Завршен јубилеен концерт „75 години македонски код“ на ансамблот Танец - Канал 5

Завршен јубилеен концерт „75 години македонски код“ на ансамблот Танец

Националниот ансамбл за народни игри и песни – Танец денеска во Скопје ќе одржи завршен јубилеен концерт „75 годни македонски код“. 

Завршен јубилеен концерт „75 години македонски код“ на ансамблот Танец

На концертот во Националната опера и балет ќе бидат изведени многу музичко-сценски бисери од богатата фолклорна ризницата на Танец, што датираат од различни периоди на делувањето на ансамблот, прекрасните ора и кореографски постановки како „Тешкото“, „Женско чамче“, „Драчевка“, „Свадба“, „Два танца“, „Џамала“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „К’лц нога“, „Копачка“, „Беломорски бисер“, „Малешевка“, „Радовишки собор“ и многу други вокални и вокално-инструментални точки, во изведба на вонсериските национални уметници на ансамблот Танец.

Ансамблот Танец е основан во март 1949 година во Скопје и веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската традиција и култура, и, недвосмислено, еден од главните темели на македонската државност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание

Европскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата.

СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание

СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна.

Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот.

Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија.

Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности.

Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел.

Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање - руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија.

Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење.

Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи.

Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден.

Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него.

СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање - било тоа руско, кинеско или регионално.

Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика

Коалицијата „Менуваме“ со апел да се разгледа според нив незаконското намалување на работното време на услугите за лична асистенција за лицата со  попреченост, издавањето лиценци со кршење на законските процедури.

„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика

Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански или од португалски јазик

Доделена е наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански или од португалски јазик за годините 2024 и 2025 година.

Доделена е наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански или од португалски јазик

Оваа година, наградата за книжевен превод „Ванѓа Чашуле“ се доделува третпат по нејзиното возобновување во 2023 година, на иницијатива на семејството, по повод 40- годишнината од смртта на Ванѓа Чашуле (1923–1986), една од првите преведувачки од шпански и првата од португалски на македонски јазик, во чиј опус се дела од повеќе познати автори меѓу кои се истакнуваат „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес, „Сребре и јас“ од Хуан Рамон Хименес и „ Габриела, каранфил и канела“ од Жорже Амадо.

Комисијата во состав: академик Илија Чашуле (организатор на наградата, лингвист и книжевен преведувач), Игор Поповски (претседател на комисијата, книжевен истражувач и преведувач), Лилјана Митковска (член на комисијата, професор и лингвист) и Виолета Јагев (член на комисијата и книжевен преведувач, добитник на наградата), разгледуваше преводи од шпански и од португалски јазик објавени во 2024 и 2025 година, а од преведувачи што досега не ја добиле оваа престижна преведувачка награда.

Комисијата едногласно одлучи наградата „Ванѓа Чашуле“ за 2024 и 2025 година да му ја додели на преведувачот Ненад Трповски за неговиот превод од португалски на македонски јазик на делото „Книга“ од современиот португалски писател Жозе Луиш Пејшото, во издание на „Антолог“ од 2024 година. Изворниот наслов на книгата гласи

„Livro“ и е првообјавена во Португалија во 2010 година. Комисијата смета дека преводот мошне успешно ги пренесува јазичните и стилските особености на овој метафикциски роман, задржувајќи го богатството на авторовиот израз и сложената наративна структура.

Со внимателно избрани реченични и лексички решенија, преведувачот природно го воведува македонскиот читател во светот на делото, така што книгата се чита како да е изворно напишана на македонски јазик – одлика на секој врвен превод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер