Завршна вечер на „Џифони Македонија“

„Ги вкрстуваме патиштата и чекориме заедно” е мотото на завршната вечер на годинашното второ издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија”.

Програмата што ја понуди фестивалот во изминатите пет дена, на младите учесници од категориите +10, +13 и +16 години им овозможи на интересен и забавен начин да дознаат повеќе за себе, за другите, за пријателството, филмот и културата воопшто.

Агенцијата за филм на Република Македонија и Здружението за ширење на филмската култура Џифони – М во рамките на фестивалот ги вклучува и децата од Домот без родители „11 Октомври“. Дваесет и пет деца од Домот денеска бесплатно во киното Синеплекс ќе го проследат филмот „Exit Marrakech“, а уште 20 деца заедно со младите 10+ во Кинотеката на РМ филмот „The Great Bear“.

Свеченото затварање најавено за 20 часот во кино „Милениум“ ќе биде посветено на младите кои се креатори на фестивалот, нивните дела и самостојни креации создадени на работилниците во Џифони и на хуманитарна акција за децата од Домот без родители „11 Октомври”.

- Младите дел од Џифони Македонија ќе ја покажат својата хуманост како највозвишена човекова особина преку донација на средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на своите дела и креации создадени во текот на петте фестивалски дена и преку самостојни донации, соопшти Агенција за филм на Република Македонија. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас. Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај - Денот на трудот.

Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.

„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари“, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.

„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација“, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.

„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот“, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Џафери: Почитувањето и еднаквиот третман на работниците и работничките права е императив

Претседателот на Владата на Република Македонија Талат Џафери, упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме интегрално честитката на премиерот Џафери:

„Почитувани граѓани, почитувани работници,

Денес е 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, и, покрај честитките, дозволете да изразам и огромна благодарност до сите почитувани работници кои и во овие тешки околности на глобални кризи од здравствен, енергетски и економски аспект, посветено, одговорно и професионално придонесуваат во јакнењето на издржливоста, растот, развојот и конкурентноста на економијата во Република Македонија.

Како држава, треба секогаш да размислуваме во насока на понатамошно унапредување на работничките права, да го споделуваме товарот и да покажеме солидарност. Да ги заштитиме и работниците, и работодавачите. Затоа што, секогаш може да биде подобро.

Да се чувствуваат посреќни, еднакви и рамноправни. Затоа што, само задоволни работници претставуваат и верни и лојални чувари на јавното добро. Тогаш стануваат моќни двигатели на домашната економија а со тоа овозможуваат и обезбедување на поквалитетен семеен стандард и живот.

Како идна земја членка на Европската Унија, наша заложба е да ги штитиме работниците и да осигураме еднаков и фер третман за нив од работодавачите, бидејќи секој работник е пред сѐ, човечко битие кое заслужува почит и достоинствен живот.

Во име на Владата на Република Македонија и во свое лично име, ви го честитам 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот“.

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

Со распределбата на ваучерите направен милионски криминал.

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал.

Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт, неговиот наследник Наумче Мојсовски и Даниел Димевски од МОК се гонат заради сомнежи дека како директори на Агенцијата, но и членовите на Централната комисија во 2020, 2021 и 2022 година, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на пари, со што го оштетиле Буџетот на државата, но и луѓето што имале законско право на тие пари, а не им биле доделени.

Во предметот на Државната комисија за спречување на корупцијата, врз основа на кој како што известија медиумите е поднесена пријавата и отпочната постапката се присутни сомневања дека спортските федерации, клубовите и спортистите добиваа ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.

Сега е повеќе од јасно зошти Каевски беше најжесток гласноговорник на СДС, повеќе од очигледно е дека интересот му бил голем.

По оваа афера станува јасно зошто спортот во Македонија во последните 7 години е на историско најниско ниво. Наместо за развој на спортот, парите наменети за истиот се пренасочувани во криминални шеми.

Време е да го вратиме спортот во рацете на спортистите. Време Македонија повторнo да биде твоја.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер