Здраво Македонијо - 31.08.2026 - дел 2 - Канал 5

Здраво Македонијо - 31.08.2026 - дел 2

Здраво Македонијо - 31.08.2026 - дел 2
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Секој ден излегуваат нови детали кои го потврдуваат она за што СДСМ предупредува: под радарот, далеку од очите на граѓаните, се договараат бизниси со стратешките ресурси на Македонија: водата, струјата, земјата.

Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Мицкоски вели дека се ќе биде транстапрентно а јавно признава дека преговара со 5-6 инвеститори.

Со кого се договара Мицкоски „под радарот“ никој не знае.

Имиња не се објавуваат.

На кого Мицкоски му ги става на располагање водата, земјата и струјата на Македонија?

Колку ќе ги чини тоа граѓните? Пари, вода, плодно земјиште?

Граѓаните не знаат ништо.

Мицкоски работи „под радарот“.

Затоа вчера го пушти пратеникот на ВМРО-ОКГ, Миле Лефков, да го правда.

За кредибилитетот на Лефков нема да трошиме ниту збор граѓаните многу добро знаат дека го нема.

Но тврдењата дека комерцијалните дата центри имаат врска со Реформската агенда со Европската Унија е класична лага.

Што има заедничко националниот дата-центар за чување на податоци на државните институции со комерцијалните дата-центари што Мицкоски ги договора за некој странски инвеститор, со огромна потрошувачка на струја и вода?

Апсолутно ништо.

Станува збор за две сосема различни работи.

ВМРО-ОКГ толку многу лаже и свесно ги манипулира граѓаните за да ги збуни и да ја прикрие вистинската намера – ресурсите на државата да ги стави во функција на приватни интереси за профити и провизии.

Ова е обид да се оправда нешто што нема никаква врска со европската агенда, туку со тендерски апетити.

Зошто постојано мешаат јавни обврски со приватни дата-центри за инвеститори?

За приватните инвестиции кои Мицкоски ги договара „под радарот“да ги покријат со европската Реформска агенда која не ја исполнија.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки: „Заедно за иднина – Приклучи се!”: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови.

Ковачки: „Заедно за иднина – Приклучи се!”: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв дигитален процес на зачленување

Заедно за иднина – Приклучи се

Со оваа порака ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и за отворање на партијата за нови членови.

Во следниве три месеци, до 30 ноември, сакаме да направиме уште еден голем чекор во развојот на ВМРО-ДПМНЕ, да изградиме посовремена, поорганизирана и уште посилна политичка организација, подготвена за иднината.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќедецениска историја, силна организација и огромно членство. Нашата сила се луѓето.

Луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето кои верувале кога било тешко, кои работеле, се бореле и придонесувале. Но и новите генерации кои денес имаат знаење, идеи, енергија и желба да бидат дел од создавањето на иднината на Македонија.

Затоа нашата порака е едноставна: Обнови го членството. Биди активен и биди дел од иднината.

Од 1 септември до 30 ноември секој постоечки член, ќе може да ги потврди или ажурира своите податоци.

Истовремено, ги отвораме вратите на ВМРО-ДПМНЕ за секој граѓанин кој ја прифаќа нашата програма и сака да ни се приклучи.

Без препорака. Без некој да мора да ве воведе.

Ако имаш идеја – има место за тебе. Ако имаш знаење – има место за тебе. Ако имаш енергија и сакаш да придонесеш – има место за тебе.

Твоето место е со нас.

ВМРО-ДПМНЕ е отворено за нови знаења, нови вештини и нова енергија. Сакаме да го зачуваме тоа што сме го изградиле и сакаме да го надградиме.

И затоа правиме уште еден важен исчекор. За првпат во Македонија, една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството.

Нашата партиска ИТ комисија изработи веб-апликација која веќе е ставена во функција во општинските комитети, а мобилната верзија е доставена до Google и до Apple и после нејзиното одобрување ќе биде достапна и на мобилните телефони, за што доплонително ќе ја известиме јавноста.

Тоа значи пријавата, верификацијата, прифаќањето на Статутот и потврдата за членството ќе можат да се завршат дигитално, од телефон, за само неколку минути.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ кое се менува со времето, кое ги користи новите технологии и кое гради модерна организација за новите генерации.

Но никого не оставаме зад себе.

Дигитализацијата е дополнителна можност, а не замена за досегашниот начин. Секој што сака лично да го ажурира своето членство или да се зачлени ќе може тоа да го направи во општинските комитети.

Од 1 септември до 30 ноември, секој ден од 17:00 до 20:00 часот, нашите општински комитети ќе бидат отворени за членовите и за сите граѓани кои сакаат да ни се приклучат.

Личните податоци, како и досега, ќе се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци.

Почитувани,

Во ВМРО-ДПМНЕ ги поврзуваме искуството и традицијата со новата енергија. Ги обединуваме луѓето кои со децении се дел од ВМРО-ДПМНЕ со оние кои денес за првпат сакаат активно да придонесат.

Затоа ги повикувам нашите членови: ажурирајте го своето членство.

А до сите оние кои досега не биле дел од ВМРО-ДПМНЕ, а веруваат дека можат да придонесат за посилна и поуспешна Македонија, нашата порака е:

Твоето место е со нас.

Заедно сме посилни. Заедно одиме напред. Заедно за иднина – Приклучи се!

За ВМРО-ДПМНЕ. За Македонија.

YouTube video

Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Седум недели поминаа, каде е документот за водата во Гостивар?

Гостивар беше отруен, над 5.000 граѓани завршија во болница.

СДСМ: Седум недели поминаа, каде е документот за водата во Гостивар?

Поминаа седум недели.

Каде е документот за водата во Гостивар?

Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај?

Нема одговорни. Го нема обвинителството. Сите на екскурзија.

Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации.

Водата прво беше прогласена за безбедна а по само неколку дена потоа за небезбедна за пиење.

Потоа од владата на Мицкоски рекоа дека може да се корсти само за техничка употреба.

Тошковски спроведуваше хиперхлорирање.

После тоа Ангелов и Клековски кажаа дека има бактерии во водата.

Додека Мицкоски и Клековски беа на екскурзија функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.

Клековски објавуваше некои половични извештаи.

Но, никогаш во овие седум недели не се објавија целосните резултати од анализите на водата.

Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?

Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер