Заврши третата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“ - Канал 5

Заврши третата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“

Нови 28. ретки дијагнози, осветлени бројни објекти и локации, ретка песна, трета ретка поштенска марка, бројни насмевки, нови статии на македонската Википедија, обоени дланки и поддршка од институциите...

Заврши третата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“

Зад нас е третата сезона на проектот „Ги запознаваме ретките болести“ на охридскиот активист Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“. И оваа година екипата вредно работеше на подигнување на свеста за луѓето погодени од некоја ретка болест, но и со проблемите со кои се соочуваат тие и нивните семејства.

- Денеска светот го одбележува денот на ретките болести. Охрид цел февруари им го посвети лицата со ретките болести со националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, со многу осветлени објекти, обоени раце, многу цртежи и прекрасна песничка - „Ретка песна“ на ФА „Бисери“, хорчето „Весели бисерчиња“ и дуото Black Moon. Заедницата за ретки болести годинава се обедини со ланец светла низ целиот свет. Како и секоја година, така оваа се приклучуваме кон глобалниот повик на Еурордис за осветлување на локални и национални згради и споменици. Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува, во светлото на COVID-19. Овој синџир на осветлени објекти се надеваме дека послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Самуиловата тврдина е дел од осветлените објекти ширум целиот свет на официјалното видео на Rare Disease Day. Испраќаме огромна благодарност до сите кои се ретки по нивната добрина и кои помогнаа, секој на свој начин, гласот за ретките да стигне уште подалеку и да бидат уште повидливи и погласни. До сите спонзори и медиумски поддржувачи, сите мали вредни рачиња кои ни пишуваа секојдневно, ни испраќаа поддршка и убави зборови. Продолжува и соработката со „Вики клубот“ од Охрид, кои веќе подготвените текстови од проектот ги ставаат на македонската Википедија, која е побогата за 83 статии за ретки болести. Заедно со Македонска пошта ја промовиравме третата по ред поштенска марка посветена на децата со ретки болести. Со надеж за подобро утре... навремена дијагноза, пристапност и достапност на лековите за ретки болести да застанеме само на момент колку да земеме здив, бидејќи утре е нов ден, а нашата борба продолжува, вели носителот на проектот и главниот „виновник“ за истиот, охриѓанката Гордана Лолеска.

Таа испраќа посебна благодарност до професорите и докторите од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година - Проф. Д-р Велибор Тасиќ, специјалист педијатриски нефролог, Проф. Д-р Иван Барбов, специјалист невролог и Д-р Тодор Арсов, специјалист имунолог генетичар, Д-р Нора Абази Емини, Д-р Гоце Калцев и Д-р Маја Танкоска кои се дел од стручните соработници на проектот. Секако и до целокупната екипа на Супер радио која и годинава технички беспрекорно го реализираше и промовираше овој проект, но и до 49 локални, регионални и национални медиуми и 2 сателитски канали кои дадоа безрезервна медиумската поддршка.

Силна поддршка проектот доби и од нависоките државни органи. Премиерот Зоран Заев ги потврди заложбите на Владата кон афирмација и поддршка на граѓаните кои живеат со ретка болест, на здруженијата кои им даваат гласност и рече дека политиките донесени во последните 4 години сосема го променија пристапот кон справување со ретките болести и грижата за пациентите.

- Кога некој се соочува со болест, целото семејство го носи товарот на таа болест. Затоа се направени повеќе чекори за подобрување на квалитетот на здравствените услуги за овие пациенти и не застануваме на досега направеното. Во однос на бројот на пациенти кои примаат терапија преку Фондот за здравствено осигурување е забележлив растот на опфатени пациенти од 96 во 2015, до 190 во 2020 година. Во 2017 година буџетот за ретки болести изнесуваше 213 милиони денари, а во 2020 година, тој е дуплиран и изнесуваше 527 милиони денари, рече премиерот Заев и додаде дека за прв пат е воспоставен електронски регистар на ретки болести.

Проектот „Ги запознаваме ретките болести“ започна да се реализира во 2019 година, првенствено замислен да се емитува во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите секој ден во месец февруари, но низ годиниве проектот се збогати со видеа и аудија за секоја болест така што проектот се емитуваше на низ целата територија на Македонија и низ различните медиуми со што еден мал замислен проект прерасна во национална кампања за ретки болести. Од минатата година проектот освен на македонски се емитува и на албански јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.

Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?

Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП.

Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри.

Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“.

И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република.

Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Херцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници

Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови.

Херцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници

Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови, а израелскиот претседател Исак Херцог објави дека во недела, на 8 ноември, ќе одлучи кому ќе му го довери мандатот за формирање нова влада.

По консултациите со претставниците на политичките партии, Херцог оцени дека резултатот е јасен, но најави дополнителни разговори пред да донесе конечна одлука.

Партијата Јашар го повика претседателот што поскоро да му го довери мандатот на Ајзенкот, нагласувајќи дека поддршката од 67 членови на парламентот е најголемиот број што еден кандидат го добил од 2015 година.

И покрај поддршката од мнозинството членови на парламентот, патот на Ајзенкот кон формирање влада останува неизвесен поради поделбата на опозициските партии.

Како што објаснува „Тајмс оф Израел“, четири партии со вкупно 48 места одбиваат да соработуваат со две арапски партии кои заедно имаат 19 членови на парламентот, иако сите ја поддржаа неговата кандидатура.

Дополнителна можност за формирање на ново мнозинство е одлуката на партијата Обединет Тора Јудаизам, која има седум места, да не го поддржува Нетанјаху.

Според израелските медиуми, лидерот на партијата Јисраел Бејтену, Авигдор Либерман, е подготвен да разгледа соработка со ултраортодоксните партии со цел да се олесни отстранувањето на сегашниот премиер.

Лидерот на арапската партија, Рам Мансур Абас, го поддржа Ајзенкот, но не го означи експлицитно Хамас како терористичка организација, што е еден од условите што Ајзенкот ги постави за потенцијалните коалициски партнери.

Абас, сепак, изјави дека неговата партија го поддржува разоружувањето на Хамас.

Претставниците на Заедничката листа исто така го поддржаа Ајзенкот, но најавија дека можат да поддржат малцинска влада од опозицијата, без директно да учествуваат во нејзиното формирање.

Партијата Б'Јахад ја отфрли можноста за влада на национално единство со Ликуд на Нетанјаху, додека претставниците на Ликуд ја повикаа опозицијата да се приклучи на широка коалициска влада.

Поранешниот шеф на безбедносната служба Шин Бет, Јорам Коен, изјави дека на Израел му е потребна стабилна влада и предупреди дека новите избори ќе ја игнорираат волјата на гласачите кои гласаа за промени на изборите минатата недела. Новиот Кнесет треба да се конституира на 10 ноември, кога се очекува и изборот на нов претседател на парламентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)

Киану Ривс повторно ќе го игра Џон Вик, една од неговите најпознати филмски улоги. 

Киану Ривс се враќа како Џон Вик, но во целосно поинакво издание (ВИДЕО)

Но, овој пат, гледачите нема да го видат во класичен акционен филм, туку ќе го позајми својот глас во анимираното продолжение на популарната серија, пишува LADbible.

Студиото Lionsgate го потврди враќањето на Ривс, а проектот првпат беше најавен на CinemaCon 2025. Адам Фогелсон, претседател на филмската дивизија на Lionsgate, ја објави веста во тоа време.

Новиот филм ќе открие што се случило пред првиот Џон Вик

Дејството на анимираниот филм ќе се одвива пред настаните од првиот дел, кој пристигна во кината во 2014 година. Приказната ќе го следи Џон Вик за време на погубувањето на легендарната „Невозможна мисија“, што му овозможи да го напушти светот на платените убијци и да започне мирен живот со својата сопруга Хелен.

YouTube video

Оваа задача е спомената неколку пати во претходните филмови, но гледачите никогаш немале можност да видат како Вик ја извршил.

„Можностите се бескрајни, и во анимацијата и во светот на Џон Вик“, рече Фогелсон кога го најави проектот.

„Нема приказна за Џон Вик што обожавателите сакаат да ја видат повеќе од „Невозможна мисија“. Визијата што Шенон ја има за таа приказна е неверојатна и многу сме возбудени да видиме како ќе се покаже Џон Вик во анимираниот формат“, додаде тој.

Датумот на објавување на филмот сè уште не е објавен.

Зошто го избраа анимето?

Режисерот Чед Стахелски, кој ги режираше сите четири главни филмови за Џон Вик, објасни дека јапонската анимација долго време е едно од неговите најголеми креативни влијанија.

„Тоа беше огромно влијание врз мене, особено серијата Џон Вик“, рече тој за анимето. „Можноста да се развие аниме за Џон Вик се чини како совршен чекор напред за овој свет“, додаде тој.

Според него, анимацијата нуди можности што би било тешко да се реализираат во играните филмови. „Анимето ни овозможува да го прошириме светот, ликовите и акцијата на начини што претходно беа незамисливи“, објасни тој.

Ривс последен пат го играше Џон Вик во „Балерина“

Кијану Ривс првпат го играше Џон Вик во 2014 година, а потоа се врати за уште три продолженија.

Последен пат се појави во таа улога во филмот „Џон Вик: Балерина“ од 2025 година, во кој глуми Ана де Армас.

Новиот анимиран филм на тој начин дополнително ќе го прошири светот на Џон Вик и конечно ќе им открие на обожавателите еден од најважните настани од неговото минато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер