Заврши првата фаза на Евробаскетот - Канал 5

Заврши првата фаза на Евробаскетот

Со одигрувањето на синоќешните натпревари од 5. коло од групите заврши првата фаза на Евробаскетот.

Заврши првата фаза на Евробаскетот
Познати се 16-те селекции кои изборија пласман во осминафиналето, а Македонија која имаше скор 1-4 (победи-порази) првенството го заврши на 19. место. Три репрезентации имаа максимален учинок пет победи (Франција, Србија и Грција), а само Исланд остана без триумф.
Денеска на првенството е слободен ден, односно репрезентациите осминафиналисти ќе треба да допатуваат во Лил, каде ќе се игра завршницата.
Резултати од 5.коло:
А група (Монпеље):
Финска - Полска 65:78,
БиХ - Русија 61:81,
Франција - Изреал 86:61.
Табела: Франција 5-0 (победи - порази), Израел 3-2, Полска 3-2, Финска 2-3, Русија 1-4, БиХ 1-4.
Б група (Берлин):
Србија - Италија 101:82,
Германија - Шпанија 76:77,
Турција - Исланд 111:102 (91:91) по продолжение.
Табела: Србија 5-0, Шпанија 3-2, Италија 3-2, Турција 3-2, Германија 1-4, Исланд 0-5.
Ц група (Загреб):
Македонија - Словенија 51:62,
Грузија - Хрватска 71:58,
Грција - Холандија 68:65.
Табела: Грција 5-0, Хрватска 3-2, Словенија 3-2, Грузија 2-3, Македонија 1-4, Холандија 1-4.
Д група (Рига):
Украина - Белгија 71:79,
Летонија - Естонија 75:64,
Чешка - Литванија 81:85 (69:69) по продолжение.
Табела: Литванија 4-1, Летонија 3-2, Чешка 3-2, Белгија 3-2, Естонија 1-4, Украина 1-4.
Утре во осминафиналето ќе играат: Летонија – Словенија (12 часот), Грција – Белгија (14:30 часот), Шпанија – Полска (18:30 часот) и Франција – Турција (21 часот).
Во недела на програмата се осминафиналните дуели: Хрватска – Чешка (12 часот), Србија – Финска (14:30 часот), Израел - Италија (18:30 часот) и Литванија - Грузија (21 часот). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Затекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологија

Осум лица биле приведени отако полициски службеници кои постапувале по претходно добиени сознанија за точење на алкохол на малолетници во угостителски објект во Карпош каде затекнале малолетни лица во видно алкохолирана состојба .

Затекнати пијани малолетници во угостителски објект во Карпош, еден завршил на токсикологија

-Во полициската станица Карпош при извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „точење алкохолни пијалаци на малолетници“, информира МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата.

Демонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..

Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија.

Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле.

Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња.

Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата.

Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил.

Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице.

Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер.

Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. 

Бугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг

Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија.

Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА.

Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време.

Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател.

Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили.

ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер