Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
2Николоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка
ФудбалДоговорен е еден од најголемите трансфери во фудбалката историја Бредли Баркола доби подарок во форма на историски трансфер неколку дена пред неговиот 24-ти роденден. Поранешното лево крило на ПСЖ и Франција, кој постигна три гола на неодамнешното Светско првенство, за малку ќе потпишеше за Ливерпул. Сигурниот Дејвид Орнштајн објави: „Ливерпул договори сè за трансферот на Бредли Баркола од ПСЖ. Крилниот напаѓач на парижаните доаѓа за 106 милиони фунти фиксни и 17 милиони фунти бонус. Претворено во евра, обештетувањето е 125 милиони + 20 милиони. Францускиот репрезентативец ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор со Липоол за 24 часа“. 🚨 Liverpool complete agreement with Paris Saint-Germain to sign Bradley Barcola. Deal for 23yo #PSG winger worth £106m + up to £17m add-ons (€125m + €20m package). France int’l poised to do medical in next 24hr & join #LFC on 5yr contract @TheAthleticFC https://t.co/UMtgD4XEIQ — David Ornstein (@David_Ornstein) August 29, 2026 Баркола во ПСЖ дојде пред три години од Лион со отштета од 45 милиони евра. Оттогаш одигра 152 натпревари со учинок од 39 гола и 37 асистенции. Тој освои три француски титули и две титули во Лигата на шампионите, како и два домашни купа, како и еден Интерконтинентален куп. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 90 милиони евра. Влегува на седмото место, а може да скокне и на третото Трансферот на Баркола е еден од најскапите во историјата. Фиксната сума за обештетување од 125 милиони евра го става на седмото место. Ја дели со Јано Диоманде, кој неодамна за истата сума се пресели од Лајпциг во Реал. Доколку се исполнат условите за активирање на бонусот од 20 милиони евра, тој се искачува на третото место од кое ќе го измести нешто поевтиниот Александар Исак. Минатото лето беше купен и од Ливерпул. Најскапите трансфери во историјата: 1. Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра 2. Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра 3. Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за 145 милиони евра 4. Морган Роџерс од Астон Вила во Челзи за 137 милиони евра 5. Елиот Андерсон од Нотингем во Манчестер Сити за 135 милиони евра 6. Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра 7. Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за 125 милиони евра 8. Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи за 121 милион евра 9. Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра 10. Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 118 милиони евраКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизОдложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави. Пораката на бендот до публиката Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението. View this post on Instagram A post shared by Parni Valjak (@parnivaljak) „Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“ Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој. „Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“ Информации за билетите Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.Тагови: Парни ваљак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаШасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработкаМинистерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда. Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества. Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.Тагови: Јетон Шасивари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаНиколоски - Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработкаЗаменик-претседателот на Владата, Александар Николоски во рамки на работната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со Филип Ивановиќ, заменик-претседател на Владата на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи.На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, продлабочување на добрососедските односи и можностите за интензивирање на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската интеграција на земјите, регионалната соработка и значењето на заедничката посветеност на европската перспектива на регионот. Беше заклучено дека на регионот му се потребни партнерства, регионална повраност и економска соработка. Македонија е подготвена да биде активен партнер во создавањето таков регион, истакна на средбата вицепремиерот Николоски. Соговорниците ја потврдија важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација, како основа за зајакнување на партнерството меѓу двете земји како и унапредување на стабилноста и просперитетот на регионот.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook