МакедонијаЗдружение на инженери за животна средина со барање до учесниците на локалните избориЈавен апел до граѓаните во пресрет на локалните избори. “Животната средина не смее да биде заложник на дезинформации” .Почитувани сограѓани, Во пресрет на локалните избори, сведоци сме на зголемен број изјави, ветувања и информации кои се однесуваат на животната средина и квалитетот на живеење во нашите општини. За жал, дел од нив се базирани на политички интереси, бизнис интереси и дезинформации, а не на реални решенија и стручни анализи. Овие појави создаваат недоверба, страв и несигурност кај јавноста, и често го одвлекуваат вниманието од вистинските предизвици и решенија, притоа спречувајќи го зелениот развој. Здружението на инженери за животна средина упатува јасна порака: животната средина не смее да биде поле за политички игри и дезинформации. Нашата иднина и иднината на идните генерации зависи од стручни, научно засновани и одговорни одлуки. Животната средина е прашање кое се однесува на сите нас, без разлика на политичка определба. Затоа, упатуваме јавен апел до сите кандидати за градоначалници и носители на јавни функции да не ја користат животната средина за политички поени, туку да се водат од стручни анализи, европските зелени политики и вистинските потреби на граѓаните. Нашиот апел до граѓаните е да бараат конкретни, мерливи и одговорни еколошки решенија во програмите на кандидатите, а не празни ветувања. Дополнително апелираме до сите граѓани, да ги разгледаат и проценат програмите и изјавите на кандидатите преку призма на стручност, одговорност и усогласеност со европските зелени политики. Според состојбата со животната средина на локално и национално ниво, Здружението на инженери за животна средина смета дека клучните еколошки приоритети на локално ниво како барање од јавноста до кандидатите за градоначалници треба да бидат следните приоритети: 1. Управување со отпадот o Затворање на старите и несоодветни општински депонии. o Итна изградба на регионални депонии со селекција и рециклирачки центри. o Развивање на сопствени локални системи за селекција и рециклирање на отпад. o Поддршка за воспоставување локален систем за примарна селекција на отпад (пластика, хартија, стакло, био-отпад) на ниво на домаќинства и поставување контејнери за селекција и „зелени острови“ во секоја населба. o Локални центри за рециклирање и поддршка на компании за преработка на отпад и поддршка на мали и средни бизниси кои рециклираат или користат секундарни суровини. o Оптимизација, модернизација и дигитализација на системот за собирање и транспорт на отпад 2. Чист воздух и управување со загадувањето o Намалување на загадувањето на воздухот преку модернизација на јавниот превоз, енергетска ефикасност и контрола на индустриските капацитети. o Обезбедување на јавно достапни податоци за загадувањето на воздухот во реално време o Зајакнување на локалните инспекциски служби и воспоставување на редовни инспекциски контроли на загадувачите o Поддршка за компаниите кои ќе инвестираат во филтри и чисти технологии; o Финансиска поддршка за домовите за енергетска санација на домовите (фасади, прозорци, греење); o Изградба на инфраструктура за зголемена мобилност, модерен јавен превоз, велосипедски и пешачки патеки, станици за полнење електрични возила; o Проширување на зелените површини, паркови и дрвореди; o Спречување на загадување од градежната индустрија; 3. Контрола и справување со индустриското загадување o Зголемување на бројот и капацитетот на општинските инспектори за животна средина; o Редовни и вонредни контроли на индустриските постројки; o Редовна контрола на јаловишта и депонии на индустриски отпад (пример: рударство, металургија); o Заложба за рекултивација на земјиштето погодено од индустриски активности и поставување заштитни зелени појаси околу индустриските зони; o Заштита на водните ресурси во близина на индустриски капацитети; o Формирање локални зелени совети (граѓани, експерти, НВО) за надзор и транспарентност на индустриските компании; o Овозможување на поволни услови за сериозни светски компании со изградени внатрешни механизми за контрола и заштита на животната средина за инвестирање во нови технологии; o Справување со компаниите кои го ставаат профитот над заштитата на животната средина и не преземаат соодветни мерки за нејзина заштита. 4. Заштита на локалните водни ресурси o Подобрување на квалитетот на водата за пиење и спречување на загадувањето на реките и подземните води. o Инвестиции и модернизација на инфраструктурата со цел намалување на загубите во водоводната мрежата со цел обезбедување континуиран квалитет на водата за пиење. o Изградба или модернизација на пречистителни станици за отпадни води. o Контрола на индустриските објекти и нивното испуштање на отпадни води. o Воведување систем за сепарација на атмосферски и фекални води во урбаните средини. o Намалување на прекумерна употреба на пестициди и минерални ѓубрива. o Поттикнување на органско земјоделство и агроеколошки практики. o Контрола на складирањето на ѓубриво и отпад во близина на водни ресурси. o Забрана за нелегално вадење песок и шљунак од речните корита. o Програми за ревитализација и пошумување околу водните тела. o Заштита на изворите за пиење вода од неконтролирана урбанизација. o Отстранување на диви депонии крај реки и езера. o Поставување систем за контрола и санкции за исфрлање отпад. o Редовно чистење на речни корита и потоци. Заштита на природата и локалниот биодиверзитет o Редовна грижа за зелените површини, парковите и шумите; o Вклучување на младите и локалните заедници во акции за зачувување на природата; o Локални планови за управување со паркови, шуми и заштитени подрачја; o Воспоставување на ренџерски и инспекциски служби за контрола на нелегални активности; o Развивање на еко-туризам, рурален туризам и агро туризам;. o Заштита и обновување на шумите; o Изработка на локални програми за заштита од пожари и ерозија; o Зачувување на речни екосистеми и забрана за неконтролирана градба и експлоатација крај реки и езера. o Заштита на водните живеалишта на риби, птици и други видови. o Засадување медоносни растенија, заштита на ливадите и поддршка за локални пчелари o Изградба на зелена урбана инфраструктура o Одржливо управување со природните реткости и заштитените подрачја o Воведување на Nature-Based Solutions (решенија базирани на природата) во урбано и рурално планирање. Само заедно можеме да изградиме здрава, чиста и одржлива општина за сегашните и идните генерации. Со почит, дипл.инж.жив.сре. Методија Саздов, Претседател Здружение на инженери за животна срединаТагови: Здружение на инженери за животна средина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗлатан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајкаЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици. Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра. Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела. Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет. Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг. Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии. По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот. Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20