Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?
Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!
1Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?
2Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!
3Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
РакометЗаврши групната фаза од ракометната Лига на шампиони Со натпреварите одиграни синоќа комплетирана е групната фаза од Лигата на шампионите и познати се 16 екипи што ќе играат во осминафиналето. Меѓу нив се наоѓа и македонскиот претставник Вардар, кој во групата Ц заврши како второпласиран. По трите сезони во осминафиналето, македонскиот првак Металург не успеа да се пласира откако заврши на 6.место во групата А. Резултати од 10.коло: А група: Металург – ППД Загреб 20:22, Кил – Мешков Брест 33:22, Ла Риоха – ПСЖ 35:33. Табела: Кил 18 бодови, ПСЖ 12, Загреб 12, Ла Риоха 9, Мешков Брест 6, Металург 3. Б група: Бешикташ – Барселона (Кирил Лазаров 7 голови) 25:29, Колдинг – Алингсас 34:33, Висла – Флензбург 31:29. Табела: Барселона 17, Колдинг 14, Висла 13, Флензбург 12, Алингсас 2, Бешикташ 2. Ц група: Рајн Некар Ловен – Вардар 28:35, Цеље – Чеховски Медведи 29:25, Монпеље – Веспрем 20:34. Табела: Веспрем 18, Вардар 15, Рајн Некар Ловен 12, Монпеље 8, Цеље 6, Чеховски Медведи 1. Д група: Мотор Запорожје – Киелце 27:28, Данкерк – Кадетен Шафхаузен 29:25, ПИК Сегед – Алборг 23:23. Табела: Киелце 20, ПИК Сегед 13, Данкерк 8, Алборг 7, Мотор 6, Кадетен Шафхаузен 6. Пласман во осминафиналето изборија четирите првопласирани екипи од групите. Во осминафиналето ќе играат првопласираните против четвртопласираните и второпласираните против третопласираните со тоа што екипите кои играле во иста група неможе да играат повторно меѓусебе. Според тоа потенцијални ривали на Вардар се: Загреб, Висла и Данкерк. Извлекувањето на двојките ќе се одржи утре во Виена од 12:30 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија? Кој е клучниот предуслов за продолжување на евроинтегративниот процес? Ваквото прашање се наметнаува откако преиеирот Мицкоски од Берлинскиот процес порача дека за деблокада на европскиот процес потребно е прво да се договори Акцискиот план за малцинства со Бугарија, па потоа да се разговара за уставните измени. За отворање на првиот кластер од преговорите неопходни се и двата чекори, смета Димитар Николовски од Центарот за европски стратегии. Според него дури и да се донесат уставните измени, Бугарија како единствената од сите 27 земји членки која не го поддржува ваквиот план повторно ќе може да ја блокира Макдонија на патот кон ЕУ. „Двата процеси мора да одат паралелно или барем едниот процес т.е. Акцискиот план кој сметам дека би било полесно да се донесе затоа што не подлежи на политички консензус внатре во државата и тој би било полесно да се донесе прв, па потоа уставните измени. Меѓутоа доколку уствните измени се донесат без акцискиот план ние повторно ќе се соочиме вето за отворање на првиот кластер“ Најголемите забабелешки од бугарска страна за Акцискиот план за правата на малцинствата беа во однос на јазикот на кој им бил доставен на заедниците во Македонија, но и дека не предвидувал доволно заштита на бугарското малцинство во земјава, вели Николовски. Според него донесувањето на Акцискиот план, кој е подготвен во соработка со европски експерти, а за чие усвојување се чека зелено светло од Брисел, осносно согласност од соседна Бугарија, може да донесе и поголема предвидливост на пристапниот процес. „Акцискиот план опфаќа неколку области како правото на здружување, недискриминација, заштита од говор на омрза, обраование каде што би се зајакнале правата на заедниците во нашата држава и би биле поконкретизирани, многу од нив веќе се спроведуваат како мерки, меѓутоа ова би било еден европски документ за заедниците. Од страна на бугарските здруженија во нашата држава беа приложени неколку критики кои беа генерално во насока дека недоволно имаат заштита, дека недоволно имало консултации додека се носел нацрт-планот и исто така имаат очекувања да има посебни мерки за посебни заедници, односно бугарската заедница да се третира на некаков посебен, специјален начин, а не сите заедници на општ начин како што се во овој момент во нацрт акцискиот план за малцинства“ Додека Мицкоски повикува на усогласување на Акцискиот план со Бугарија пред да се разговара за следните чекори во пристапниот процес, Брисел ја повторува пораката дека за придвижување на процесот останува само еден чекор – а тоа е промената на Уставот. Еврокемсарката Кос по средбата со мистерот Беким Сали во Брисел уверува дека откако ќе бидат усвоени уставните измени ќе следува продолжување на пристапниот процес без дополнителни политички одлуки. Ваквите пораки доаѓаат во пресрет на разгледувањето на Извештајот за напредокот на Македонија кој во среда ќе биде презентиран во Европската комисија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
МакедонијаДимитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација! Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“. „На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните. „Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др. Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски. Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира. Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха. Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата. Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични. Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми. Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите. Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови. Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“. Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците. Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.Тагови: Еди Рама Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter