Веб ТВЗдраво Македонијо - 26.05.2026 - дел 2Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби во возила и безбеден сообраќајДенеска (15.06.2026) на подрачјето на Полициската станциа Центар, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања од областа на имотни деликти - „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.Основна цел на активноста е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. За време на активноста на возачите им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите додека се паркирани, за да не предизвикуваат оштетување на нивните возила и крадење на оставените вредни предмети. Притоа, по случаен избор на возилата беа оставани летоци со едукативна содржина. На 15.06.2026 на повеќе локации во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа превентивна активност под мото ,,Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“. За време на активноста до велосипедистите и возачите на тротинети беше упатена порака да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, на учесниците во сообраќајот им беа поделени и летоци со едукативна содржина, односно за важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Продолжуваат градежните активности за реконструкција на Градскиот базен КавадарциВо моментот интензивно се работи на партерното уредување околу базените, додека во двата базени завршува монтажата на новите плочки. Монтирана е и платформата за тобоганите, а паралелно се врши санација на летниковците. Чекор по чекор, Градскиот базен добива нов лик и ќе прерасне во модерен и функционален воден парк за сите генерации, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме да вложуваме во современа медицинска опремаПремиерот Христијан Мицкоски на трибина посветена на органодарителството и значењето на трансплантацијата.„Почитувани граѓани, Почитувани лекари, медицински сестри, здравствени работници, студенти, Почитувани семејства на донори, трансплантирани пациенти и пријатели, Денес сме собрани да зборуваме за една тема која ја допира самата суштина на човечкото постоење, за една тема која ги надминува границите на медицината, науката и институциите, и нè потсетува на највредното нешто што го поседуваме како луѓе – способноста да покажеме љубов, солидарност и грижа за другиот човек. Денес зборуваме за органодарителството и трансплантацијата. Зборуваме за животот. Зборуваме за надежта. Зборуваме за хуманоста која не познава граници и која во најтешките мигови покажува колку е голема силата на човечкиот дух. Органодарителството е еден од највозвишените чинови што човек може да ги направи. Тоа е одлука која не носи корист за оној што дарува, туку спасува животи на оние кои со денови, месеци или години ја чекаат својата шанса. Тоа е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува. Во свет исполнет со многу предизвици, поделби и неизвесности, органодарителството нè потсетува дека постојат вредности кои се над сè. Вредности кои нè обединуваат како луѓе и како општество. Вредности кои нè учат дека понекогаш најголемите дела не се прават со големи зборови, туку со тивки и храбри одлуки. Трансплантацијата не е само медицинска интервенција. Таа не е само процедура запишана во медицинските учебници или статистика во здравствените извештаи. Трансплантацијата е ново утро за човек кој мислел дека надежта исчезнува. Таа е нова можност за родител кој повторно сака да биде покрај своите деца. Таа е шанса млад човек повторно да учи, да работи, да создава семејство и да ги остварува своите соништа. Зад секоја успешна трансплантација стои една човечка приказна. Приказна за борба, за трпение, за вера и за надеж. Приказна за луѓе кои со месеци и години чекале повик што за нив значи нов живот. Приказна за семејства кои минувале низ неизвесност, но никогаш не ја изгубиле надежта. Но зад секоја успешна трансплантација стои и една друга приказна. Приказна за семејства кои во моменти на огромна болка и лична трагедија успеале да најдат сила да направат нешто што бара исклучителна храброст. Во мигови кога се соочуваат со најтешката загуба, тие одлучуваат животот да продолжи преку други луѓе. Токму затоа денес оддаваме најдлабока почит на сите донори и на нивните семејства. Нивната хуманост претставува светол пример за целото општество. Тие покажуваат дека и во најтешките мигови човекот може да најде сила да мисли на другите и да подари надеж таму каде што изгледало дека надеж повеќе нема. Посебна благодарност заслужуваат и здравствените работници кои се дел од овој сложен и исклучително одговорен процес. Нашите лекари, хирурзи, анестезиолози, координатори за трансплантација, медицински сестри и целиот медицински персонал се луѓе кои секојдневно носат огромна одговорност на своите плеќи. Тие работат кога другите одмораат. Тие дежураат кога другите спијат. Тие носат одлуки во моменти кога секоја минута може да значи разлика меѓу животот и смртта. Нивната работа не познава празници, не познава викенди и не познава работно време. Нивната мисија е животот. А животот нема пауза. Токму затоа нивната пожртвуваност заслужува најголема почит. Како држава, наша обврска е да бидеме нивен партнер во оваа мисија. Затоа продолжуваме да вложуваме во здравствениот систем, во современа медицинска опрема, во нови технологии, во едукација и усовршување на медицинскиот кадар и во создавање услови трансплантациската медицина да продолжи да се развива и да достигнува нови успеси. Силен и модерен здравствен систем не се гради преку ноќ. Тој се гради со посветеност, со визија и со постојани инвестиции во знаењето, луѓето и технологијата. Потребно е отворено да разговараме за органодарителството. Потребно е да ја подигнуваме јавната свест и да ги охрабруваме луѓето да се информираат за значењето на оваа благородна одлука. Затоа што никој не знае што носи утрешниот ден. Секој од нас може да се најде во ситуација да чека орган што ќе му го спаси животот. Но исто така, секој од нас може да биде причината некој друг да добие нова шанса. Големиот лекар, филозоф и хуманист Алберт Швајцер рекол: „Најголемата цел на човечкиот живот е да служи, да покажува сочувство и да има волја да им помага на другите.“ Токму во овие зборови е содржана суштината на органодарителството. Во него се спојуваат човечката добрина, сочувството и желбата да се помогне на човек што можеби никогаш нема да го запознаеме, но чиј живот ќе биде спасен благодарение на нашата одлука. Денес оддаваме признание на сите донори и нивните семејства. Им оддаваме признание на сите трансплантирани пациенти кои со својата храброст и истрајност покажуваат колку е вреден животот. Им оддаваме признание на сите медицински тимови кои секојдневно ја претвораат надежта во реалност. Нека нивните приказни продолжат да нè инспирираат. Нека нè потсетуваат дека најголемото богатство на едно општество не се неговите згради, патишта или технологии, туку луѓето. Луѓето кои знаат да помогнат. Луѓето кои покажуваат човекољубие. Луѓето кои веруваат дека туѓиот живот вреди исто колку и сопствениот. Да продолжиме да градиме општество во кое солидарноста не е исклучок, туку правило. Општество во кое хуманоста е наша најголема сила, а грижата за другиот човек наша најголема вредност. Нека секоја успешна трансплантација биде потсетник дека и кога изгледа дека надежта згаснува, постои светлина која повторно го осветлува патот. Нека биде потсетник дека зад секој спасен живот стои нечие големо срце, нечие благородно дело и нечива несебична љубов. Затоа што навистина нема поголем дар од можноста да му подариш живот на друг човек. Ви благодарам“, изјави Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter