Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
1Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
3Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
КултураЗаврши петтиот последен летен камп по вероучение во Бигорскиот скит во БитушеВо Бигорскиот скит во село Битуше, посветен на светите сесловенски просветители и учители, рамноапостолните Кирил и Методиј, заврши петтиот и последен за ова лето камп по вероучение. Сестра Ефимија не го крие задоволството од големиот интерес за учество на летните кампови и додава дека во секое ново лето, Бигорскиот скит во живописното Битуше, се претвора во „мало духовно гнездо, каде што младите срца се собираат здружно за да се наполнат со светлина, со радост, со мудрост, како и за да стекнат нови пријателства“. -Овој август, прекрасното подножје на планината Дешат уште еднаш беше сведок на чистата детска радост, искрените и длабоки разговори и инспиративните катихетски работилници. Во тие неколку дена, времето како да застана – сите грижи и брзината на секојдневието исчезнаа, а на нивно место се зацари љубовта, заедничарењето и духовниот мир, вели сестра Ефимија. Како и претходните и петтиот камп, посочува, беше исполнет со многу креативни работилници и предавања. Овој пат, актерската школа беше предводена од неповторливиот актер Владо Дојчиновски, чија присутност, харизма, посветеност и беспрекорна работа го збогатија кампот на посебен начин. За многумина, тоа беа први допири со театарската магија, што придонесе тоа искуство долго да се памети. Креативната работилница „Патот до книгата од идеја до полица“, којашто веќе четири години се реализира како проект на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, беше особено инспиративна за младите. На неа тие се запознаа со процесот на создавање книга, поточно како се раѓа една идеја што создава книга. Беа согледани улогите на лекторот, илустраторот, издавачот и библиотекарот. Секое дете изработи своја книга, применувајќи ги сите елементи при процесот на создавање книга. -Покрај овие две особено значајни креативни работилници, младите учесници присуствуваа и на часови по вероучение, каде што ги продлабочуваа своите знаења за верата и потребата од литургиски живот во Црквата. Во делот на домаќинството, учеа како со љубов и внимание сами да се грижат за секојдневните потреби – од готвење и ред, до меѓусебна помош и соработка. Деновите беа збогатени и со рекреација во прекрасната природа и спонтана дружба која младите ќе ја негуваат и откако ќе се вратат во своите домови, рече сестра Ефимија. Ова, нагласува, беше последниот летен камп за чијашто реализација, пред сè, неизмерно сме му благодарни на Бога, а понатаму и на многуте наши верни донатори и спонзори, актери, просветни работници, теолози. -Камповите по вероучение не беа само уште едно летно збиднување, туку духовно патување кое остави траен печат во срцата на сите присутни. Самата идеја, пак, благословот и заложбите за организирање вакви кампови за веронаука на најмладите му припаѓаат на нашиот возљубен Старец, Неговото Преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј. Со својата татковска љубов, духовната далековидост и неуморната грижа за младите, тој го посади семето од кое израсна и се разви ова прекрасно дело, вели сестрата. Во петте летни кампови престојуваат околу 200 деца, кои, според сестрата, биле дојдени не само од „сите краишта на Македонија, туку и од Австралија, Австрија, Албанија, Америка, Германија, Италија, Холандија, Шведска“. Тагови: Бигорскиот манастир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сумаКопија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување. Што го прави овој примерок посебен? Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата. Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри. „Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа. Во оваа категорија копијата постави рекорд. Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари. „Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“. „Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишииВо петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.Состојки за денешниот рецепт: 1 кг. брашно 1 коцка квасец 1 лажичка сол млака вода по потреба масло за пржење Прилог: сирење мед Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиндикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура. Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи. Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook