Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите
1Делегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјава
2Аеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционерите
СветЕвропски безбедносни служби: Русија подготвува бран саботажи во ЕвропаЕвропските безбедносни служби проценуваат дека Русија ќе ги засили актите на саботажа низ континентот во наредните месеци.Оваа информација произлегува од доверливи разговори што новинари од германскиот „Велт“ и британскиот „Телеграф“ ги воделе со безбедносни агенции. Висок функционер на НАТО потврди дека Алијансата очекува поагресивна реторика од Москва и зголемување на хибридните напади во Европа. Според него, ова е реакција на Кремљ на зајакнувањето на одбранбените капацитети на Западот. „Сметаме дека Русија моментално е под огромен притисок – веројатно најголем од почетокот на војната и во текот на целиот мандат на Владимир Путин“, изјави функционерот. Аналитичарите на германската влада исто така предвидуваат интензивирање на нападите. Како пример за овој општ тренд, тие го наведуваат неуспешниот напад со дрон врз украинскиот авион „Антонов“ на аеродромот во Лајпциг во август. Германските власти сметаат дека воената разузнавачка служба ГРУ е главниот двигател зад овие напади нарачани од Кремљ. Според извори од безбедносните служби, Русија првенствено е фокусирана на психолошкото влијание од ваквите акции. Кизеветер: Можни се цивилни жртви Москва има за цел да им сигнализира на европските општества дека поддршката за Украина носи ризици, обидувајќи се да влијае врз јавната дебата и да ја ослаби помошта за нападнатата земја, пренесува „Билд“. Ова вклучува директни закани и планирање напади врз раководители во компании од одбранбената индустрија кои ѝ помагаат на Украина. Германија, како еден од клучните сојузници, е особена цел. Затоа, експертот за надворешна политика од ЦДУ, Родерих Кизеветер, очекува значително зголемување на руските саботажи и терористички напади. Тој смета дека Русија е подготвена да прифати и цивилни жртви. „Нападите имаат јасна воена компонента. Русија смета дека е во војна со НАТО, Европската Унија и со нас“, рече Кизеветер. Тој побара воената помош за Украина „значително“ да се зголеми, на пример преку испорака на оружје со голем дострел, како што се крстосувачките ракети „Таурус“. Експерти: Целта е ширење страв и слабеење на поддршката за Украина Робин Вагенер од Партијата на зелените, заменик-член на парламентарната комисија за одбрана, вели дека „рускиот државен терор против членките на ЕУ служи за слабеење на Украина и на нашата волја за одбрана“. Тој предвидува понатамошна ескалација на оваа „војна во сенка“ и предупредува на широк спектар можни напади, од сајбер-напади и саботажи до атентати. Не ја исклучува можноста за воени провокации, на пример во Балтичкото Море. Вагенер смета дека е срамота што руската „флота од сенка“ непречено плови низ германските води и на тој начин обезбедува милијарди за воената каса на Путин. И поранешниот шеф на австриската разузнавачка служба, Омар Хаџави-Пирхнер, гледа долгорочна стратегија во руските активности. Тој смета дека Кремљ го доживува односот со Европа како „системски конфликт“ и очекува повеќе летови со дронови и напади врз воената индустрија и критичната инфраструктура. Песимистичка прогноза дава и поранешниот шеф на германската разузнавачка служба (БНД), Герхард Шиндлер. Тој тврди дека целта на хибридните напади е да се ослаби поддршката за Украина. „Населението треба да почувствува страв од директен воен конфликт и затоа да почне да се сомнева во смислата на помагањето на Украина“, објасни тој. Според Шиндлер, Путин има две клучни цели: воен успех во Украина и прекин на западната поддршка за Киев. „Затоа ќе ги интензивираат и двете – воениот притисок врз Украина и хибридниот притисок врз Западот“, заклучи Шиндлер. Русија ги отфрла обвинувањата На прашањето од „Велт ам Зонтаг“, руската амбасада ги отфрли „неоснованите обвинувања“ за наводната вмешаност на Русија во саботажни активности. Германската индустрија бара подобра заштита од дронови Од друга страна, политиката сака економијата во иднина посилно да се заштити од дронови. Според информациите на „Велт ам Зонтаг“, здружението на германската индустрија (БДИ) формирало работна група во која учествуваат речиси 100 компании. Надлежните органи моментално разгледуваат како компаниите можат подобро да ги заштитат своите капацитети и критичната инфраструктура од дронови. БДИ бара од владата прво да ги разјасни отворените прашања во врска со одговорноста за евентуални штети. Извор: Индекс.хрТагови: Европа русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаДелегацијата на ЕУ во Македонија изрази сериозна загриженост за фемицидите и насилството врз жените во земјаваДелегацијата на Европската унија во Македонија изразува сериозна загриженост во врска со алармантниот број на фемициди, односно убиства на жени, пријавени само оваа година во земјава – вкупно седум регистрирани случаи.Од делегацијата велат дека извештајот на Европската комисија за земјава за 2026 година нотира дека постојат недостатоци во пријавувањето, истрагата и гонењето што укажува на потребата од зајакната имплементација, одржливо финансирање, подобри институционални капацитети и ефикасни мерки за заштита. Оттаму потсетуваат дека националното законодавство сè уште не е целосно усогласено со директивата на ЕУ за насилство врз жените и семејно насилство. Делегацијата на ЕУ ги повикува сите чинители да ги адресираат проблемите и да спречат натамошни фемициди, вклучително и преку овозможување пристап до правда и зајакната институционална поддршка за жртвите на семејно насилство, се вели во нивното соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАеродром со три важни одлуки: Поголема поддршка за младите, награди за учениците и кодекс за одговорност за функционеритеСоветот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители.Советот на Општина Аеродром донесе три значајни одлуки со кои се унапредува поддршката за младите жители, се вреднуваат успесите и талентите на учениците и се воспоставуваат повисоки стандарди за одговорност, отчетност и транспарентност во работењето на локалната самоуправа. На предлог на градоначалникот Дејан Митески, Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница изгласа зголемување на старосната граница за ослободување од општинскиот дел од комуналиите за изградба на прв дом, од досегашните 35 на 40 години. Сите млади до 40 години што ги исполнуваат условите ќе можат да остварат целосно ослободување од комуналии, согласно и со мерката на Град Скопје. Другите услови остануваат непроменети и се однесуваат на жителството во Општина Аеродром од најмалку две години, изградба на прв дом за лични станбени потреби и обврска за живеење во него најмалку десет години. Советот донесе и одлука за доделување еднократни парични награди за учениците од VII до IX одделение во општинските основни училишта кои постигнале посебни успеси во науката и технологијата, уметноста и литературата, спортот, како и за учениците со посебни образовни потреби кои покажале исклучителен инклузивен напредок. Право на награда ќе имаат учениците кои ги исполнуваат утврдените услови што ќе бидат објавени навремено во јавен повик. Постигнувањата треба да бидат остварени во тековната или претходната учебна година. За првпат, Општина Аеродром донесе и Кодекс со кој се утврдуваат јасни правила и стандарди за однесување и работење на градоначалникот, претседателот и членовите на Советот, како и на другите носители на јавни функции во Општината. Кодексот ги утврдува принципите на законитост, професионален интегритет, одговорност, отчетност, транспарентност и заштита на јавниот интерес, со цел зајакнување на институционалниот интегритет и зголемување на довербата на граѓаните во работата на локалната самоуправа. Со донесените одлуки, Општина Аеродром продолжува со спроведување конкретни мерки за подобрување на квалитетот на животот, поддршка на младите и препознавање на потенцијалот на децата, паралелно со унапредување на стандардите за одговорно и транспарентно институционално работење.Тагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВенс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога Венс го презема водењето на преговорите со Иран; Трамп му доделува клучна улога – Техеран ги одбива разговорите и се заканува на американските бази во Европа.Потпретседателот на Соединетите Држави, Џеј Ди Венс, презеде водечка улога во преговорите за ставање крај на војната со Иран, а се разгледува и можноста за директна средба меѓу него и Мохсен Резаеи – секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Сепак, Резаеи тврди дека таква средба не е планирана, пренесува „Волстрит џурнал“. Според американски официјални претставници на кои се повикува весникот, претседателот Доналд Трамп го овластил Венс повторно да ги започне преговорите со Техеран. Со тоа, потпретседателот презеде главна дипломатска улога, додека пратениците на Белата куќа, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, се повлечени во втор план. Иако го поддржува продолжувањето на преговорите, Трамп, наводно, смета дека јунскиот меморандум за разбирање со Иран – во чие договарање учествуваше и Венс – бил грешка. Двајца американски функционери изјавија дека претседателот смета оти договорот му овозможил на Иран да закрепне и повторно да остварува приходи од продажбата на нафта. Од друга страна, државниот секретар Марко Рубио и Стивен Милер од Белата куќа – според истите извори – се залагаат за задржување на блокадата против Иран сè додека Техеран не се согласи на отстапки. За разлика од Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, кои ја бранат одлуката на Трамп во врска со војната, Венс јавно го поврза конфликтот со тешкиот пораз на републиканците на минатонеделните избори за Конгресот. Американските официјални претставници ја опишуваат неговата одлука да преземе водечка улога во дипломатијата со Иран како политички ризичен потег. Успехот во преговорите би можел да донесе значителни политички придобивки, додека неуспехот би можел да има спротивен ефект. Според „Волстрит џурнал“, Трамп се согласува со проценката на Венс дека војната влијаела врз изборните резултати, но сепак продолжува да ја брани воената операција против Иран. Додека Вашингтон ја разгледува можноста за обновување на дипломатските контакти, пораките од Техеран укажуваат на тоа дека во моментов не се водат никакви преговори со Американците. Во интервју за либанскиот телевизиски канал „Ал-Мајадин“, Мохсен Резаеи ги отфрли тврдењата за разговори меѓу двете страни. Тој ги нарече лаги извештаите за наводни преговори во Катар, тврдејќи дека нивната цел е да се намали економскиот притисок врз Иран и да се спуштат цените на нафтата. Иранскиот функционер, исто така, упати директно предупредување до Соединетите Држави, заканувајќи се со напади врз американските воени позиции. „Ако Американците направат грешка и нè нападнат, ние ќе извршиме удари дури и врз оддалечените американски бази“, изјави Резаеи. Тој додаде дека потенцијални цели би можеле да бидат сите бази од кои полетуваат американски авиони, вклучително и оние што се наоѓаат во Европа.Тагови: Џ.Д. Венс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter