3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
Други спортовиЗаврши хуманитарната трка „Сите за Кочани - трчаме заедно“Спортисти и рекреативци од сите возрасти од Скопје и повеќе градови од земјава и покрај дождот, се вклучија во хуманитарната трка „Сите за Кочани-Трчаме заедно“ што денеска се одржа на Средно Водно. Повеќе стотина учесници во две категории мажи и жени учествуваа на двете трки, едната на пет километри, а другата на 10 километри. Се трчаше од Средно Водно до манастирот „Свети Пантелејмон“ и назад. Хуманитарната трка за настраданите во Кочани ја организираше Делегацијата на ЕУ во Скопје и мрежата на Европска куќа во шест града низ државата, а по повод Денот на Европа. Евроамбасадорот Михалис Рокас им честиташе на најдобрите тројца на пет и 10 километри и им ги врачи медалите. Првото место во трката на 10 километри го освои Роберто Димитриевски, втор беше Сашко Петков, а трет Јовица Ристовски. Во женска конкуренција првото место го совои Катарина Јовановска, втора беше Мери Шешо Најденовска, а третото место и припадна на Наташа Шопова. На трката на пет километри прва беше Викторија Тодоровска, втора Елена Стојчева Андреевска, а трета Клара Блинков. Кај мажите на пет километри првото место му припадна на Сеат Климентиќ, втор беше Горан Брњарчевски, а трет Деко Марков. - Среќен сум што победив на трката која беше напорна поради дождот, но се вклучив да ја искажам хуманоста кон своите врсници од Кочани на кои им е потребна понатамошна рехабилитација. Ние младите треба на дело да се помагаме и да дадеме поддршка кога е најпотребно. Од Велес утрово со воз дојдов во Скопје. На патеката на Средно Водно ниту обилниот и непрекинат дожд не ме спречи да дадам се’ од себе и да победам и со тоа им ја дадам својата поддршка на оние на кои им е најпотребна поддршка во нивната тешка трка за опоравување, изјави Роберто Димитриевски. Собраните парични средства од трката ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот крст и оттаму ќе бидат испратени за настраданите во Кочани на кои им е неопходна рехабилитација и опоравување. Тагови: Пожарот во Кочани трката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоваруваНајголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација. Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции. Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед. Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата. Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна. Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“Холивудската ѕвезда, актерот 58-годишниот Џејми Фокс за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ потврди дека тој и неговата 31-годишна партнерка, Алис Хакстеп, го очекуваат своето прво заедничко дете, шегувајќи се: „Бебе е на па Сè уште ме бидува“. Како Фокс се подготвува за оваа нова улога? Добитникот на Оскар, кој веќе има 32-годишна ќерка, Корин, и 18-годишна ќерка, Анелиз, од претходни врски, изјави дека се подготвува повторно да ги извршува секојдневните родителски обврски – вклучително и возењето на децата до училиште. Тој призна дека, на 58-годишна возраст, е свесен оти ова искуство ќе биде поинакво од претходните. Што рече тој за здравствената криза низ која помина? „Дејли мејл“ (Daily Mail) пренесува дека за време на разговорот, Фокс се осврна и на мозочното крварење и мозочниот удар што ги доживеа во 2023 година додека работеше на филмот *Back in Action*. Тој изјави дека сега се чувствува одлично и дека, по тоа искуство опасно по живот, станал поблагодарен за секој момент. Колку долго се заедно Фокс и Хакстеп? Фокс и Хакстеп се поврзуваат уште од 2022 година, а нивната врска стана јавна следната година. Откако се појавија информации дека раскинале на почетокот на 2025 година, неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно; бебето што го очекуваат ќе биде негово трето, а нејзино прво дете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
ФудбалМеси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договорИ покрај сè почестите шпекулации во медиумите за иднината на еден од најдобрите светски фудбакери во историјата, Лионел Меси и Интер Мајами во моментов не преговараат за продолжување на договорот. Според информациите што ги пренесе новинарот Jarm21, во овој момент нема официјални разговори меѓу двете страни за нов договор. Причината е сосема едноставна: капитенот на тимот има важечки договор што трае до крајот на сезоната 2028 во МЛС, па двете страни сметаат дека е прерано да се разговара за продолжување на соработката. Кога клубот го објави најновиот договор на Меси, сопственикот Дејвид Бекам гордо истакна дека во својот град го довеле најдобриот играч во историјата на овој спорт. Волшебникот од Аргентина, останува заштитно лице на франшизата додека таа се подготвува за преселба во својот нов дом, стадионот „Мајами Фридом Парк“. На 39-годишна возраст, Меси продолжува да прикажува неверојатни игри на теренот; неодамна постави уште еден историски рекорд постигнувајќи го својот 36-ти гол во финале за време на триумфот во Купот Кампеонес – повеќе од кој било друг фудбалер во историјата. Силата на проектот во Мајами дополнително е потврдена со неодамнешното доаѓање на новиот тренер Кристијан „Кили“ Гонзалес – поранешен соиграч од репрезентацијата на аргентинската ѕвезда – што јасно покажува дека тимот се гради целосно околу капитенот. Со оглед на тоа што договорот му трае до крајот на 2028 година, и Меси и раководството на клубот имаат предност во поглед на времето. Меси постојано истакнува колку е среќен во Мајами, додека претставниците на клубот го сметаат за клучна фигура за нивните спортски и маркетиншки амбиции во годините што следат; следствено на тоа, нема апсолутно никаква причина за загриженост.Тагови: Интер Мајами Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter