Здраво Македонијо - 05.11.2026 - дел 1 - Канал 5

Здраво Македонијо - 05.11.2026 - дел 1

Здраво Македонијо - 05.11.2026 - дел 1
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Општина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава.

Работилниците ги водеше проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, која со присутните разговараше за раното препознавање, соодветното реагирање и превенцијата од врсничко насилство, споделувајќи стручни совети и практични насоки.

„Врсничкото насилство е проблем што не смее да се игнорира и за чие спречување сите имаме одговорност. Важно е родителите, наставниците и стручните служби навреме да препознаат кога детето се соочува со насилство и соодветно да реагираат. Молчењето и игнорирањето можат да остават сериозни и долготрајни последици врз детето и целото семејство“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Паралелно, и во центарските основни училишта се реализираа различни активности посветени на менталното здравје и спречувањето на врсничкото насилство. Учениците следеа едукативни предавања на темата „Врсничко насилство“ во соработка со СВР Скопје, се организираа работилници под мотото „СТОП за булингот“, а дел од учениците посетија и театарски претстави преку кои, на интересен и пристапен начин, им беа пренесени пораки за пријателство, прифаќање и градење здрави врснички односи.

Општина Центар останува посветена на создавање безбедна училишна средина. Важно е секое дете да знае дека насилството не е прифатливо, дека не треба да молчи и дека секогаш има кому да му се обрати за помош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1!

Тренерот на „чудото од покрај езерото“, легендарниот ас на Барселона, Челзи..., Сеск Фабрегас, долго време ги средуваше впечатоците по историската победа на Комо над Ланс со 9:1 во 4. коло од Лигата на шампионите.

Предводникот на Комо, Фабрегас има една забелешка по историскиот триумф од 9:1!

Фабрегас и неговите играчи се вистински хит оваа сезона. И не само тоа – тие се сензација.

Фудбалот што го играат е нешто што долго време не е видено, дури ни на елитно ниво. Играат како вистински да се „играат“.

Фудбал во кој човек лесно може да се заљуби.

Комо е дебитант во Лигата на шампионите, а како новајлија во најсилното европско натпреварување, тие делат фудбалски лекции, довчерашниот второлигаш, сезонава го победи Лајпциг со 4:1, Јунајтед со 4:1, а Ланс со 9:1. Единствениот пораз го претрпеа од Феенорд, со 2:3.

Инаку пред само две сезони, Комо беше член на Серија Б. Тогаш тимот го презеде Сеск, кој во тоа време сè уште ја немаше задолжителната УЕФА „Про“ тренерска лиценца.

„Ова е само нашиот четврти натпревар во Лигата на шампионите, а бројот четири е дефинитивно важен број за нас“, изјави Фабрегас со насмевка за „Скај Италија“ (Sky Italia) по величествениот резултат на стадионот „Болеар“. Сеск очигледно прераснува во одличен тренер. А имаше и од кого да учи.

По Пеп Гвардиола и Луис Енрике, актуелниот тренер на Комо е уште еден производ на системот на Барса, но и на шпанскиот фудбал, кој доминира во светот.

„Среќен сум, ова е фудбал и сè се одвиваше во наша корист. Момците си ја завршија работата одлично, а сега мораме да се подготвиме за многу важен натпревар во недела – деветти по ред во периодот меѓу паузите за репрезентативните обврски.“ Комо е во одлична серија – победата против Ланс беше шеста по ред во сите натпреварувања. И покрај историската победа, перфекционистот Фабрегас беше незадоволен од една работа – примениот гол. „Лут сум поради примениот гол, бидејќи направивме промена во дефанзивната поставеност по трите извршени замени. Плус, голот го постигна мојот поранешен соиграч (Рубен Агилар), со кого играв во Монако. По натпреварот му реков дека никогаш претходно нема постигнато таков гол. Навистина беше прекрасен погодок.“ Она што беше впечатливо во овој дуел е дека сите девет гола на Комо беа постигнати по одлична тимска игра и организирани акции.

Тоа е печатот на Фабрегас. Екипата игра. Тоа е толку препознатлива карактеристика на „Ла Масија“. Ова е „тика-така“ од крај езерото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!

Силно торнадо во средата ја погоди бразилската држава Санта Катарина и ја уништи аеродромската инфраструктура во градот Шапеко.

Видео: Торнадо уништи аеродром во Бразил, летови прекинати...!

Драма на пистата среде катастрофата: „Авионот силно се тресе“ .

Внатрешноста на терминалот и кровната конструкција се урнале под налетите на ветерот, хангарите и главната сала претрпеле оштетувања, а ветерот откорнал метални конструкции на влезот и искрши прозорци.

Снимките од дрон покажуваат оголени покриви во неколку делови од аеродромскиот комплекс, а дел од урнатата конструкција паднала дури и врз еден помал авион. Сите летови се прекинати.

Концесионерот „Voe Xap“ го потврди прекинот на работењето, односно на полетувањата и слетувањата, и апелираше до патниците да не доаѓаат на аеродромот додека техничките екипи вршат детален увид и санација на штетата.

Градските власти соопштија дека работењето е прекинато до петок, додека концесионерот наведува дека прекинот е на неодредено време.

Во моментот кога торнадото удри, патничкиот авион на „Азул“ се наоѓаше на пистата, подготвувајќи се за полетување. Во разговорот со контролната кула беше опишана ситуацијата на пистата.

„Стоиме, авионот силно се тресе, се поместува... Застанавме на пистата, леталото се движи, не можеме... радио врската... Чекаме да се смири за да можеме да се вратиме на паркинг-позицијата.

Се враќаме кон влезот на позицијата. Ќе процениме дали можеме да влеземе“, им рекоа членовите на екипажот на контролата на летање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер