Заврши проектот јапонската програма GGP во гостиварската болница - Канал 5

Заврши проектот јапонската програма GGP во гостиварската болница

На пригодна свеченост во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ беше означено завршувањето на проектот што го спроведе амбасадата на Јапонија во Македонија.

Заврши проектот јапонската програма GGP во гостиварската болница

Преку „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ (GGP), болницата лани се опреми со апарат радиолошко снимање.

Јапонскиот амбасадор, Савада Хиронори во обраќањето напомена дека му претставува задоволство што Јапонија успеала да му помогне на македонскиот народ за да добие подобри здравствени услови во рамки на јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, како еден од столбовите на соработката.

– Драго ми е дека со овој апарат на Одделението за радиологија се извршени осум илјади прегледи и помогна вршењето на прегледи на бели дробови на пациенти со КОВИД19, рече амбасадорот Хиронори.

Тој нагласи дека Јапонија останува посветена во поддршката на социјалниот и економскиот развој, што, како што вели, е важен фактор за евроинтеграциите.

Донацијата, според Јакуп Јакупи првиот човек на болницата, која е реализрани лани, значајно помогнала во подигање на квалитетот на здравствената заштита и пружање услуги на над 100 илјади пациенти во регионот.

– Со оглед дека здравтвените протоколи не дозволуваа да направиме свеченост, во оваа прилика сакам да искажам голема благодарност до јапонскиот народ за донацијата и дека таа дојде во вистинско време. Со овој апарат минатата година беа извршени речиси половината од сите прегледи во радиолошкото одделение и беше исклучително корисен во дијагностицирањето, изјави Јакуп Јакупи директор на болницата „Ферид Мурад“.

Амбасадорот Хиронори оствари средба со градоначалникот на општина Гостивар со кого разговарале за актуелните состојби и можностите за соработка и ја искористи можноста јавно да се заблагодари на досега направеното.

– Со помош на Амбасадата, како општина во поново време добивме поддршка за планинарската куќа во село Вруток, медицински апарат во здравствениот дом во Чегране и современ апарат за радиолошко снимање во болницата. Ме радува дека таа соработка е врз основа на претходно потпишан меморандум за соработка, а тоа е доказ на алтруизмот и длабокото пријателство кои ги негуваат Јапонците, рече Таравари.

Од 1996 година Јапонија реализирала повеќе проекти во секторот за здравство, образование и животна средина во Македонија. Досегашната поддршка од Јапонија изнесува вкупно 8,5 милиони евра, средства со кои биле поддржани повеќе од 151 GGP проекти. Во рамки на програмата во општина Гостивар реализирани се пет проекти чија вредност е околу 233 илјади евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 23. јули 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 23. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 23. јули 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате добар баланс меѓу чувствата и разумот. Ќе знаете да се поставите како што треба , а партнерот тоа ќе го цени.

Кариера

Ќе се појави ненадејна потреба да се заокружи една целина . Ќе се потрудите да финиширате најдобро што знаете.

Здравје и совет

Имате влијание врз другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашите забави и дружби ќе продолжат со ист интензитет како и до сега. Ќе бидете среќни и задоволни.

Кариера

Оние кои обично многу зборуваат , со време им стануваат здодевни на другите. Пазете да не се вклучите во оваа категорија.

Здравје и совет

Ќе се чувствувате убаво.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Некои ќе мислат дека никој не ги сака и ќе трпат. Оние во врска ќе се чувствуваат осамени и покрај се.

Кариера

Денеска повторно дознавате дека можностите се едно , а стварноста нешто друго. Ќе ви биде потребна мудрост за да најдете рамнотежа.

Здравје и совет

Ќе сонувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои се во подолга врска , денеска ќе се обидат да го обноват односот со помош на секс и еротика . Малку ќе претерате.

Кариера

Веројатно за малку ќе избегнете расправија. Така е подобро. Исто така откажете се од непотребни коментари .

Здравје и совет

Издржете , без брзање.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Сметајте на зголемена чувствителност на партнерот или вашите лични односи ќе бидат подложни на најситни вибрации.

Кариера

Некои ќе ја менуваат моменталните деловни планови , за што подобро да се прилагодат кон ситуацијата. Другите ќе одмораат.

Здравје и совет

Треба да се каже вистината.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се обидете да ги споите емоциите и радоста. Во тоа речиси целосно ќе успеете. Многумина ќе почнат ново познанство.

Кариера

Повеќето ќе работите денеска со многу дух , шарм и отвореност. Ништо нема да им биде тешко.

Здравје и совет

Не заборавајте на искреноста.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Само што направивте еден чекор напред , веќе одите два наназад. Ви недостига трепение и такт .

Кариера

Веројатно на работа денеска ќе бидете површни. Ќе ви биде важно само да се опдработи она што се мора.

Здравје и совет

Повлечете се на мирно место.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мали недоумици ќе бидат поврзани со преуредување на заедничкиот простор или домот. Ќе бидете збунети , но не толку за да не функционирате.

Кариера

Денеска се поврзувате со соработници од други места. Посебно добро им оди на оние од услужните дејности.

Здравје и совет

Бидете прибрани.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Немојте да се изненадите ако партнерот кон вас искаже некаков вид на агресивност. На едно уво нека влезе , на друго да излезе.

Кариера

Ќе си дозволите еден непланиран трошок , за да се утешите од фрустрациите , бидејќи не ви одат лесно работите.

Здравје и совет

Одете полека.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е еден по малку тежок ден , во кој работите нема да се одвиваат како што би сакале , но

Кариера

Очекувајте спонзори на кои другите не сметаат . Денеска ќе се покаже дека сте имале добро претчуство.

Здравје и совет

Верувајте во подобро утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Би сакале да го дефинирате својот статус во еден однос , но околниостите нема тоа да ви го дозволат. Не е се уште јасно.

Кариера

Следува изненадување од претпоставените . Новите задачи бараат и нови таленти.

Здравје и совет

Средете ги недоразбирањата без нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска нема да бидете сигурни како да се поставите во љубовна ситуација. Според вашите критериуми , се ќе се одвива пребргу.

Кариера

Малку по малку , на другите ќе им се вовлечете под кожа и ќе почнат да ве прифаќаат како некој без кого не може да се работи.

Здравје и совет

Не правете драма , снајдете се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојан Стојаноски во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Бојан Стојаноски

Бојан Стојаноски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога Још Дуамел (53) сфатил дека е „престар“ за својата жена (32)

Џош Дуамел се пошегува дека е „премногу стар“ за својата сопруга Одра Мари откако сфатил дека таа е на иста возраст со неговата помлада сестра. 

 Кога Још Дуамел (53) сфатил дека е „престар“ за својата жена (32)

Џош Дуамел се пошегува дека е „премногу стар“ за својата сопруга Одра Мари откако сфатил дека таа е на иста возраст со неговата помлада сестра. Актерот и поранешната Мис Америка се во брак од 2022 година, имаат две деца, а возрасната разлика помеѓу нив е 21 година.

Гостувајќи во подкастот „The HoneyDew with Ryan Sickler“, 53-годишниот Духамел рече дека благодарение на една стара фотографија станал свесен за огромната разлика во годините меѓу него и неговата сопруга.

Фотографијата го потсетила на разликата во години

Дуамел откри дека неговата помлада сестра Касиди е на иста возраст како и неговата сопруга. Тој се присети на моментот, кога како 21-годишен студент, дознал дека ќе добие сестра.

„Во тоа време играв фудбал за Државниот универзитет Минот. Се загревав покрај теренот и погледнав нагоре кон трибините и ја видов мајка ми со труднички стомак. Си помислив, „Дали е бремена?“, раскажа тој.

Години подоцна, пронашол фотографија како ја држи својата новородена сестра Касиди во рацете како 21-годишник. Токму таа глетка го навела да ги спореди нејзините години со годините на неговата сопруга. „Ја погледнав фотографијата, а потоа ја погледнав сопругата и реков: „Знаеш, ти и Касиди сте на иста возраст. Дали тоа е добро или лошо? Не сум сигурен“, се пошегува тој.

„Тогаш ѝ реков: „Уф, официјално сум престар за тебе!“ Никогаш не размислував за тоа така додека не ја видов таа фотографија“, рече тој.

Возраста е тема кога разговараат за децата

Одра Мари претходно зборуваше за нивната разлика во години, признавајќи дека тоа не е проблем во нивниот секојдневен живот, освен кога зборуваат за проширување на семејството. „Возраста не е проблем нормално, но дефинитивно станува проблем кога зборуваме за децата“, рече таа во разговор со Греам Бенсингер.

Таа објаснила дека верува оти Дуамел, доколку би бил помлад, можеби би сакал уште поголемо семејство. „Веројатно би имал уште пет деца ако сега имаше барем 40 години. Тоа е веројатно вистина. Сепак, ќе имаме неколку, се надевам, ако даде Бог“, додаде таа.

За неговиот брак со Ферги и животот со неговата позната сопруга

Дуамел се осврна и на неговиот брак со пејачката Ферги, со која беше во врска од 2009 до 2019 година. Тој призна дека не му било секогаш лесно да се справи со нејзината огромна популарност. „Тоа беше огромна пресвртница во мојот живот бидејќи таа беше огромна ѕвезда во тоа време. Искрено, морав многу да се прилагодувам“, рече тој.

Сепак, тој нагласи дека Ферги е сосема поинаква приватно од сликата што јавноста ја има за неа. „На крајот на краиштата, таа е сосема нормална личност. Таа е добра мајка и имаме одличен однос. Таа и мојата сопруга всушност се сложуваат одлично“, рече тој.

Актерот исто така призна дека нејзината голема слава веројатно влијаела на неговото его бидејќи често се чувствувал како да е во нејзина сенка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер