Заврши ли соработката меѓу Нисан и Рено ? - Канал 5

Заврши ли соработката меѓу Нисан и Рено ?

Јапонскиот автомобилски гигант „Нисан моторс“ ги негираше информациите во медиумите дека се предомислува за соработката  со францускиот производител на автомобили „Рено“.

Заврши ли соработката меѓу Нисан и Рено ?

Лондонскиот весник „Фајненшл тајмс“ објави дека директорите на „Нисан“ го забрзале развојот на тајните планови за непредвидени ситуации за потенцијално раздвојување, по финансискиот скандал во врска со поранешниот претседател на компанијата , Карлос Госн.

Планирањето беше забрзано по бегството на Госн од Јапонија кон крајот на декември, објави лондонскиот весник, повикувајќи се на неименувани извори.

Госн беше уапсен во Токио во ноември 2018 година и е обвинет за долгогодишна злоупотреба на довербата и фалсификување на финансиски документи за прикривање плати и бонуси.

Кон крајот на минатата година, поранешниот прв човек на Нисан избега од Јапонија во Либан, отфрлајќи ги обвинувањата на прес-конференцијата во Бејрут, тврдејќи дека тие се неосновани.

Скандалот го разниша сојузот на двете компании, но Нисан денеска соопшти дека не размислуваат да го прекинат.

„Нисан во никој случај не размислува за прекина на сојузот“, соопшти јапонскиот производител на автомобили, истакнувајќи дека оваа соработка е извор на конкурентноста на Nissan.

„Минатиот ноември, оперативниот комитет на Nissan, Renault и Mitsubishi Motors постигна договор за значително зајакнување на оперативната ефикасност на алијансата“, соопштија од Нисан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САД

Околу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.

Исчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САД

Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Цените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа.

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари.

Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите.

Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект.

На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес...

За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите.

Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Вљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. 

Во Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре Гарката

Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер