Здраво Македонијо - 25.06.2026 - дел 1 - Канал 5

Здраво Македонијо - 25.06.2026 - дел 1

Здраво Македонијо - 25.06.2026 - дел 1
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Случај „ТАЛИР 2“: За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство

За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство –власта и опозицијата со спротивставени ставови по вчерашната пресуда за случајот „Талир 2“, со која екс премиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда.

Случај „ТАЛИР 2“: За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство

За ВМРО-ДПМНЕ правда, за СДСМ доказ за контролирано судство –власта и опозицијата со спротивставени ставови по вчерашната пресуда за случајот „Талир 2“, со која екс премиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда, а беше одбиено барањето за конфискацијата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање изјави дека за партијата, пресудата е во согласност со правдата, додека за ослободувањето на Груевски, вината ја гледа во претходната влада на СДСМ и ДУИ и измените на Кривичниот законик донесени во нивно време.

- Што се однесува за другиот дел од пресудата и лицето кое е опфатено со другиот дел од пресудата, од она што можев да го прочитам од одговорот на Кривичниот совет при Основниот суд, можам да заклучам дека станува збор за последица од законските измени во Кривичниот законик донесени од претходната влада на СДСМ и ДУИ и како резултат на тие законски измени, ние кажавме во минатото, многу политички амнестии имаше, но многу политички амнестии и ќе следат. За жал, еднаш кога ќе направите грешка, таа грешка станува правило и ве следи. А што се однесува до најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека правдата е задоволена, посочи Мицкоски.

Според опозициската СДСМ, пак, Мицкоски го спасил Груевски за „Талир 2“ и го вратил, како што велат, криминалниот имот на партијата. Од „Бихаќка“ реагираат дека судството и обвинителството се под директна контрола на Мицкоски и власта, а Груевски според нив продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста и без за него да се бара екстрадиција од Унгарија.

-Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Сега на сите граѓани им е јасно зошто ја тргнаa Ленче Ристовска, зошто и беа одземени овластувања, зошто таргет беа судии и обвинители, сите поврзани со предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, изјави Кузеска.

Инаку, образложувајќи ја одлуката за „Талир 2“ вчера судијката Даниела Алексовска Стојановска кажа дека истата е резултат на измените на КЗ од 2023, со кои се овозможи побрзо застарување на делото злоупотреба на службена положба и дека откако обвинителството го променило обвинението доказите останале непроменети, односно дека обвинителството не докажало дека Грувески го сторил делото со пречекорување на своите овластувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бегалецот од Полициската станица во Кочани, Александар Лазаров – Цуната, синоќа е уапсен во Скопје

По четири дена во бегство, полицијата повторно го уапси Александар Лазаров – Цуна, кој успеа да избега од Полициската станица во Кочани. 

Бегалецот од Полициската станица во Кочани, Александар Лазаров – Цуната, синоќа е уапсен во Скопје

По него беа распишани централна и меѓународна потерница, а МВР соопшти дека бил лоциран и лишен од слобода во Скопје, по што е спроведен во полициска станица за понатамошна постапка.

-Вчера по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик,- изјави – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Лазаров беше приведен во петокот поради сомнение за кривично дело поврзано со недозволена трговија со дрога. Но, додека се наоѓал во полициската станица во Кочани, успеал да избега преку прозорец по што во јавноста се отворија сомнежи за евентуални пропусти во полициското постапување. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека ќе биде спроведена внатрешна контрола за да се утврди како дошло до бегството и дали имало пропусти или одговорност кај полициските службеници кои биле задолжени за негово обезбедување.

-Со пронаоѓањето на бегалецот не завршува и нашата обврска за целосно расчистување на случајот. Внатрешната истрага продолжува и секој што со постапување или непостапување придонел за овој настан ќе сноси одговорност согласно закон и утврдените процедури.- -Александар Јанев – Директор на БЈБ.

По приведувањето Лазаров повторно ќе биде изведен пред надлежните органи, а истрагата продолжува и во делот на околностите под кои успеал да избега од полициската станица. Инаку тој беше спомнат и на судењето за трагедијата во Кочани, кога сведок го наведе како „главен дилер на дрога“ во дискотеката „Пулс“, кој бил повеќепати апсен и пуштан.

Во меѓувреме продолжија и политичките препукувања. Од СДСМ претходно оценија дека бегството е доказ за сериозни пропусти во безбедносниот систем и побараа политичка одговорност. ВМРО-ДПМНЕ пак ја поздрави брзата акција на полицијата, оценувајќи дека МВР покажало професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот. Според нив, со приведувањето на Лазаров се демантираат обвинувањата на СДСМ дека министерот Панче Тошковски сакал да му овозможи слобода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вард: Проширувањето на Унијата е важен приоритет на ирското претседавање со ЕУ

Проширувањето на Унијата е важен приоритет на ирското претседавање со Европската Унија, порача на амбасадрот на Ирска во земјава, презентирајќи ја програмата на официјален Даблин.

Вард: Проширувањето на Унијата е важен приоритет на ирското претседавање со ЕУ

Брендан Вард пред Националниот совет за евроинтеграции посочи дека ќе настојуваат Црна Гора да ги заокружи преговорите со Унијата до крајот на годинава и да постигнат суштински напредок со останатите три земји кандидатки кои ги започнаа преговорите по кластери. Во однос на Македонија најавува дијалог во рамките на Унијата за земјава да го направи потребниот исчекор.

-Проширувањето на Унијата е значителен приоритет за Ирска и ние ќе работиме кон завршување на пристапните преговори со Црна Гора и ќе настојуваме да постигнеме суштински напредок во преговорите со Албанија, Украина и Молдавија. Исто така, силно ја поддржуваме и Македонија и нејзиното пристапување во ЕУ и ќе работиме заедно со партнерите во Унијата и со властите тука во Скопје за да видиме кој напредок ќе може да се направи на тоа поле,- -Брендан Вард амбасадор на Ирска во Македонија со седиште во Романија.

Поддршка за европските вредности кои во минатото биле занемарени од некои земји членки е еден од трите приоритети на Ирското претседателство, изјави амбасадорот Вард. Да се почитуваат европските вредности упатија повик заменик претседателот на националниот совет за евроинтеграции – Антонијо Милошоски како и пратеничката од опозициските редови – Моника Зајкова. Милошоски од Ирското претседателство побара како што рече, почит и партнерски пристап но и поголема поддршка за „порационално однесување од одредени членки на ЕУ.„

-Македонија е спремна да разговара за тоа што треба да се направи дополнително за владеење на правото, за реформи во администрацијата, но навистина многу ни е тешко да разговараме за поглавја како политички суети и историски фрустрации. Таквите поглавја на историски фрустрации што се случило пред 150 години да биде детерминанта за тоа што треба да се случи утре како наша заедничка европска иднина, сметаме дека не се релевантни параметри за процесот на проширување,- -Антонијо Милошоски, заменик-претседател на Националниот совет за евроинтеграции.

-Апел до Ирското претседателство – ЕУ мора конечно да испрати јасна порака дека вредностите што ги проповеда, навистина и ги применува. Ако се бараат реформи тие треба да бидат мерени по ист критериум, за сите земји, ако се бара доверба, тогаш и европските ветувања мора да бидат предвидливи и исполнети,- - Моника Зајкова, претседателка на ЛДП.

Иако лидерот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче не беше присутен од како што рече неговиот заменик – Милошоски, оправдани причини, сепак од неговата партија упатија критики за тоа дека како што велат „додека другите напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација„ .

Додека четири земји направија нов чекор напред кон Европската унија, Македонија повторно останува заглавена...Наместо да ја искористи оваа шанса, Мицкоски ја држи Македонија во изолација. Со блокирање и со неисполнување на реформите, тој свесно ги затвора вратите за европските фондови, за инвестиции и за подобар животен стандард.

Се вели во партиското соопштение во однос на вчерашниот т.н „Супер вторник„ кога Брисел оддржа дури четири меѓувладини пристапни конференции со првенците – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер