Заврши Европското екипно првенство во шах, солиден настап на македонските репрезентации - Канал 5

Заврши Европското екипно првенство во шах, солиден настап на македонските репрезентации

Со натпреварите од последното 9. коло во црногорскиот град Будва синоќа заврши 24. Европското екипно првенство во машка и 14. Европско екипно првенство во женска конкуренција на кое солиден настап остварија двете македонски селекции.

Заврши Европското екипно првенство во шах, солиден настап на македонските репрезентации

Шахистите во завршното коло претрпеа пораз од Швајцарија со 3.5 – 0.5 и се пласираа на 34. место со шест бодови, две места послабо од рангирањето со кој допатуваа на Европското првенство.

На женскиот турнир, македонските шахистки во 9. коло ја совладаа Финска со 3-1 и Европското екипно првенство го завршија со седум бодови на 27 место, пет позиции повисоко од рангирањето.

Златото во машка конкуренција го освои Србија, среброто Германија, а бронзата Ерменија.

На женскиот турнир со златниот медал се закитија репрезентативките на Бугарија, европски екипни вицешампионки се шахистките на Азербејџан, додека третото место и бронзениот медал го освои Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се зголемува цената на дизелот на 6 денари, бензините поскапуваат за 3 денари по литар

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.

Се зголемува цената на дизелот на 6 денари, бензините поскапуваат за 3 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,89% во однос на одлуката од 31.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 4,829%, кај дизелот за 8,922%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 11,644% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,163%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5449%.

Во оваа Одлука е продолжена примената на намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 8.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 97,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 99,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 105,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,001 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,591 ден/кг и сега ќе изнесува 46,001 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: 82 години слободно Кавадарци!

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци.

Јанчев: 82 години слободно Кавадарци!

„Со почит и гордост одбележуваме 82 години од ослободувањето на нашиот град.

Денес се сеќаваме на хероите кои го дадоа својот живот за слободата и иднината на генерациите што доаѓаат.

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци им оддаваме почит на нивната храброст и жртва.

Слободата е наша чест, но и наша обврска – да ја чуваме, почитуваме и пренесуваме на идните генерации.

Нека ни е честит 7 Септември!

Да живее Кавадарци!

Да живее слободата!“- објави Јанчев на фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа идејата за промена на името на американската држава Ново Мексико во Нова Америка.

Дали е ова можно: Трамп менува друго име на светската мапа

„Многу луѓе предложија промена на името на Ново Мексико, една од најголемите држави на сите времиња во однос на изборните измами, во Нова Америка. Тоа е многу попрестижно и поубаво за луѓето од оваа потенцијално неверојатна држава. Многу ми се допаѓа таа идеја“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа „Truth Social“.

Само пред десет дена, на крајот на август, американскиот претседател објави дека го преименувал езерото Онтарио во Езеро Америка.

Во тоа време, тој потпиша извршна наредба во Овалната соба со која ѝ наложи на американската канцеларија за имиња на „National Geographic“ да го промени името на ова езеро.

Езерото Онтарио, едно од петте Големи езера во Северна Америка, се наоѓа на границата помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер