МакедонијаЗаврши првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развојМинистерот Перински посочи дека партнерството меѓу Владата, општините и Европската делегација е од суштинско значење за успешната интеграција на земјава во Европската Унија.Во Скопје се одржа првиот ЕУ-МК Саем за одржлив локален развој и вмрежување, во организација на Програмата „ЕУ за општините“, финансирана од Европската Унија, кој ги обедини општините од земјава и нивните партнери од земјите-членки на Европската Унија со цел размена на добри практики, презентација на иновативни решенија и поттикнување нови соработки за одржлив развој на локално ниво. Настанот официјално го отворија министерот за локална самоуправа, Златко Перински и програмскиот менаџер во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Енцо Дамиани, кои во своите обраќања упатија силна порака за значењето на локалната самоуправа во процесот на приближување кон Европската Унија. Министерот Перински посочи дека партнерството меѓу Владата, општините и Европската делегација е од суштинско значење за успешната интеграција на земјава во Европската Унија, додавајќи дека интеграцијата во ЕУ не е само политичка цел, туку и процес на длабоки реформи кои го подобруваат животот на граѓаните. -Преку формирањето на Ресурсен центар дополнително ќе биде дадена поддршка за развој на локалните самоуправи. Фокусот е ставен на три компоненти, на поддршка за проектен менаџмент, зајакнување на административните капацитети на општините и забрзување на дигиталната трансформација. Особено е значајна соработката во рамки на програмите финансирани од ЕУ, како што е „ЕУ за општините“, кои овозможуваат иновативни решенија за подобрување на локалните услуги и поттикнување на локален економски развој, рече Перински во својот говор. Програмскиот менаџер Дамиани нагласи дека ЕУ интеграцијата започнува токму на локално ниво. Тој подвлече дека Програмата „ЕУ за општините“ обезбедила поддршка за речиси сите 81 општина во земјата, со конкретни резултати во многу области, меѓу кои и урбана мобилност, дигитализација, енергетска ефикасност и управување со отпад. -Со поддршка од ‘ЕУ за општините’ се воспостави и Организација за менаџмент на дестинации (ДМО) во Повардарскиот регион, која веќе остварува регионална и прекугранична соработка со општини од Грција и Германија. Дополнително, функционира и специјализирана служба за поддршка (Helpdesk) која досега одговорила на речиси 1.000 различни барања од општините. Сакам да ја изразам искрената благодарност до сите општини, институции и партнери кои покажаа дека европските вредности се веќе присутни и на локално ниво во земјата, посочи Дамиани. Саемот ги обедини претставниците на локалната самоуправа, министерства, делегации од Германија и Грција, како и граѓански организации и експерти. На осум изложбени штанда беа презентирани решенија ко-финансирани од ЕУ, како и добри практики за менаџмент на дестинации, одржлива мобилност и поддршка за општините. Настанот послужи и како платформа за нови партнерства, билатерални средби и размена на искуства меѓу домашни и меѓународни чинители.Тагови: Златко Перински ЕУ-МК Саем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЗабаваВечерва Бела ноќ во СкопјеВечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!Тагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во КарпошПретседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“Вечерва со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.Тагови: Посебен режим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook