Здравко Чолиќ објави нова песна, создадена во соработка со Дино Мерлин (ВИДЕО)

По цели две години Здравко Чолиќ објави нова песна наречена „Бирај ти“.

Текстот и музиката на песната се напишани од Дино Мерлин, објави Индекс.

Песната „Бирај ти“ носи носталгична приказна за спомените и сеќавањата на една стара љубов која се враќа, а чија судбина ја решава таа, жената која авторот ја нарекува Јелена.

Музичкиот аранжман е на Марко Стојановиќ Луис, а спотот за песната е снимен под режисерската палка на познатиот босанско-херцеговски режисер Арнеј Мисирлиќ. Како позадина за видеото е избрано виенското кафуле на култниот хотел Европа.

Песната е достапна на сите стриминг платформи и на официјалниот јутјуб профил на Здравко Чолиќ.

Неговите обожаватели до крајот на годината ги очекуваат бројни премиери на нови песни, кои ќе бидат увертира на 16-тиот студиски албум.

Ѓоковиќ оди во Шпанија за да го испрати Надал во пензија: Ќе бидам таму и ќе ти оддадам почит

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се пензионира, да го закачи рекетот и да стави крај на многу, многу успешната кариера која ја имаше.

Поради ова се огласи и Новак Ѓоковиќ, кој има само пофални зборови, објави Телеграф.

Новак Ѓоковиќ на Инстаграм објави нивни заеднички фотографии на кои напиша и многу емотивни зборови.

- Рафа, еден пост не е доволен за да ја изразам почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Сте инспирирале милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Вашата истрајност, посветеност и борбеност ќе се проучуваат со децении. Вашето наследство ќе живее засекогаш. Само вие знаете што требаше да издржите за да станете икона на тенисот и спортот воопшто. Ви благодарам што ме туркавте до граница толку многу пати во нашето ривалство, што најмногу ме обликуваше како играч. Вашата страст за претставување на Шпанија отсекогаш била извонредна.

Исто така, на самиот крај изјави дека лично ќе дојде во Малага да го гледа на Дејвис купот.

- Ви посакувам најдобро можно збогување во Малага со шпанскиот тим во Дејвис купот. Ќе бидам таму лично за да оддадам почит на вашата неверојатна кариера.

Силно невреме го погоди северот на Италија, црвен аларм во Ломбардија (ВИДЕО)

Во Италија денеска е издадено предупредување за силно невреме и ветрови во регионот од Трст до Тоскана, а црвен метео аларм е прогласен за северниот регион Ломбардија, каде што се затворени средните училишта во Бергамо и Леко.

Прогласен е портокалов аларм за регионите Емилија, Трентино и Венето, додека жолта метеоролошка тревога е активирана во Алто Адиџе, Ромања и Лигурија, пренесува ТГ24.

Поради невремето кое го зафати езерото Комо, имало поплави и одрони, а во тек е проценка на штетите.

Надлежните предупредуваат на натамошни можни поплави и советуваат внимателност на патиштата, поради интензивните врнежи и невремето.

Поплави среде пустината Сахара, жителите не виделе толку вода со децении (ВИДЕО)

Ова лето сме сведоци на незамисливи природни феномени предизвикани од климатските промени.

Затоа неверојатни се фотографиите од Мароко направени по најголемиот дожд во последните неколку години, кој ја погоди Сахара, еден од најсушните региони во светот.

Врнежите предизвикаа поплави, а езерото кое се излеа пред половина век се наполнило со вода, објави „Дејлимејл“. Мароканските власти изјавиле дека дождот што паѓал два дена ја надминал количината на врнежи што паѓа во овој регион за повеќе од една година.

Песокот не можело да задржи толку многу врнежи, па дождот остави сини водени лагуни меѓу палмите и дините на Сахара, хранејќи некои од нејзините најсуви области со вода што ја немале видено со децении.

Пустинскиот дел на југоисточниот дел на Мароко е едно од најсувите места во светот и овде речиси никогаш не врне дожд кон крајот на летото. Во некои области наврнале повеќе од 250 милиметри дожд на метар квадратен.

Во Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележани се повеќе од 100 милиметри дожд во период од 24 часа. Сателитите на НАСА покажале како вода тече во езерото Ирикуи, познатото езеро меѓу Загора и Тата кое пресушило пред 50 години.

Во пустинските заедници посетени од туристи, возилата со погон на четири тркала се пробиваа низ бари додека локалните жители гледаа зачудено.

„Поминаа 30 до 50 години откако имавме толку многу дожд за толку краток временски период“, рече Хусеин Јуабеб од Генералниот директорат за метеорологија на Мароко.

Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстратропска бура, можат да го променат текот на времето во регионот во месеците и годините што доаѓаат, бидејќи воздухот задржува повеќе влага, предизвикувајќи повеќе испарување и привлекување на повеќе бури.

притисни ентер