Завршната сметка за 2018 во Собранието: За власта очекувањата реализирани, за опозицијата финансиски една од најлошите години

Приходите во минатата година во Буџетот се реализирани во согласност со очекувањата. Расходите се извршувале редовно и навремено, а дефицит бил помал од проектираниот и изнесува 1,8 отсто од БДП.

Изјави заменик-министерката за финансии Ширет Елези, образложувајќи ја Завршната семетка на Буџетот за 2018 година што денеска беше на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

– Вкупните приходи на Буџетот на Македонија се реализираа во износ од 188,5 милијарди денари и истите се наменија за финансирање на расходите реализирани во износ од 200,1 милијарди денари. Остварувањето на приходите и расходите во наведените износи резултираше со дефицит на Буџетот на Македонија во износ од 11,5 милијарди денари, при што истиот бележи помала реализација во однос на планираниот за 6,5 милијарди денари и е реализиран на ниво од 1,8% од БДП, појасни заменик-министерката.

Таа потенцира дека минатата година имало одлична наплата на даночни приходи со 99,9 отсто реализација од проектираното или во споредба со претходната година наплатата била подобра за 9,4 отсто.

Елези рече дека приходите од социјалните придонеси биле остварени целосно и тие обезбедиле редовно финансирање на законските обврски на социјалните фондови.

– Во рамки на вкупните буџетски расходи, тековните расходи се остварија во износ од 187,9 милијарди денари, односно пониска реализација од 2,1 отсто во однос на планот, како резултат на строгата контрола на трошењето на овој вид расходи без притоа да се наруши редовното покривање на сите обврски на државата и непречено остварување на функциите и активностите на буџетските корисници, рече заменик-министерката.

Елези посочи дека финансирањето на буџетскиот дефицит во 2018 година се реализирало согласно со целите за прудентно управување со јавниот долг, односно со најнизок можен трошок и развој на ефикасен домашен финансиски пазар.

За опозицијата, 2018 година е една од најлошите години финансиски, со неостварени ветувања и потфрлања кај капиталните инвестиции.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека завршната сметка е вистинска слика каде власта ги потрошила парите на граѓаните и дека оваа завршна сметка треба да биде освестувачки документ дека повеќе не може вака да се продолжи.

– Ништо не остваривте. Имате само сомнителни тендери. Се нешто сомнително и се за што немате аргумент да го побиете. Мора да се ослободите од ова и вие. Граѓаните не знаат повеќе каде да одат. Од една страна направивте целокупната атмосфера и се ова дека ВМРО е криминално и дека има криминали. Вие за две години направивте ршум и граѓаните не знаат повеќе на кого да веруваат. навистина како политичари доволно е да се надмудруваме. Но, еве оваа завршна сметка од 2018 година нека ви биде документ за освестување дека не може повеќе така. Почна со 0,9 отсто првиот квартал, се стигна до 2,7 отсто, рече Кузмановска.

Таа оцени дека има слаба реализација и потфрлање на капиталните инвестиции во патната инфраструктура, образование, здравство и социјала, оценувајќи дека во 2018 година има целосно потфрлање кај капиталните инвестиции.

– Сериозно сум загрижена од ова што е исполнето и како се завршила 2018 година. Има голем дел нереализирани ветувања. Како што тргнало опозицијата сигурно ќе дојде на власт. На овој народ му требаат аргументи. Ако е некој виновен нека се затвори. Да се направи политички прогон. Сами себе се испозатворивме, а тие што ги направија криминалите се надвор, рекетираат. Тоа е сремно и жално, рече Кузмановска.

Таа се осврна и на законското решение со кое државата помогна да се раздолжат локалните самоуправи, со кое, како што рече до нив дошла информација дека се развил сомнителен процес на одбирање на кои бизнисмени ќе им се дадат пари. – Поголем дел бизнисмени се жалат. Се повикувани дека ќе им се плати ако нешто дадат во интерес на одредена структура или одредени луѓе. Тоа е срамно и жално и бедно во оваа држава, рече Кузмановска.

Реплицирајќи, Костадин Костадинов од СДСМ рече дека опозицијата треба да биде прв критичар на власта, но, како што рече, без да шири лажни вести и да ги манипулира граѓаните. – Со такво ВМРО, со таква опозиција, со нерасчистени криминали уште долго ќе останете опозиција, истакна Костадинов.

Во репликата во однос на споменатите рекети тој наведе дека денеска обвинителката Вилма Русковска соопштила дека прв кој го пријавил случајот „Рекет" е премиерот Зоран Знаев. – Работиме во интерес на воспоставување правна држава. Она што значи граѓанска обврска пред законите и Уставот, а најмногу пред граѓаните на Македонија и тоа го направил премиерот, но на сметка на тоа има еден многу важен момент. Вчера поставивме две прашања во однос на случајот што сметаме дека доколку не добиеме одоговр може драстично да ја промени систуцијата дополнително и бараме независните институции детално да го разгледаат случајот, во интерес на правната држава и нормално во итнерес на сите граѓани на Македонија, рече Костадинов од говорницата на Комсијата за финансирање и буџет, повторувјаќи ги прашањата упатени до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во однос на завршната сметка Костадинов посочи на тоа со колкав јавен долг ја оставиле државата и дека во сите проекти што ги почнала власта на ВМРО-ДПМНЕ, имало проблеми што СДСМ требала да ги отстрани.

За успешноста во 2018 година, наведе тој, покажува бројката за намалување на невработеноста, како и на тоа дека се работи на изградба на 60 патни правци.

Завршната сметка ја образложи заменик-министерката Елези, бидејќи во Министерството за финансии во моментов нема назначено ресорен министер, а претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска забележа што Министерството за финансии не доставило писмено кој раководи со Министерството, откако беше разрешен министерот Драган Тевдовски. /МИА

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер