Здружението „Борка" стана полноправен член на „Think Pink Europe", а Напред розово ќе прерасне во RACE FOR THE CURE - Канал 5

Здружението „Борка" стана полноправен член на „Think Pink Europe", а Напред розово ќе прерасне во RACE FOR THE CURE

Здружението „БОРКА – За секој нов ден" стана полноправен член на „Think Pink Europe", една од најзначајните и најголемите европски организации за борба против рак на дојка. (https://www.thinkpinkeurope.org/)

Здружението „Борка" стана полноправен член на „Think Pink Europe", а Напред розово ќе прерасне во RACE FOR THE CURE

– Од оваа година нашата традиционална розова прошетка посветена на борба против ракот на дојка – Напред розово ќе прерасне во RACE FOR THE CURE, соопшти Здружението.

RACE FOR THE CURE е најголем настан (трка) во светот во борбата против ракот на дојка.Првата трка се одржала во 1983 година, во Далас со 800 учесници, што било неочекуван успех.

Денес, еден милион луѓе учествуваат во повеќе од 140 градови низ целиот свет. Овој спортски и хуманитарен настан ги обединува луѓето погодени од карциномот на дојка и нивните семејства, пријатели и симпатизери. За време на трката оздравените го слават животот, додека учесниците ја даваат својата поддршка на најблиските. Заедно тие се сеќаваат на оние кои ја изгубиле битката со најчестиот вид карцином кај жените.

Поради пандемијата со корона вирусот „Think Pink Europe" развива дигитална платформа со цел трката „Race for the Cure" да се одржи онлајн низ цела Европа, во соработка со сите индивидуални организации и членки. И покрај тоа што сите спортски настани се откажани, RACE FOR THE CURE ќе биде успешна дигитална приказна што ќе ни помогне да ја надминеме оваа тешка година и да понудиме решенија за иднината.

Настанот ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември оваа година. Во исто време, во различни делови на Европа, се очекува учество да земат околу 500.000 учесници. Регистрацијата на европско ниво ќе започне на 15 јули на официјалната страна www.raceforthecure.eu. Платформата е уникатна, изработена специјално за трката и ќе биде преведена на 17 светски јазици, меѓу кои и македонскиот.

При регистрацијата, ќе може да се избере личност или мотив за учество, да се остави персонализирана порака, да се испрати слика или видео за поддршка на одредена организација (локална болница, здравствен работник, пациент), се наведува во соопштението од „Борка"

На пациентите со карцином повеќе од кога било им е потребна нашата поддршка. Според СЗО (Светската здравствена Организација) на глобално ниво во 2018 година бројот на новодијагностицирани од карцином на дојка биле два милиона 88 849 нови случаи, додека бројот на смртност бил 626. 679. Во Македонија се дијагностицираат три до четири случаи секој ден.

Здружението „Борка" ги поканува сите граѓани, активисти, волонтери, поддржувачи и излекувани од оваа болест да се придружат и да чекорат или трчаат во нивното соседство или град во чест на оние кои се борат, како и во чест на оние кои ја изгубиле битката со карциномот на дојка и прерано не напуштиле.

Наскоро ќе бидат објавени и дополнителни информации во врска со настанот, како и со начините како да граѓаните да бидат дел од него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Данил Медведев ќе претрпи повеќекратна штета поради исклучувањето од мечот со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Пекинг. 

Медведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)

Не само што е без премијата што ја заработи, туку ги загуби и бодовите што го држеа во првата петорка во светот.

Имено, Медведев налутено упати топка во публиката и удри гледач, а на само неколку поени од пораз си потпиша сопствена дисквалификација.

Тоа значи дека нема да зема бодови за полуфинале.

Тоа дополнително имплицира дека тој нема да биде во Топ 5, бидејќи со откажување на неговите поени пред него се враќа Феликс Оже Алијасим и ќе има уште 30 поени.

А во трката за завршниот Мастерс во Торино трпи удари, бидејќи Ѓоковиќ сега драстично му се приближи и би можел да го остави без таа конкуренција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.

Најтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар

Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm.

Рекорди се уриваат!

Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми.

Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук.

Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри.

Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф.

Ништо без виљушкар

На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства.

Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви.

Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми.

За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево време со температура до 29 степени

Утре времето ќе биде сончево и релативно топло, информираат од УХМР.

Утре сончево време со температура до 29 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

14 Попова Шапка, 17 Крушево, 21 Претор, Маврови Анови, Охрид, 23 Берово, 24 Прилеп, Виница, Битола, 25 Крива Паланка, 26 Тетово, Штип, Демир Капија, 27 Кавадарци, Велес, Скопје Петровец, 28 Струмица, Скопје Зајчев Рид, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и ведро.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер