Веб ТВЗдраво Македонијо - 09.06.2026 - Христијан МаџовскиFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ФудбалКејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Светско првенство претставува најдобра можност во неговата кариера да го освои највредниот трофеј во репрезентативниот фудбал.Кејн ќе пристигне на своето трето Светско првенство по исклучителна сезона во клубот и репрезентацијата, а во интервју за „ITV Football“ тој нагласи дека никогаш не се чувствувал поподготвен за најголемите предизвици. „Во фудбалот, никогаш не знаете што може да се случи, па затоа пристапувате кон секој турнир како да може да ви биде последен. Ме познавате, сакам да играм долго, долго време. Чувствувам дека сум на својот врв, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што реков и претходно“, рече Кејн. Напаѓачот на Англија дополнително го зацврсти статусот на најдобар стрелец во историјата на националниот тим. Со гол на пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, тој стигна до својот 79-ти гол во дресот на репрезентацијата, додека вкупно во сезоната постигна дури 67 гола за клубот и репрезентацијата. Зборувајќи за претстојното Светско првенство, Кејн истакна дека комбинацијата од врвна форма и квалитетот на националниот тим му дава голема самодоверба и дека ја гледа оваа можност како најголема во неговата досегашна кариера, и за освојување на Светското првенство и за освојување на „Златната топка“. „Веројатно би рекол само дека, со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната што ја имав, ова е веројатно најдобрата можност што некогаш ќе ја имам во мојата кариера да освојам Светско првенство.“ Пред почетокот на Мундијалот, фудбалската репрезентација на Англија ќе има уште еден пријателски натпревар против Костарика, по што целосно ќе го насочи вниманието кон Светското првенство. „Гордиот албион“ ќе го отвои светското во Групата Л на 17 јуни со натпревар против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а на 27 јуни против Панама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарса го отпиша иако сезоната ја заврши со по 14 гола и асистенцииТој постигна 14 гола и имаше 14 асистенции оваа сезона, но шпанскиот шампион Барселона сепак одлучи да не ја продолжи соработката со него.Англискиот репрезенативец Маркус Рашфорд нема да игра за Барселона следната сезона. Каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи откупната клаузула од 30 милиони евра договорена со Манчестер Јунајтед минатото лето како дел од нивниот договор за позајмица. Англискиот напаѓач затоа се враќа во својот матичен клуб, според шпанските медиуми. Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон во Барселона беше јасен показател дека интересот за Рашфорд се намалил во клубот. Поранешниот играч на Њукасл игра на истата позиција со стандардниот Рафиња, што создава вишок во нападот на Каталонците. Покрај тоа, операцијата за доведување на Гордон беше исто така финансиски значајна, со оглед на тоа што Барселона плати 70 милиони евра за него. Иако можноста Рашфорд да остане не беше веднаш исклучена по пристигнувањето на Гордон, сега нема враќање назад. Рокот за активирање на откупната клаузула истекува следниот понеделник, а единственото нешто што би можело да ја промени одлуката би била сериозна повреда на еден од играчите за време на меѓународните настапи.Тагови: Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за социјална политика: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаОд министерството за социјална политика, демографија и млади пред малку информираа дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, велат од министерството.Тагови: Министерство за социјална политика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter