Здраво Македонијо - 25.05.2026 - дел 2 - Канал 5

Здраво Македонијо - 25.05.2026 - дел 2

Здраво Македонијо - 25.05.2026 - дел 2
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку дена не работи апликацијата „Мој ДДВ“, УЈП тврди дека станува збор за технички проблеми

Наместо успешно скенирана сметка, граѓаните веќе неколку дена при обидот да ги скенираат фискалните сметки, добиваат известување дека апликацијата нема конекција со УЈП.

Неколку дена не работи апликацијата „Мој ДДВ“, УЈП тврди дека станува збор за технички проблеми

Ова е уште еден во низата проблеми со конектирањето на граѓаните со оваа популарна алатка кај граѓаните.

Од Управата за јавни приходи велат дека станува збор за технички проблем, но засега не откриваат што точно го предизвикало прекинот, ниту кога апликацијата повторно ќе биде целосно функционална.

-Ве информираме дека апликацијата Мој ДДВ моментално функционира со повремени забавувања. Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање.Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата, се вели во кусото соопштение од УЈП.

Проблемите со УЈП не се новина, во изминатиот период имаше и доцнења со исплатата на повратот на данокот што предизвика незадоволство кај корисниците. Иако во јавноста постојано излегуваат информации дека проектот можеби ќе се укине, министерката за финансии и директорката на УЈП секогаш го демантираа тоа, но нагласуваа дека МОЈДДВ според нив, не ги дава очекуваните резултати. Средствата од тековното тромесечје инаку, треба да се исплатат во рок од 60 дена по завршувањето на кварталот кој завршува на крајот на месецов.

Од СДСМ реагираат дека блокадата на апликацијата за поврат на ддв не е случајно, туку последица на како што велат, празната државна каса.

- Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните. Ова е уште еден доказ за тоа како функционира оваа власт. Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицковски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани.

Во меѓувреме, додека апликацијата МОЈ ДДВ се соочува со проблеми со функционирањето, од УЈП објавија нова листа на должници. Според податоците кои ги објавија, станува збор за над 5 илјади физички и правни лица кои должат речиси 13 милијарди денари данок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец  е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања.

Што може да донесе посетата на Марта Кос на Македонија во јули?

Претстојната посета на еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје следниот месец е дел од редовна регионална тура од која не треба да имаме големи очекувања со оглед на тоа дека условот за уставни измени за нас останува, оценува аналитичарот Петар Арсовски. Меѓутоа таа ќе донесе порака од Брисел дека проширувањето на Унијата е жив процес, додава Арсовски.

-Преговарачката рамка најверојатно ќе остане фиксна, можеби некаква интерпретација можеме да добиеме или потстрег и мислам дека тоа е главната порака на Комесарката – еден потстрег во рамки на сегашните можности за забрзување на евроинтегративниот процес. - Петар Арсовски, аналитичар

Според Арсовски, нон-пејперот на Мерц и Макрон кој се дискутираше во Тиват а според кој земјите кандидатки забрзано би се интегрирале за време на пристапните преговори, може да е тема на дискусија за време на посетата на Кос во Македонија.

-Имајте в предвид дека таа идеја за бенефитите, да не се чека крајот на преговарачкиот процес, туку постепено да се реализираат додека трае преговарачкиот процес. Имајте в предвид дека Македонија не е во преговарачкиот процес во моментов. Така што дури и да се прифатат сите идеи на Мерц и Макрон, тоа за на нас ќе важи само доколку ги одблокираме преговорите, носејќи ги уставните измени. Условите и мерит системот за преговорите не може да се смени, но можеме доколку се качиме на овој воз, можеме да почуствуваме дел од бенефитите на новата методологија. - Петар Арсовски, аналитичар

Тоа што утре Украина и Молдавија ќе започнат со отварањето на преговарачките поглавја, кај нас ќе создаде поделени чувства, оценува Арсовски. За едни тоа ќе создаде притисок за забрзување на евроинтегративниот процес, додека кај оние кои веќе скептично се однесуваат кон ЕУ, ќе иницира дополнително негодување сметајќи дека ЕУ не ги исполнува своите ветувања, посочува Арсовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети

Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на Северна Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија.

ВРЕДИ: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“! Прашање на приоритети

Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на ВЛЕН. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 месеци.

Ја потсетуваме ДУИ дека Албанците го чекаат овој автопат со децении. Според роковите што беа јавно ветувани, тој требаше да биде завршен приближно во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“. Очигледно, имале други приоритети. Не им биле грижа ниту Албанците, ниту автопатиштата.

Албанците добро ги знаат приоритетите на ДУИ за време на нивното владеење. Секојдневно сме гледале и сè уште гледаме скандали со злоупотреби, и со јавните пари и со ИПА-фондовите.

Со заминувањето на ДУИ од власта, престана масовната корупција и започна работата. Затоа оваа Влада го гради автопатот Скопје-Блаце, интензивно работи на Коридорот 8, го гради кампусот на УНТ, Болницата во Кичево и Болницата во Тетово, како и инвестира во основната инфраструктура во општините. Не сме биле сиромашни, сме биле ограбувани!

ВРЕДИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер