1Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
СветЗавршија преговорите помеѓу руската и американската делегација во РијадСАД и Русија ги вкрстија почетните позиции за изнаоѓање мировно решение во Украина. Првата рунда средби во кралската палата во Ријад – Саудиска Арабија траеја четири и пол часа, а учесниците ги оценија како позитивни и конструктивни... Според првичните информации, САД и Русија се согласиле да состават тимови задолжени за решавање на конфликтот во интерес на сите засегнати, а веќе се подготвува и теренот за првата средба меѓу претседателите Трамп и Путин, но датум не е утврден. Американскиот советник за национална безбедност, Мајк Волц, по средбата порача дека прво треба итно да се запре убивањето со трајно решение за конфликтот. Преговорите според него ќе бидат тешки, но динамични, а вели, единствен кој може да го затвори бојното поле е претседателот Трамп. -Oва би требало да биде траен крај на војната, а не привремен како што сведочевме во минатото, ние знаеме дека практична реалност е дека ќе има некои територијални дискусии, како и дискусии за безбедносни гаранции и тие се фундаментална основа што ќе бидат подлога за секаков тип на дискусија.- Марк Волц – Советник за национална безбедност на САД САД на преговарачката маса ги предводеше Марк Рубио, заедно со Мајк Волц и Стив Виткоф. Наспроти нив, министерот за надворешни Сергеј Лавров и советникот на Путин, Јури Ушаков. Лавров вели дека по четири години, за разлика од администрацијата на Бајден, конечно има слух помеѓу двете страни... -Разговорите беа навистина корисни, навистина вредни, не само што се слушавме меѓусебе, туку се слушнавме меѓусебно и ги имам сите причини да верувам дека САД сега има подобро разбирање за нашите позиции. Наскоро ќе се формира процес за украинското решение, американста страна ќе каже кој ќе го претставува Вашингтон и отакак ќе ги дознаеме имињата и позицијата на претставниците, па според договорот на претседателите Путин и Трамп, и ние веднаш ќе ги именуваме нашите претставници.- Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи на Русија Од друга страна, додека траеја преговорите за мир во неговата земја, претседателот на Украина, Володимир Зелененски, кој не доби покана на „масата“ во Ријад, беше на средба со претседателот Ердоган во Турција. Тој од Анкара порача дека се водат преговори за Украина без Украина, а за траен мир порача дека е потребен процес без грешки. -Не можете да наоѓате решение без Украина за завршување на војната. Украина не беше повикана на руско-американската средба во С.Арабија. Јас како и многумина за исходот слушнав од медиумите. Јас ја одложив мојата посета на С. Арабија во недела, бидејќи не сакам да се говори за средбата која таму се одржа, па затоа официјално ќе го посетам Ријад на 10ти март. - Володимир Зеленски -Претседател на Украина Портпаролот пак на Кремљ Димитри Песков претходно посочи дека претседателот Путин е подготвен да разговара со Зеленски ако тоа е неопходно, но го доведе во прашање неговиот легитимитет, оти има истечен мандат. Вчера пак лисејската палата во Париз се собраа и европските лидери на најмоќните земји, кои исто така не добија покана да седнат на преговарачката маса во Ријад. Од таму излегоа со заклучок дека, ако САД гарантира, тогаш Британија и останатите земји би поставиле трупи да ги раздвојат завојуваните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)Маж и жена загинаа во пожар што избувна во напуштен магацин во sтарото пристаниште во Трст. Противпожарните екипи ги пронајдоа телата на првиот кат од трикатниот објект.Првичните сознанија укажуваат на тоа дека пожарот настанал откако група мигранти запалиле оган внатре во објектот. Додека пламените јазици се ширеле, поголемиот дел од групата успеал да побегне, но две лица останале заробени внатре. Пожарникарите влегле во зградата опремени со апарати за дишење за да го изгаснат пожарот и да ги пребараат просториите. За време на интервенцијата, се урнала дрвена подна конструкција, но ниту еден пожарникар не бил повреден. Надлежните сè уште не го соопштиле идентитетот на жртвите, ниту пак ги потврдиле точните околности под кои тие настрадале. #Trieste, incendio nella notte in un magazzino al Porto Vecchio: #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, durante le operazioni di spegnimento rinvenuti 2 corpi privi di vita. Esclusa la presenza di altre persone coinvolte, intervento concluso poco dopo l’alba con le operazioni di bonifica dell’area #2novembre — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) November 2, 2026 Тагови: Трст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter