Завршено тестирањето на работниците во седумте штипски конфекции

Завршено е масовното тестирање на текстилните работници во седумте штипски конфекции, сега се чекаат и резултатите од последните земени брисеви, информираат надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип. 

Досега од добиентите резултати нема конфекција во којашто не е откриен по некој случај позитивен на Ковид 19, не само од Штип, туку и жители од Карбинци, Пробиштип и Чешиново-Облешево, кои се вработени во овие конфекции. Подетални анализи од скринингот се очекува да се презентираат во текот на утрешниот ден.

Инаку познати се пет кластери на заразени во Штип, а најголем е познатиот текстилен кластер. Во моментов загрижува и ширењето на вирусот меѓу вработените во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, каде што веќе се потврдени шестмина позитивни на коронавирусот, а останатите вработени се во изолација. Надлежните од Центарот за јавно здравје најавија дека скринингот на вработените во детските градинки во Штип и Карбинци ќе го реализираат во четврток и петок, со ова тестирање ќе бидат опфатени 238 вработени во градинките во овие две општини./МИА

Митрески од Кичево: Нема откажување од иднината, гласањето за број 1 е вистинскиот избор

Носителот на Изборната единица 5 на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески, денеска се обрати на граѓански собир во Кичево, каде ги повика Кичевчани да гласаат за број 1, за подобра иднина, за европски вредности и за подобар живот.

„Денеска, кога одбележуваме 121 година од смртта на нашиот херој, нашиот револуционер и борец за самостојна Македонија, великанот Гоце Делчев, можеме да кажеме дека неговата заложба за самостојна, независна, суверена Македонија, но и Македонија која е рамноправен партнер со најголемите демократски европски и светски сили е исполнета. Станавме членка на НАТО, го чекориме патот кон полноправно членство во ЕУ“, рече Митрески.

Тој нагласи дека нашиот идентитет е потврден, нашиот македонски јазик е заштитен и светски признат, рамноправен со јазиците на сите земји членки на Европската унија.

„За тоа се бореше Гоце Делчев, за тоа се бореа и животот го дадоа уште илјадници наши херои од револуционерната борба, но и во втората светска војна. Нема откажување од иднината која овозможува подобар животен стандард на сите граѓани на оваа наша преубава земја. Гласањето за број 1 е вистинскиот избор на претседателските и на парламентарните избори“, нагласи Митрески, се навддува во партиското соопштение.

Сѐ поблиску е потпишувањето договор за примирје во Газа- Израел не попушта за една работа

Делегација на палестинската милитантна група Хамас денеска беше во Каиро додека египетските државни медиуми објавија „забележителен напредок“ во преговорите за примирје со Израел.

Делегација на палестинската милитантна група Хамас денеска беше во Каиро додека египетските државни медиуми објавија „забележителен напредок“ во преговорите за примирје со Израел, иако израелски официјален претставник ја минимизираше можноста за целосен крај на војната во Газа, објави АП.

Се зголеми притисокот да се постигне договор за ставање крај на речиси седуммесечната војна. Висок официјален претставник на Обединетите нации тврди дека сега има тотален глад во северниот дел на Газа, додека Израел инсистира дека ќе започне офанзива во Рафа, најјужниот град на територијата на границата со Египет, каде што се засолниле повеќе од еден милион Палестинци.

Египетските и американските посредници објавија знаци на компромис во последните денови, но шансите за договор за примирје остануваат комплицирани поради клучното прашање дали Израел ќе прифати крај на војната без да ја постигне својата наведена цел да го уништи Хамас.

Египетскиот државен телевизиски канал Ал-Кахера њуз денеска објави дека е постигнат консензус за многу спорни точки, без да наведе детали. Хамас повика на целосно прекинување на војната и повлекување на сите израелски сили од Газа.

Висок израелски функционер, кој сакал да остане анонимен, ја минимизирал можноста за целосен крај на војната. Тој рече дека Израел е посветен на инвазијата во Рафа и нема да се согласи под никакви околности да ја прекине војната како дел од договорот за ослободување на заложниците.

Предлогот што египетските посредници го ставиле на масата на Хамас поставува процес од три чекори што ќе донесе итен шестнеделен прекин на огнот и делумно ослободување на израелските заложници, а ќе вклучи и некакво израелско повлекување. Почетната фаза би траела 40 дена. Хамас ќе започне со ослободување на заложниците на цивилите во замена за палестинските затвореници кои ги држел Израел.

Гершон Баскин, директор за Блискиот Исток во Организацијата на меѓународните заедници, рече дека Хамас изгледа дека ја прифатил рамката предложена од Египет, која Израел веќе ја прифатил. Тој рече дека ако Израел ги испрати своите главни преговарачи во Каиро, тоа значи дека тоа е многу сериозно.

Конфликтот избувна на 7 октомври, кога Хамас го нападна јужен Израел, киднапирајќи околу 250 луѓе и убивајќи околу 1.200, главно цивили. Израел тврди дека милитантите сè уште држат околу 100 заложници и останките на повеќе од 30 други.

Швеѓанец возел Тесла и заспал- се разбудил по поминати 40 километри

Сцените за кои најмногу се зборува во Америка пристигнаа и на европските патишта.

На шведската полиција ѝ биле потребни цели 40 километри за да го разбуди возачот кој заспал зад воланот на Тесла. Неименуваниот возач на Model X бил забележан од друг возач на Tesla, кој се посомневал дека го видел автомобилот Tesla како забрзано вози на левата сообраќајна лента, без вклучен трепкач кога требало да престигне друго возило.

Кога го стигнале, виделе дека возачот спие зад воланот. Тој повикал полиција, а патролата пристигнала за рекордно време. Меѓутоа, полицајците не знаеле како да го разбудат возачот. Тие не можеле да го турнат или управуваат автомобилот, но на крајот возачот сам се разбудил. Тој бил толку исплашен што го поместил воланот и за малку ќе удрил во полициското возило, пренесува Вигибаларе.

За среќа, не дошло до несреќа, а возачот на Тесла подоцна објаснил дека го обзел замор: „Крајно ми е срам, тоа беше поради исцрпеност“, ѝ изјавил тој на полицијата при сослушувањето. „Имав Тесла со автопилот што го направи возењето многу удобно“.

Човекот е обвинет и осуден за несовесно возење. Тој изјавил дека не спиел претходната ноќ и дека бил под стрес бидејќи морал да го достави автомобилот на работа.

За потсетување, користењето на Autopilot бара трезен возач кој мора да го следи сообраќајот и да ги држи рацете на воланот. Секое користење на тегови е строго забрането.

притисни ентер