Зеколи Шаќири го повика обвинителството да ја обжали пресудата од седум месеци затвор за лицето што во сообраќајна несреќа го усмрти нејзиниот сопруг - Канал 5

Зеколи Шаќири го повика обвинителството да ја обжали пресудата од седум месеци затвор за лицето што во сообраќајна несреќа го усмрти нејзиниот сопруг

 Седум месеци затвор добило лицето кое пред три години го прегазило Арбер, сопруг на Калтрина Зеколи Шаќири, која денеска на прес-конференција го повика Обвинителството да се жали на пресудата на Основниот суд. 

Зеколи Шаќири го повика обвинителството да ја обжали пресудата од седум месеци затвор за лицето што во сообраќајна несреќа го усмрти нејзиниот сопруг

- Денеска стојам пред вас со врзани раце. Законот не ми дава право на жалба. Но, обвинителството има, и денес јавно му се обраќам: Барам жалба на пресудата. Барам праведна казна. Барам животот на еден човек да не се вреднува со одлука што наликува на лесен прекршок. Не барам одмазда. Не барам емоционална казна. Барам правда за моето семејство, но и за секој граѓанин. Зашто денес сум јас, утре може да биде некој друг. Кога правдата потфрла во еден случај, ризикува да потфрли во сите, рече Зеколи Шаќири.

На 17 ноември пред три години сопругот на Зеколи Шаќири загинал во сообраќајна несреќа кога возило на улица му го одзело животот. Од тогаш нејзиниот, животот на нејзините деца и семејство комплетно се промениле и тие живеат со секојдневна болка од загубата, додека лицето што ја предизвикало трагедијата било на слобода.

- Три години чекавме правда. Чекавме фер процес и одлука што ја одразува тежината на еден изгубен живот. Но, пресудата што беше донесена неодамна навистина беше шокантна. Само седум месеци затвор, со право на жалба. Сакам да бидам јасна: Кривично дело за кое се обвинува осомничениот е член 300 став 4 од Кривичниот законик, кој предвидува казна од 1 до 5 години затвор. Изречената казна од Основниот суд е во целосна спротивност со тежината на делото, со трагичните последици од неговите постапки и со судската практика за ваквите случаи, рече Зеколи Шаќири.

Иако поминале три години од несреќата, судскиот процес започнал во мај, а пред неколку дена има одлука, вели таа додавајќи дека нивниот правен застапник поднел барање до обвинителството пресудата да се обжали.

Како последица од сообраќајната несреќа, рече таа, еден млад човек го загуби животот, оставајќи зад себе семејство и две малолетни деца, а уште едно лице доби телесни повреди. Според Зеколи Шаќири, затоа само седум месеци затвор за дело со вакви тешки последици не е казна, туку тоа е неправда уште поголема од првата, а овојпат неправдата доаѓа од самиот суд. Во судницата рече дека не се почувствувала заштитена, ниту пак слушната, како и дека судијката Драгана Исаковска и се обратила со „висок тон“ иако, како што вели, реагирала природно како жена што загубила се.

Калтрина Зеколи Шаќири, која во моментов ја извршува функцијата заменик министер за транспорт, вели дека разбира и дека е свесна оти повикот до обвинителството и нејзината реакција може да бидат пречекани со толкувања, извртувања и сомнежи, но посочи дека полесни и се соочувањата со товарот од таквите реакции отколку да остане тивка пред неправдата кон сопругот и нивните деца.

- Болката не се дели со никого. Ние ја носиме во себе, учиме да живееме со неа и ја претвораме во сила. Но денес сум тука искрена, скршена, и со единствена надеж дека овој јавен апел нема да падне на глуви уши, рече Зеколи Шаќири потенцирајќи дека бара правда за Арбер, дека бара одговорност и одлука што ја вреднува човечката вредност на животот што неправедно бил одземен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер