ЖивотЗависноста на младите од социјалните мрежи доведува до зголемена депресивностСоцијалниот живот на младите е префрлен на социјалните мрежи и се одвива онлајн.Тие многу повеќе се присутни на мрежите отколку што одржуваат жив контакт, и се помалку вешти во социјалната комуникација. Зависноста од социјалните мрежи кај адолесцентите доведува до зголемена депресивност, анксиозност, создавање негативна слика за себе, зголемена телесната тежина, но и осаменост. Ова се заклучоците од денешната онлајн дебата „Дали ни е потребна медиумска диета?" организирана од Институтот за комуниакциски медиуми како дел од „Неделата против лажните вести" во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост", финансиран од Европската Унија. Училишниот психолог Ана Попризова на дебатата посочи дека генерацијата што сега се средношколци уште од своето раѓање се изложени на социјалните мрежи. Тоа секако ги менува луѓето, ги менува младите и според неа, е нешто што мора да се земе в предвид. Попризова забележува дека младите во училиштата се групираат со останатите деца, но секој си го држи телеофонот во рака и секој си гледа и си „скрола" што се случува во телефонот, а многу малку има гледање во очи и многу малку има директна комуникација. -Сега целиот социјален живот на младите е префрлен на социјалните мрежи, и се одвива онлајн. Многу повеќе се присутни на мрежите отколку што се одржува тој жив контакт, практично комуникацијата се случува посредно. Ефектите од ова се дека целата оваа ситуација влијае на добросостојбата на младите, се забележува студиите покажуваат и зголемена депресивност, зголемена анксиозност, негативна слика за себе, се зголемува и телесната тежина и поприсутна е осаменоста кај младите, појаснува психологот. Таа додава дека токму заради ова, социјалните вештини кај младите, кои се типични да се развиваат од помала возраст но многу се значајни како ќе се структурираат и развиваат во адолесценцијата, тие сега им се развиваат поинаку. Психологот појаснува дека кога нема жива комуникација меѓу младите, односно кога пишуваат со некого онлајн, многу полесно стануваат агресивни и навредуваат, затоа нема да се соочат со реакција на соговорникот. Токму затоа, додава, станува се позачестен сајбер булингот, затоа што младите не го сфаќаат сериозноста на изразениот збор, затоа што не се случува во живо. Се чувствуваат помалку одговорни за зборовите што ќе ги кажат, ако се напишани. На младите им е многу важен и имиџот и припадноста во групата, особено потенцира Попризова, ова се случува кај девојчињата. Затоа имаат голем социјален притисок како ќе се претстават на социјалните мрежи. Тоа ја зголемува анксиозноста: како ќе изгледаат, како да се фотографираат, која фотографија да ја објават. -Таа припадност во групата или имиџот сега им се мери преку бројот на лајкови кои ги достигнуваат. Тоа ја зголемува напнатоста и на некој начин посветеноста, време што го поминуваат на социјалните мрежи или подготвувајќи се каква фотографија ќе стават или какон настан или кај ќе се чекираат. Тоа е додатен притисок на кој што младите се изложени а не веруваат ни самите а ни возрасните не се свесни, додава психологот. Таа вели дека исто така се создава и чувство на хиперконектираност – постојано се случува нешто, постојано некој нешто постира на сите мрежи во секое време од денот, и тоа кај младите буди чувство дека постојано нешто се случува. Затоа младите се чувствуваат осамени и имаат лажен впечаток дека многу работи им се случуваат на другите, а само на нив им е тешко. -Адолесценција е период кога првпат се формираат релации, врски, први симпатии, први љубови, и сега тоа ставете го само на социјални мрежи, може да се случи да вие комуницирате со одредена личност да споделите нешто лично и утре сте блокирани, немате никаква контрола ниту можност да разберете зошто тоа се случува, или најголем извор на анксиозност кај младите е „ме остави на seen", кога ќе напишат нешто и очекуваат на тоа да им иде возрвратено а нема одговор од разни причини, додава психологот. Васка Митова, специјалист психијатар на Универзитетската клиника за психијатрија на дебатата истакна дека не постои временско ограничување за користење на дигитални уреди. Нив ги користат и најмалите деца. -И на мали деца од најрана возраст им се дава за да се смири детето, да јаде полесно, да гледа цртани, па само да си бира на јутјуб кој цртан да го гледа. Тука најдобро може да се види таа потреба на стимулација од допаминот, кога мало дете ќе пушти цртан па после пушта некој друг, да види нешто ново, некоја нова стимулација, односно бара уште допамин, додава таа. За жал, појаснува Митова, ова има големо влијание не само врз физичкиот развој туку и врз психичкиот развој. Ги гледаме последиците во поглед на потешко градење на социјални вештини кои на младата личност и се потребни за да создаде длабоки релации со врсници, со фамилија. -Тешко им е на младите да побараат помош кога имаат потреба, едноставно таа социјална интелигенција, тие вештини на комуниакција кои треба да ги изградиме бидејќи човекот е социјално битие, тие врски се или лабилни или слаби или многу површни. Комуникациските вештини кои се потребни за градење на добро пријателство генерално се ослабени. Младите многу често се чувствуваат сами или осамени и за жал на светско ниво се следи пораст на степенот на анксиозност, на депресија па дури и на обидот за суицид на обиди за самоубиство. Фрапантно е зголемување на овој процент во светски рамки и најмногу се поврзува со почетокот на користење на социјални мрежи, додава Митова./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter