СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци
2СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци
Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
ЗдравјеЗдравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат Лабораторијата при јавната здравствена установа Здравствен дом Вевчани доби нов имунолошки апарат од најнова генерација. Апаратот, како што соопшти ЈЗУ Здравствен дом Вевчани, значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат пациентите. - Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести, стои во информацијата. Воведувањето на овој апарат, како што е наведено, е дел од пошироката стратегија за модернизација на медицинската опрема и постојано унапредување на услугите во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко ФилипчеИслам Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Венко Филипче, откако обинителките од поранешно СЈО со години го чуваа во фиока.Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 наши сограѓани. Филипче и Заев, наместо да ги подобрат стандардите на болниците, тогашното Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го менува Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема, за чие поставување и одобрение ќе издава Министерството за здравство или, Венко Филипче како тогашен министер. Ова значи дека Венко Филипче носи директна одговорност за поставувањето на модуларните болници, и секако и за трагедијата што се случи во Тетово. Дополнително, Филипче не потпишал минимум технички спецификации, ниту пак направил елаборат за електрична енергија, со што е директен виновник за пожарот на 8 септември, а исто така, не смееме да заборавиме дека објектот во Тетово бил поставен директно над резервоар на бензиска станица. Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење. И тоа, на само месец дена од заминување од челната позиција во обвинителство, Абази си ги одработува последните нарачки за заштита на своите шефови и спас на Венко Филипче од кривичен прогон. Но, затворањето на предметот не значи дека вистината е засекогаш затворена, може да се случи да се појават нови докази и постапката може повторно да биде отворена. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инсистира на целосно расчистување на трагедијата во Тетово и на одговорност за сите кои направиле пропусти или злоупотреби, затоа што правдата за 14-те загинати не смее да остане во фиока. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари - Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоциХристијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек.Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката. Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не нѐ известил. Влече тешка медиумска артилерија од Србија за да ги зајакне орбановите 40 проценти. Целта е целосен медиумски мрак. Граѓаните да не знаат кога водата е отруена. Да не знаат дека нема пари. Пет недели да не знаат резултати од анализи. Да знаат само што ќе им кажат Латас и увезените емисии. А опозицијата да ја викаат - "убијци". Има апсолутна власт. Има двотретинско мнозинство. Има претседателка, влада, Собрание и мнозинство во најголем број општини. Избори закажува тој, кога сака. Не му треба ни наша согласност, ни туѓа храброст. Му треба алиби. Да не каже дека касата се празни. Да не каже дека за коруптивни тендери веќе нема простор за ново задолжување. Да каже: нѐ предизвикаа. Ние само одговоривме. СДСМ нема да му го даде тоа алиби. Не бараме ние негови избори за да му го покриеме банкротот. Избори ќе закаже кога ќе снема пари. Тоа е неговиот календар, не нашиот. Веќе се јавија и тие што секогаш се јавуваат кога треба да се одигра претставата. Истиот ден по неговата реченица, дојде повик да се распушти Собранието и да се утврди датум. Практично. Брзо. Како по нарачка. Граѓаните знаат кој во оваа драма секогаш ја зема споредната улога за главната да остане чиста. Тоа не е опозициски притисок. Тоа е услуга. Мицкоски нека не се крие зад кукавици, зад туѓи соопштенија и зад братот од Белград. Ако сака избори, нека ги закаже. Самиот. Со свој потпис. И нека излезе пред граѓаните со празниот буџет, со водата во Гостивар, со починатите во Скопје, со 5.000 отруени, со пиперката од 40 денари и со фрижидерот и паричникот што се празни. Па нека објасни како сме трета економија во Европа, како платите се поголеми за 70 проценти, пензиите повисоки за 325 проценти, што ќе биде со вториот пензиски столб, со цената на нафтата, со ѓубривото, со првото место по туризам, со лидерството во авио-сообраќајот. Единствено што мора да пронајде е нова мета за националистичка кампања. Предавници и патриоти, само сега во нов облик. Бидејќи резултат нема, ќе измисли проблем. На пример - меѓуетнички. Тоа му треба на Мицкоски. Тоа му треба и на Вучиќ. Ние нема да му бидеме алиби. Граѓаните ќе бидат сведоци. Сведоци на водата што се крие, на мракот што се увезува, на кампањата што го нарекува убиец оној кој бара одговор, и на избори што се кројат кога ќе снема пари за криминални тендери. Не кога ќе има резултат. Ние сме спремни со народ, со тим и со план, кога и да бидат. Не сме спремни да му бидеме изговор. Власта ја доби за четири години. Нека каже самиот, а не да прави претстава. Нека престане да ги рециклира изборите секогаш кога нема што да покаже. Народот го гледа! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмериканскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“го напушти Блискиот ИстокИ, носачот на авиони „Абрахам Линколн“ замина од Блискиот Исток. Американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се упати кон Соединетите Американски Држави од Блискиот Исток, по девет месеци поминати на море од страна на екипажот и маринците, соопшти денеска еден американски претставник. Официјално лице изјави за „Си-Би-Ес Њуз“ (CBS News) дека американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ пристигнал на Блискиот Исток за да го замени „УСС Абрахам Линколн“, кој испловил од Сан Дијего на 21 ноември со околу 5.000 членови на екипажот. Американската војна со Иран, која започна кон крајот на февруари, ја продолжи мисијата и го зголеми обемот на нивните обврски, при што „УСС Абрахам Линколн“ служеше како појдовна точка за илјадници летови на авиони за време на нападот врз Иран. Членовите на семејствата на американските морнари јавно изразија загриженост поради влошеното ментално здравје на екипажот на бродот, како и поради санитарните услови и недостигот на храна, по што бродот „УСС Абрахам Линколн“ беше посетен од командантот на Централната команда на САД (CENTCOM), адмирал Бред Купер. На носачот на авиони ќе му бидат потребни околу три недели за да се врати во Сан Диего.Тагови: носач на авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter