Здраво Македонијо - 30.07.2026 - дел 1 - Канал 5

Здраво Македонијо - 30.07.2026 - дел 1

Здраво Македонијо - 30.07.2026 - дел 1
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски.

Филипче до Мицкоски: Кој премиер е виновен што Македонија тоне во загадување, сиромаштија и корупција?

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека неспособноста, корупцијата и лагите се на директна штета на граѓаните за што директно го обвини Мицкоски.

„Сè повеќе на виделина излегуваат неспособноста, коруптивните практики и лагите со кои владеете. Не помага ниту „силниот“ ПР, луѓето едноставно повеќе не веруваат, маските се паднати и веќе ова вие не можете да го сокриете“, истакна Филипче.

Тој посочи дека Владата нема одговор за серијата случаи со загадена вода низ државата и дека граѓаните остануваат без информации за ризиците по нивното здравје, додека никој не презима одговорност за труењето на граѓаните.

„Водата е загадена во пола држава: Во Гостивар, во Валандово, во Скопје, во повеќе општини, а немате одговор на многу прашања. Чија е одговорноста, кој правел контрола, зошто не се јавувале и пријавувале соодветно резултатите?“, праша Филипче.

Претседателот Филипче побара Владата веднаш да ги објави резултатите од анализите за водата во Гостивар и да стави крај на контрадикторните информации што ги пласираат институциите.

„Зошто не ги објавувате резултатите од водата во Гостивар? Зошто имате контрадикторни изјави, вие едно, министерот за здравство друго, дека наводно ќе била добра за пиење, а потоа ќе била само технички исправна водата? Луѓето се збунети, не знаат што да прават и не знаат кому да веруваат“, рече Филипче.

Во однос на случајот со Лепенец и водоснабдувањето на Скопје, тој предупреди дека јавноста и понатаму не добива одговори иако станува збор за место каде во блоизина има бунари кои дополнуваат изворот на вода од која пие цело Скопје.

„Загадена вода на местото каде што има бунари кои го дополнуваат изворот, од кој пие вода цело Скопје, и нема никаква информација“, нагласи Филипче.

Осврнувајќи се на животниот стандард, претседателот на СДСМ истакна дека реалноста целосно ги демантира владините тврдења.

„Паѓаат во вода приказните за „стандардот“. Секој ден ви е полна устата. Четврти сме биле во Европа, трети, сега сме први, ама луѓето знаат како живеат. Тие живеат на работ на егзистенцијата. И сега „Евростат“ го потврди тоа: последни сме во Европа по стандардот и по примањата, најниски, на дното“, рече Филипче.

Тој додаде дека додека цените растат, платите остануваат замрзнати.

„Нема најави за зголемување на стандардот, нема најави за зголемување на платите. Сè порасна, сите цени се зголемија, освен платите. Тие стагнираат... Луѓето се на работ на егзистенцијата“, рече Филипче.

Во делот за корупцијата, Филипче потсети на последните оценки од Европскиот парламент за состојбата во државата.

„Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство. И вие немате никаква реакција на тоа. Напротив, продолжувате со партизација на судовите“, потенцираше претседателот на СДСМ.

Филипче ја критикуваше и намерата на Владата да донесе закон со кој, како што рече, ќе се заобиколат системските правила за јавни набавки.

„Вчера предлагате закон со кој сакате да потрошите 20 милиони евра, заобиколувајќи ги сите системски закони во државава за јавни набавки. Па добро, што е целта? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето“, нагласи Филипче.

Во однос на европската интеграција, тој оцени дека Владата самата ги демантирала наративите што ги пласирала со години.

„Самите се демантирате... За пред некој ден да признаете, и вие и министерот за надворешни работи, дека сето тоа што сте го зборувале не било вистина. Па зар сега не се потврдуваат нашите тези и тоа што ние го зборуваме? Дека намерно не сакате во Европа? Дека намерно го блокиравте европскиот пат?“, рече Филипче.

На крајот, претседателот на СДСМ му постави директно прашање на премиерот за политичката одговорност.

„Моето прашање е следно: кој премиер е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи. Но сакам тоа да го слушнам од вас. Кој премиер е крив за сите овие работи во државата?“, порача Филипче.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швеѓаните продадоа два екстремно скапи авиони: Сите се прашуваат кој е купувачот?

Шведскиот одбранбен гигант „Сааб“ (Saab) на 27 јули 2026 година објави дека договорил продажба на два извидувачки авиони „ГлобалАј“ (GlobalEye) на неименувана земја од Блискиот Исток, во зделка вредна околу една милијарда долари.

Швеѓаните продадоа два екстремно скапи авиони: Сите се прашуваат кој е купувачот?

Испораките се планирани за 2030 година, а компанијата „Сааб“ (Saab) – повикувајќи се на националната безбедност и чувствителноста на воената индустрија – не го открива идентитетот на купувачот ниту дополнителни детали за договорот, пренесува „Дифенс блог“ (Defense Blog).

Ваквата таинственост не е невообичаена во воениот сектор, каде што продажбата на извидувачки авиони често вклучува договори за размена на разузнавачки податоци, а купувачите претпочитаат набавката на најсовремена извидувачка технологија да ја задржат подалеку од очите на јавноста.

Она што не е спорно е што всушност прави GlobalEye и зошто побарувачката за него постојано расте, пишува „Defense Blog“.

Изграден врз платформата на деловниот авион „Bombardier Global 6000“ и опремен со низа активни и пасивни сензори, GlobalEye е дизајниран истовремено да следи и идентификува цели во три домени – во воздухот, на море и на копно.

GlobalEye испраќа податоци во реално време, овозможувајќи им на командантите да ги забележат заканите пред тие да се приближат. Според податоците претставени од „Сааб“ (Saab) заедно со резултатите за вториот квартал од 2026 година, леталото може да остане во воздух до 12 часа по мисија и да открива цели на растојание поголемо од 650 километри.

Ова го вбројува во класата на извидувачки летала способни да го надгледуваат целото регионално боиште во текот на една патрола, далеку од која било граница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Поставени средства за смирување на сообраќајот во село Глишиќ

Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општина Кавадарци постави средства за смирување на сообраќајот на крстосницата од улиците „Шишка“ и „27 Март“ во село Глишиќ.

Јанчев: Поставени средства за смирување на сообраќајот во село Глишиќ

Со оваа интервенција се овозможува побезбедно одвивање на сообраќајот, намалување на брзината на движење на возилата и подобра заштита на пешаците и жителите.

Безбедноста на граѓаните останува еден од нашите главни приоритети, а ваквите активности ќе продолжат и на други локации каде што постои потреба од дополнително унапредување на сообраќајната инфраструктура, објави на својот профил на Фејсбук, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер