност. „За нас, економскиот суверенитет е длабоко поврзан со поврзаноста. Ако не сте добро поврзани, не можете истовремено да бидете и суверени“, посочи министерот. Во таа насока, тој ги издвои инвестициите во Коридорите VIII и X, патната и железничката инфраструктура и енергетската диверзификација, додавајќи дека енергетската независност е неопходен предуслов за економски развој и инвестиции во индустриите на иднината. Осврнувајќи се на економската меѓузависност и глобалните конфликти, тој истакна дека нивните последици одамна не се ограничени само на државите директно вклучени во нив. „Првата жртва на секој конфликт е човечкиот живот. Втората жртва е економскиот просперитет – не само на државите вклучени во конфликтот, туку и пошироко, затоа што нашите синџири на снабдување и трговски рути се силно меѓусебно поврзани“, истакна Муцунски. Тој нагласи дека во услови на глобални промени, одговорот не треба да биде изолација, туку поголема поврзаност, модернизација на меѓународниот систем, инвестиции во отпорност и поефикасна мултилатерална соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter