Веб ТВЗдраво Македонијо - 13.11.2026 - дел 1Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео-фото: Салма Хајек има 60 години и изгледа подобро од кога било.Жешката Мексиканка, Салма Хајек и на почетокот на седмата деценија од животот воодушевува со својот изглед и природни бујни облини. Кога Салма Хајек во раните 1990-ти години пристигнала во Лос Анџелес во Мексико веќе уживала статус на телевизиска ѕвезда. Во Холивуд, сепак, тоа не значеше речиси ништо. Напротив, раководните лица од филмските студија ѝ рекоа дека е родена во „погрешна земја“, дека нејзиниот акцент ќе ја спречи некогаш да стане главна актерка и дека, штом ќе проговори, ќе ја потсети американската публика на домашните помошнички. Со текот на годините, Хајек во неколку наврати јавно зборуваше за овие разговори. salma hayek at 60... generational milf https://t.co/Mt6vv32gnf — siren crave (@sirencrave) September 11, 2026 На 2 септември таа наполни 60 години. Зад неа се номинација за „Оскар“, значајна холивудска кариера, сопствена продукциска куќа, култни филмови и речиси четири децении во текот на кои таа постојано успеваше да ги надмине очекувањата на филмската индустрија. Она што е особено интересно е тоа што нејзината приказна сè уште не се претворила во ретроспектива. Само еден ден пред нејзиниот 60-ти роденден, Хајек беше фотографирана во Њу Џерси, на сетот на филмот „Grown Ups 3“, заедно со Адам Сендлер. Салма Хајек е родена на 2 септември 1966 година во Коацакоалкос, во мексиканската држава Веракруз. На 22-годишна возраст, таа ја добила главната улога во теленовелата „Тереза“, што ја направи едно од најпрепознатливите телевизиски лица во земјата. Salma Hayek is 58 years old. https://t.co/ssN5Dx2bmN — non aesthetic things (@PicturesFoIder) February 19, 2025 Таа можеше сосема комотно да ја продолжи кариерата што веќе ја имаше изградено. Наместо тоа, во 1991 година одлучила да се пресели во Лос Анџелес, иако нејзиниот англиски јазик сè уште не бил доволно добар за работа во американската филмска индустрија. Почнала да посетува часови по јазик и глума, практично почнувајќи од нула. Јазичната бариера не бил единствениот проблем. Хајек подоцна раскажа дека постојано ѝ велеле оти ниту исклучителниот актерски талент, ниту убавината не можат да го променат фактот дека Холивуд не е подготвен да ѝ додели главна улога – како хероина, адвокатка или деловна жена – на Латиноамериканка со акцент. Happy 60th birthday, Salma Hayek! https://t.co/iWmZ6VG0FX — DepressedBergman (@DannyDrinksWine) September 2, 2026 Во еден случај, режисерот Иван Рајтман дури не ѝ дозволи ни да оди на аудиција за главната женска улога покрај Харисон Форд во филмот „Шест дена, седум ноќи“, бидејќи ликот не бил замислен како Латиноамериканка. Улогата на крајот ѝ припадна на Ен Хеч. Хајек уште многу рано сфати уште една работа: филмската индустрија можеби не ја замислувала Мексиканката како главен лик, адвокатка или деловна жена, но ја замислувала како егзотична убавица. Наместо да се преправа дека тој стереотип не постои, таа одлучи да го искористи како влезница. Подоцна објасни дека свесно усвоила крајно сензуален имиџ, бидејќи тоа бил просторот што Холивуд ѝ го нудел во тоа време, а потоа се обидувала да внесе хумор, интелигенција и карактер во своите улоги, дури и кога сценариото не го барало тоа. Пресвртницата се случи кога Роберт Родригез ја избра за филмот „Десперадо“. Si, así de hermosa la mexicana SALMA HAYEK #SwimSuit2025 🔥 fotografia by #RuvenAfanador #marshallheyman https://t.co/IbtFvBabfH — Laura Estrada Tv (@LauraEstradaTv) May 13, 2025 Актерка, продуцентка, режисерка, една од првите големи мексикански ѕвезди во модерниот Холивуд, активистка која со години ја поддржува борбата против насилството врз жените – Салма Хајек изгради кариера многу поширока од онаа што индустријата првично ѝ ја намени. Денес, заедно со нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, таа е вклучена и во иницијативите на фондацијата „Керинг“ (Kering Foundation), која собира средства за организации што се борат против родово заснованото насилство. Убавина и искуство Па така, можеби најмалку интересниот факт во врска со нејзиниот 60-ти роденден е тоа колку добро изгледа.Тагови: Салма Хајек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЗлатан потрошил девет милиони евра на црква: ѝ ја подарил на својата мајкаЕден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди.Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, Швеѓанецот со потекло од Балканот, Златан Ибрахимовиќ во текот на својата кариера, стекна огромно богатство и се здоби со статус на една од најголемите фудбалски ѕвезди, сепак, како што често се истакнува, тој никогаш не го заборави своето тешко детство, ниту семејството кое се соочи со бројни животни предизвици. Неговата мајка, Јурка Гравиќ, зазема посебно место во неговиот живот. Според медиумските извештаи, Златан ѝ подарил нешто навистина извонредно на својата мајка – ѝ купил црква во Шведска, чија вредност изнесува 9,24 милиони евра. Покрај црквата, тој ѝ купил стан на мајка си во Новаља, а обезбедил и луксузен имот за својата сестра, Санела. Овие гестови често се наведуваат како доказ за неговата посветеност кон семејството, кое – и покрај неговата светска слава и успех – останало негов најголем приоритет. Зад животот што го води Златан денес, стои тешка семејна историја. Неговата мајка, Јурка – која потекнува од селото Пркос во околината на Задар во Хрватска – заминала за Германија на само 17-годишна возраст, во потрага по подобар живот. Како што своевремено раскажа нејзиниот брат, Гојко Гравиќ, таа токму таму ги добила ќерките Моника и Виолета, со својот прв сопруг. Откако тој брак завршил, таа се омажила за таткото на Златан, Шефик Ибрахимовиќ – познат како „Кинко“ – фолк-пејач од Бијелина. Тие добиле две деца, Златан и Санела, но семејството подоцна се соочило со бројни тешкотии. По вториот развод, Јурка живеела со своите деца во Малме, каде што животот бил сè, само не лесен. Златан во неколку наврати зборувал за своето растење во сиромаштија, истакнувајќи дека токму тие искуства го научиле да го цени она што го има денес. „Растев во сиромаштија, но тоа ме научи да го ценам она што го имам денес. Семејството за мене отсекогаш било на прво место“, изјавил фудбалерот. Денес, Ибрахимовиќ поседува бројни недвижнини, вклучително и вила во Калифорнија – проценета на околу 1,5 милиони евра – која располага со тениски терен и базен. Во приватниот живот, тој ужива во времето поминато со својата сопруга Хелена, која е 11 години постара од него. Исто така, не е многу познато дека неговиот татко, Шефик Ибрахимовиќ, бил фолк-пејач кој настапувал низ цела поранешна Југославија. Тој дури му посветил и песна на својот син, насловена „Злато, Златане“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовторна расправа за Законот за јавни набавки во СобраниетоВо Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства. Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook