Заврши 20-от јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“ - Канал 5

Заврши 20-от јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“

Со македонски ора и песни на домаќините гостите учесници и бројната публика на сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк доцна синоќа заврши годинашниот 20.јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“.

Заврши 20-от јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“

Со македонски ора и песни на домаќините гостите учесници и бројната публика на сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк доцна синоќа заврши годинашниот 20.јубилеен Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2025“ што во изминатите пет дена, од 1 до 5 јули го организираа велешките фолклорни друштва и ансамбли со поддршка на Општина Велес, Министерството за култура и туризам и спонзори.“

На последното завршно оро што го изведе КУД „Коле Неделковски“ од Велес на крајот на фестивалот додека напред се вееше македонското знаме на „Орото без граници“ и се пееја македонски песни, освен домаќините се фатија да играат учесниците од осум земји од пет континенти, кои научија и играа на ритам на македонско оро, а и им приклучи и дел од публиката, во исто време повеќе илјадната публика среќна им аплаудираше и пееше со нив.

Томе Јаневски претседател на организациониот одбор на фестивалот за МИА, потенцира дека со тоа што заиграа македонски ора учесниците од 8 земји од пет континенти ќе бидат најголеми македонски амбасадори во светот.

-Тие сакаа и се потрудија и научија македонски ора и песни.Ние сме среќни што го засакаа нашиот убав македонски фолклор и нашите ора и песни кои понатаму ќе ги шират во светот. Им благодаруме што дојдоа во Велес и пред нашата публика го пренесоа својот фолклор и традиции. Ние научивме за нив ,а тие за нас со тоа и целтта и мисијата на фестивалот е постигната, потенцира Јаневски.

Гостите од групата „Акаханга“ од Чиле кои дојдоа од Велигденските острови и се од домородниот народ Рапа Нуи, народ стар повеќе од пет илјади годинина на фестивалот играа со карактеристичен танц, со ударни инструменти, со укулеле. Тие го носеа на сцена и својот бог Тотем кој на островот со илјадници години го клесаат во камен, а на кога во еден завршен танц му ставија очи и понатаму да ги штити и заштитува,Тие беа миленици на велешката публиката на овој фестивал бидејќи дојдоа од една многу далечна земја и пренесоа една древна традиција досега невидена во Велес.

Како што информира Томе Јаневски, нивното доаѓање на фестивалот беше со поддршка на ЦИОФ каде што и ИФФ „Велес“ веќе трета година е членка. Нивното доаѓање било потпомогато од неколку претставници од ЦИОФ кои лобирале до чилеанската Влада да го финансира нивното доаѓање на Фестивалот во Велес, а потоа и во Грција.Тоа се Леополдо Бареро, Кристофер Жак, и Константин Јанидис,заедно со Јаневски.

Тој потенцира дека годинава фестивалот ќе биде запаметен кога најремераниот Фолклорен ансамбл „Росенка“ од Чешка под водство на Шимон Асман синоќа ја дигнаа на нозе повеќе илјадната велешка публиката која им ракоплескаше на убаво интерпретирање на чист македонски јазик на песната „На Струга дуќан да имам“.Воедно аплаузи добија и од играорците од Мексико и Германија и сите останати кои годинава се покажаа во најдобро светло и го заокружиј 20 јубилеен фестивал како најуспешен, потенцира Јаневски.

На последната вечер настапија играорците од македонското Културно уметничко друштво „Јане Сандански“ од Австралија. Втори од ФТА „Теа Мас“ од Германија“, трети од Фолклорниот балет „Цитлалкоатл“ од Мексико.

Свој настап имаа и Ансамблот на народни танци „Јенимале“ од Турција, групата за култура „Акаханга“ од Велигденските острови Чиле, од ФА „Росанка“ од Чешка и последни играорците од домаќините од велешкото КУД „Коле Неделковски“.

Организаторот на сите учесници им врачи благодарниции статуетката на фестивалот - играорец во македонска народна носија.

Гостите учесници на фестивалот беа од: Анкара Турција- Азија, од Литванија, од Дрезден и од Прага –Европа, од Мексико – Северна Америка, од Велигденските острови –Чиле –Јужна Америка и ансамблот на Македонците „Јане Сандански“ од Мелбурн Австралија, како и ансамблот „Шумадија“ од Горњи Милановац Србија. Гостите од домородниот народ Рапа Нуи, од Велигденсктеи стар повеќе од 5 илјади години настаоија со карактеристичен танц, со ударни инструменти, со укулеле и со својот Тотем на кои му се поклонуваа и го славеа да ги штити.

Од Македонија на фестивалот настапија ансамблите 7/8 од Скопје, „Јане Сандански“ од Неготино, „Тодор Јанев“ од Чашка, „Филиграни“ од Охрид. Настапија и ансамблите од Велес: КУД „Керамичар“, КУД „Коле Неделковски“, ансамблот „Вила Зора“,а кои го отворија фестивалот првата вечер.

Како први на сите вечери на фестивалот свој настап имаа и најмалите фолклористи од велешките фолклорни друштва и околните општини како и децата од градинките „Димче МИрчев“.

Фестивалот во сите изминати и оваа 20 година, според сите анкети и показатели - според бројот на публиката е најпосетена културна манифестација во Велес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработени во „Nvidia“ бараат враќање на Џенсен Хуанг по скандалот

Некои вработени во „Nvidia“ бараат коосновачот и поранешен извршен директор, Џенсен Хуанг, да се врати на чело на компанијата, откако тој поднесе оставка среде скандал поврзан со вонбрачни афери.

Вработени во „Nvidia“ бараат враќање на Џенсен Хуанг по скандалот

Според „Wired“, кои имале увид во внатрешната комуникација, една објава на интерната мрежа – во која се повикува Управниот одбор да го земе предвид мислењето на вработените – собрала повеќе од 1.600 коментари, од кои повеќето го поддржуваат неговото враќање.

Објавата била напишана од долгогодишен инженер во „Nvidia“ уште пред оставката на Хуанг, со барање до Управниот одбор да ги сослуша вработените пред да донесе одлука. По неговото заминување, почнале да пристигнуваат пораки за поддршка и повици тој да се врати на чело на компанијата.

Вработените бараат да му се даде втора шанса

Еден од вработените изјавил дека Хуанг треба да биде вратен доколку компанијата сè уште верува во својата мисија, додека друг напишал дека сите луѓе прават грешки и дека Хуанг, со оглед на сè што направил за „Nvidia“, заслужува втора шанса. Еден вработен отишол и чекор понатаму, испраќајќи е-порака до сите колеги во која побарал транспарентност околу заминувањето на Хуанг.

„Застанувам зад Џенсен. Не затоа што верувам дека некој е безгрешен, туку затоа што одбивам да прифатам дека борбата за правда значи дистанцирање од човекот чие лидерство ни значеше толку многу“, напишал тој.

Според „Wired“, некои вработени биле изненадени од оставката на Хуанг, бидејќи очекувале Управниот одбор прво да спроведе внатрешна истрага. Еден вработен тврди дека постои значителна поддршка за враќањето на Хуанг и изразува загриженост дека компанијата би можела да се соочи со сериозни проблеми без својот основач. Од „Nvidia“ и од новиот претседател на Управниот одбор, Харви Џонс, немаше одговор на барањата за коментар од страна на „Wired“.

Хуанг заминува по откритијата за вонбрачни афери

Да потсетиме, Хуанг поднесе оставка откако се појавија информации за негови вонбрачни афери – вклучително и врска со жена за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека има врски со кинеското разузнавање.

На 8 ноември, Хуанг призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, иако не го откри идентитетот на жената за која станува збор. Подоцна се појавија детали за врска со една од жените на раководни позиции во „Nvidia“, а Ројтерс извести и за трета наводна афера со вработена во компанијата. Хуанг не ги коментираше овие дополнителни обвинувања.

Управниот одбор покрена истрага за да утврди дали Хуанг можеби бил цел на операција на странска разузнавачка служба. Досега, „Nvidia“ нема изнесено докази дека деловните тајни на компанијата или националната безбедност на САД биле загрозени.

Колет Крес го презема привременото раководство на „Nvidia“

По заминувањето на Хуанг, долгогодишната финансиска директорка Колет Крес – која е дел од компанијата уште од 2013 година – го презеде привременото раководство на „Nvidia“. Таа одигра значајна улога во растот на компанијата и нејзината трансформација во еден од најголемите светски производители на чипови за вештачка интелигенција.

Крес ќе раководи со „Nvidia“ сè додека Управниот одбор не пронајде траен наследник на Хуанг, кој беше еден од основачите на компанијата во 1993 година и ја водеше повеќе од три децении. Оставката на Хуанг предизвика голема неизвесност меѓу инвеститорите и вработените. Од почетокот на скандалот, „Nvidia“ изгуби околу еден трилион долари од својата пазарна вредност.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автомобилскиот гигант очекува трошоци од милијарди евра поради поскапите суровини и чипови

Повисоките цени на суровините и електронските компоненти ќе резултираат со значително зголемени трошоци за „Stellantis“ и неговите добавувачи.

Автомобилскиот гигант очекува трошоци од милијарди евра поради поскапите суровини и чипови

Трошоци што ќе достигнат милијарди евра, предупреди Антонио Филоса, раководител во мултинационалниот автомобилски гигант.

„Во 2027 година, а веројатно и во 2028 година, ние и нашите добавувачи се соочуваме со значителен пораст на цените на суровините, како и на трошоците за мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници“, изјави Филоса во четвртокот на годишното собрание на „ANFIA“, италијанското здружение на производители на автомобилски компоненти, одржано во Милано.

За „Stellantis“, зголемувањето на трошоците се мери во милијарди евра, истакна раководителот. Портпарол на компанијата подоцна за „Ројтерс“ појасни дека Филоса мислел на вкупната годишна база на трошоци на компанијата, која изнесува неколку милијарди евра.

Сериозни проблеми

„Stellantis“ веќе се соочува со проблеми при набавката на електронски компоненти и го прекина производството на моделот „Fiat 500“ во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино, сè до крајот на следната недела. Компанијата предупреди дека недостигот на клучни компоненти за контролните единици на моторите би можел да предизвика тешкотии во производството на одредени модели во Италија до крајот на годината. Филоса смета дека решението за повисоките трошоци лежи во подобрување на конкурентноста, со поддршка од италијанските и европските власти, преку мерки насочени кон намалување на трошоците за енергија и прилагодување на индустриските регулативи, вклучително и оние што се однесуваат на емисиите на јаглерод диоксид.

Тој исто така потврди дека кинескиот партнер „Leapmotor“ ќе соработува со „Stellantis“ на развојот на нови електрични автомобили, кои ќе се произведуваат во фабриката на „Stellantis“ во Помиљано, Италија. Се очекува продажбата да започне во 2028 година.

Оваа нова категорија на достапни електрични возила има за цел да го оживее европскиот пазар за помали и поевтини автомобили – сегмент што моментално бележи пад.

„Партнерството со 'Leapmotor' ќе обезбеди поддршка за нашите европски фабрики и ќе овозможи заеднички развој на идни електрични и електронски решенија, една од главните области на соработка ќе биде развојот на нова категорија електрични автомобили“, заклучи Филоса.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Како што пренесува гренландскиот весник „Сермитсиак“, до крајот на 2027 година, поголемиот дел од Гренланд ќе се врати во својата претходна временска зона, GMT-3.

Гренланд ќе ја промени временската зона

Ова следува по одлуката донесена вчера од локалниот парламент за промена на начинот на сметање на времето.

Од 31 октомври 2027 година, временската разлика помеѓу Гренланд и Копенхаген ќе се зголеми за еден час – на четири часа – додека разликата во однос на Вашингтон ќе се намали за еден час – на два часа. Гренланд и понатаму ќе го применува летното сметање на времето.

Прашањето за тоа кон која временска зона треба да припаѓа овој арктички остров со години е предмет на дебата на Гренланд. Дури во 2023 година, поголемиот дел од Гренланд премина во временската зона GMT-2, со цел да го усогласи своето време со Данска и остатокот од Европа. Иако Гренланд е дел од Кралството Данска, тој ужива висок степен на автономија.

Собрани околу 4.000 потписи како поддршка за промената

Во парламентот, гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен се спротивстави на враќањето во претходната временска зона, предупредувајќи на можни негативни економски последици, со оглед на тоа што најважните трговски партнери на Гренланд се наоѓаат во Европа.

Тој исто така истакна дека промената ќе го скрати временскиот прозорец во кој здравствениот систем на Гренланд може да се консултира со медицински специјалисти во Данска, а предупреди и на можни компликации во авионскиот сообраќај кон и од Европа.

Сепак, според „Сермитсиак“, многу жители на Гренланд се залагаат за враќање во претходната временска зона. Граѓаните собраа околу 4.000 потписи како поддршка за оваа промена. На Гренланд живеат околу 56.000 жители.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер